Фан Клуб: Арсенал

Статус
Затворена за нови мислења.

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Член од
6 мај 2008
Мислења
1.830
Поени од реакции
490
Член од
13 август 2009
Мислења
116
Поени од реакции
6
Член од
27 ноември 2008
Мислења
402
Поени од реакции
88
http://sportdenes.com/mеdjunarodеn-fudbal/shpanija/tciki-bеgiristan-fabrеgas-еdеn-dеn-kjе-sе-vrati.html
zal mi e,ama i samite si znaete deka fabregas ke si se vrate vo barsa i toa se posigurno e deka ke bide letovo so ide.a ako ne voa leto posle dve godini sigurno
со им се замарате на овие па.гледате досадна им е примера па сеа си бараат теми за разговор :baeh:
 

ZS_

Член од
26 јули 2008
Мислења
5.156
Поени од реакции
211
http://sportdenes.com/m%D0%B5djunarod%D0%B5n-fudbal/shpanija/tciki-b%D0%B5giristan-fabr%D0%B5gas-%D0%B5d%D0%B5n-d%D0%B5n-kj%D0%B5-s%D0%B5-vrati.html
zal mi e,ama i samite si znaete deka fabregas ke si se vrate vo barsa i toa se posigurno e deka ke bide letovo so ide.a ako ne voa leto posle dve godini sigurno
Ако не воа лето после 1 година, ако не и тоа лето ондак после 3 години...:pos2:

Таман, ако не и тоа, ако не и воа, 5/6 години отидоа ко алва... ќе ви го даеме таман на 30 години.

Поздрав.
..... и

Why i kissed the badge

:back:
 

gooner

дежурен топџија
Член од
10 јуни 2008
Мислења
169
Поени од реакции
6
http://sportdenes.com/mеdjunarodеn-fudbal/shpanija/tciki-bеgiristan-fabrеgas-еdеn-dеn-kjе-sе-vrati.html
zal mi e,ama i samite si znaete deka fabregas ke si se vrate vo barsa i toa se posigurno e deka ke bide letovo so ide.a ako ne voa leto posle dve godini sigurno
LOL.
Aбе да не му Арсенал на Барселона незнам дали ќе беше прво место во Примера,а да не збориме за ЛШ.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.541
Поени од реакции
5.770
Конечно дома ! Успеав да најдам два дена слободни, бидејки бев на исполнување на Христијанска должност во с.Ростуше кај манастирот Јован Крстител или Јован Бигорски, каде заедно со мојот смер од факулетет помагавме ! Сите оние кои ме знаат и кои ги имаа моите профили на Facebook или Twitter знаат дека не бев активен недела дена !

Сепак мора да се одолжам кон оние 9 членови кои ми побараа статистика за сезоните ! Сите сезони се по околу 30 страни, но јас ги скратив и пренесов само она најважното! Пред се ке се обрни внимание на стрелците, одбраната и слично... Започнуваме со сезоната во која немаше грешки во која дававме се од себе и во која се радувавме на титула ! Само за споредба, наредната анализа е дупло поголема од ова, така да започнуваме со оваа сезона и со се што се случуваше таму, бидејки оваа сезона и немаше некои големи турболенции !

Сезона 2003/04, Сезоната на непобедливите

...17.08.2003 Сезоната започна против Евертон на домашен терен каде Арсенал беше најавуван како главен фаворит за титулата оваа сезона, заедно со Јунајтед и фаворитот од сенка Челзи, додека Ливерпул мораше да почека барем уште 10 години за титула. Со головите на Виеира и Беркамп Арсенал ја забележа првата победа, а голот кој го прими беше единствен момент каде Леман за момент направи погрешна проценка од еден корнер, кој заврши на главата на Џонс кој намали на 2-1 во 90 минута и тоа беше конечен резултат на оваа средба ! Потоа следуваа гостувања кај Миделсборо каде со хеттрикот на Анри Арсенал победи со 4-0. Во овој месец Арсенал на 26,08,2003 забележа победа против Астон Вила од 2-0, а на крајот овој месец Арсенал го победи Манчестер Сити со 2-1 на Сити Граунд, каде со голот на Ешли Кол во последните моменти Арсенал забележа победа која беше од исклучителна важност! Мислам дека треба да се каже дека на овие средби Арсенал играше со иста одбрана, освен на дуелот со Сити каде Кион играше во првиот тим, и кој по негова вина(пенал) Сити успеа да не измачи! Во месец Август Анри односно Венгер ги понесоа наградите за најдобри во овој месец !

Заклучок: Клучот на Венгер беше во одбраната каде доколку не ја ротираше, мислам дека повторно ке забечежевме победи, лесни од типот на Вила и Боро, и каде со Сити моравме да изиграме на едно повисоко ниво! Арсенал играше бев Анри и Пирес на оваа средба, и затоа Кол беше во центарот на вниманието со овој гол!

....14,09,2003 Арсенал на Хајбери го пречека незгодниот тим на Портсмут, кој заслужено дојде во водство и го имаше до 92 минута, каде по еден влез на Пирес, судијата на тој меч(Греем Пол) досуди непостоечки пенал и Анри постигна гол, кој подоцна кога ке се зборува на овој меч како за минато ке има големо значење! Важно е да се каже дека ова е првиот момент оваа сезона! После ова на 21,09,2003 следуваше гостување на Олд Трафорд или на Театарот на Соништата, еден од најдобрите во Англија по Хајбери! Се играше брзо и динамично, пред се на резултат, кога подоцна уште еднаш кога Кион беше во тимот направи глупава грешка кога во 92 минута од мечот направи глупав пенал врз Форлан! Подоцна после забуната на фудбалерите на Арсенал пеналот се изведе во 96 минута кој за наша срека Руд Ван Нистелрој го промаши! Ова е втор клучен момент оваа сезона! На 27 овој месец, Арсенал го пречека незгодниот тим на Сер Боби Робсон кој имаше предност на Хајбери се до 70 минута, кога на сцена стапија Анри и Пирес кои со своите голови, во 72 и 80 минута направија целосен пресврт и Арсенал со 3-2 успеа да победи! Клучен момент беше 60 минута кога Лорен си постигна помалку смешен автогол, но Арсенал успеа да се издигне над тоа и да победи ! Во првата недела од октомври, Арсенал гостуваше на Енфилд! Пеколна атмосфера каде You never walk alone беше испеана од 46,000 грла ! Арсенал дојде до водство, каде подоцна Џерард израмни за ерупција на трибините ! Но подоцна со велемајсторски гол на Пирес од преку 20 метри Арсенал да дојде до победа на жешкиот терен на Енфилд !

Заклучок: Арсенал после 8 кола е на првото место каде има 16 дадени гола и 6 примени со 20 бода е на врвот !

...18,10,2003 Арсенал го пречека дома Челзи, кој беше малце повеке засилен за разлика од лани, и одеше со нови сили во оваа сезона ! Арсенал дојде во водство преку Еду, каде подоцна Торе Андре Фло израмни, но Кану не го кажа последниот збор, кој влезе во 83 минута за во 86 да го постигне голот за победа на Арсенал! По ова Венгер рече: „ Доколку имаме подобра одбрана и доколку Кион и Кембел се посконцетрирани кога играат заедно ке имаме уште подобри резултати. Од нападот сум задоволен пред се од Анри и Пирес кои соработуваат одлично, заедно со Фреди и Денис! Се на се задоволен сум.“ После ова Кион одигра само уште 240 минути за Арсенал ! 26,10,2009 Арсенал гостува кај Чарлтон, каде тимот на Алан Карбишли беше тотален аустајдер, но тука дојде до израз крилото на Чарлтон кој успеа да го претрча Сол и успеа да нафрли на 16-от каде имаше лесна реализација од Џонсон, напагачот на Чарлтон. После ова на почетокот на ноември имаше гостување кај Лидс Јунајтед кој не е повеке оној тим од пред 1-2 години, каде костурот си замина и токму од нивниот пораз на Хајбери почна оваа сезона! Арсенал беше спремен да се реваншира ! Со хет-трикот на Анри Арсенал победи со 4-1! Навидум лесна победа, и така беше ! На Хајбери на 08,11,2003 дојде лутиот ривал Тотенхем ! Тотенхем дојде до водство но Арсенал брзо се врати, и уште во првото полувреме дојде до предност која така остана до крајот на мечот, 2-1! Важно да се каже е дека овој гол падна по корнер каде Кол не успеа да го спречи бекот на Тотенхем, кој беше највисок и даде гол ! На 22,11,2003 следеше гостување кај Бирмингем кој беше совладан со 3-0 со голот на Фреди, Парлоур и Пирес, и навидум лесна победа бидејки Бирмингем играше со црвен картон од 37 минута! После ова следуваше домашен натпревар со Фулам, со кој Арсенал и покрај сите обиди за победа, не успеа да даде гол, каде одличен беше Ван Дер Сар кој не дозволи никој од Анри, Пирес, Љунберг и другите да му даде гол! И така овој меч заврши 0-0!

Забелешка: Арсенал имаше 10 победи и 4 нерешени доволни за 34 бода и второто место, веднаш зад Јунајтед кој имаше 35 бода ! Сите беа во игра! Во првата четвртина од сезоната, Арсенал играше добро, но Јунајтед постојано правеше притисок иако имаа и еден пораз избраниците на Сер Алекс ! Трката продолжува!

...06,12,2003 Арсенал замина на гостување кај Лестер и успеа да заводи прв, но сепак не издржа до крајот, и прими гол по чиста вина на одбраната каде двајцата последни дозволија чиста топка во петерецот на Леман, која тимот на Лестер, успеа да постигне гол и тоа од Вебер, ветеранот на екипата во 78 минута, каде беше оставен сам во 5 метри на Леман! Исто така и доколку Леман беше побрисебен можеби ке одбранеше, но сепак првенствено вина има Сол кој мораше да реагира! Но како и да е, Арсенал мораше да гледа напред и дуелот со Блекбурн на Хајбери, кој го доби со 1-0 ! Ова беше 12 меч, каде Венгер настапи со истата одбрана и со истите 4 во последната линија и гледате дека дава резулатати ! Ова ке го оквалификувам како трет важен момент за оваа сезона! Следуваше гостување кај Болтон на Рибок Стадионот каде во еден досаден натпревар Арсенал изигра 1-1 но тоа беше и реален епилог од овој меч ! Беркамп го постигна голот за Топџиите! На три дена до Новата Година Арсенал го пречека Вулверхемптон и го победи со 3-0 со головите на Анри и Виеира! На 30,12,2003 Арсенал гостуваше кај Саутемптон на Сент Мери и успеа да победи со гол во почетокот на напреварот и успеа да го задржи до крајот на мечот!

01,01,2004 ...Во првото коло од новата година или во 20-то Арсенал играше против Евертон на гостински терен и мечот кој имаше доста контроверзи заврши 1-1 ! Прво беше исклучен Виеира за Арсенал а неколку моменти подоцна беше исклучен и Вир кој намерно го удри Кол ! Подоцна голот на Анри беше исправен а беше постигнат од очигледна офсајд позиција по која Дејвид Мојс имаше остри критики кон судијата на овој меч!

Забелешка: Арсенал после 20-коло имаше 46 бода, каде беше на второто место зад Манчестер Јунајтед кој имаше 49 бода ! Овие два тима беа рамо до рамо барем до почетокот на новата година, ке видите зошто!

Арсенал во Јануари играше со Миделброу и го победи 4-1 со головите на Анри, Пирес и Љунберг, каде исто така подоцна наредната недела на гостински терен ја победи Вила со 2-0 со фантастичниот гол на Пирес, кој конкурираше за еден од најдобрите таа сезона! Со лоб удар, од преку 20 метри каде се ослободи од противничкиот фудбалер и го совлада голманот ! Тони Адамс овој потег го нарече D’Artagnan ! Едноставно фантастично ! Во овој преоден рок во Арсенал дојде Хозе Антонио Рејес кој во Севиља беше еден од главните играчи и еден од најдобрите во Шпанија ! Дојде за сума од околу 20.000.000 евра !

На последниот натпревар овој месец против Сити на Хајбери тој дебитираше и неговиот тим победи со 2-1 ! Единствена црна точка на овој меч е грешката на Туре која за малце можеше да го чини Арсенал важни бодови и да остане само со 1 бод од овој меч!

...02,02,2004 Арсенал гостува кај Помпеите, кај Портсмут ! Во досадна утакмица Арсенал изигра 0-0 ! Без некои важни коментари или друго едноставно 0-0 ! После ова беше време за дербито ! Арсенал – Манчестер Јунајтед со резултат 1-1 ! Иако Арсенал имаше повеке од играта и шансите, мораше да се задоволи со 1-1 со голот на Анри во 64 минута ! После ова Арсенал имаше едно тешко гостување кај Њукасал на Сент Џејмс Парк, кој заврши со 0-0 !

Забелешка: После ова и низа на лоши резултати на Јунајтед Арсенал изби на првото место со еден бод повеке од Јунајтед, 58 односно 57!

Во 27то коло Арсенал го пречека тимот на Улие на Хајбери ! Арсенал победи 4-2, каде Анри даде хет-трик и го доведе Арсенал пред победа и на прагот на титулата ! Во овај натпревар едноставно одбраната не беше на највисоко ниво, каде Ливерпул имаше контрола на целиот меч во првиот дел, но подцна Арсенал успеа д воспостави контрола и да направи резултат во нивен корист ! Арсенал победи со 4-2 со головите на Анри ! После сите овие течки наптревари каде играа со Јуанјтед, Њукасал и Ливерпул Арсенал замина на гости кај Челзи ! Ова беше последен испит за зрелоста на тимот и нивниот капацитет ! 06.03.2004 Арсенал стигна на Стемфорд Бриџ за да се приближи на неколку чекори до титулата ! Арсенал започна и Арсенал заврши ! Играше иако немаше срека баш во постигнување на лесни голови ! Еду начека еден одпадок на Кудичини, кој го искористи и го однесе на чекор неговиот тим до титулата ! Пред тоа, со голот на Хаселбејнк Челзи израмни на 1-1 по грешката на Леман, ако може така да се рече бидејки топката долго време беше во воздух и требаше да интервенира подобро во оваа ситуација! Потоа следуваа две победи и тоа дома против Чарлтон во 29-то коло на 20,03,2004 го головите на Анри и Пирес, и победа брз Лидс од 5-0 каде Анри даде 4 гола! На почетокот на април,03,04,2004, Арсенал готуваше кај Тотенхем каде изигра 2-2, пред се на добрите акции на домакините кои успеа да најдат мотивираност против нас и да дадат два добри гола, каде заедно со Анри и Пирес, донесоа резултат од 2-2! Потоа следуваше дуелот со Бирмингем на Хајбери кој заврши со непопуларни 0-0 ! Следуваше еден период во кој Арсенал мораше да докаже дека знае и дека умее ! Победата од 1-0 над Фулам на Кревен Котиџ и домашната против Лестер го убедија Венгер дека Арсенал е на правиот пат за титулата !

Забелешка : По ова Арсенал по 34 кола, успеа да се одлепи и да биде осамен на првото место со 24 победи но и со 10 нерешени, но она најважното без пораз !

Meсец Мај: Последни четири меча ! За да скратиме сите беа со победи и тоа Блекбурн на Ивуд Парк 2-1, Болтон дома 2-0, Вулверхемптон 1-3 на гости, и Саутемтон 2-0 ! Во сите овие дуели бевме добри и надмокни што кажува и резултатот ! За нагласување е дека на дуелот со Блекбурн и Вулвс играше втората постава на одбрана која не беше баш сигурна !

Но конечно и крајот на сезоната ! Арсенал е Шампион! Арсенал е Непобедлив ! Арсенал е најдобриот тим во Англија ! Арсенал прв со 90 бода, Челзи со 79, а Јунајтед со 78 !
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.541
Поени од реакции
5.770
После ова се вракам за Ростуше, каде помагаме во обнова на манастирот барем малце, но Четврток(2004/05), Петок(2005/06), Понеделник (2006/07), Вторник (2007/08) каде заклучно со Вторник ја заклулуваме комплетната анализа !


За сите оние критики, пофалби и се друго кај мене на пп, бидејки не ке можам да ги пратам редовно коментарите но ке се потрудам ! Повторувам ако негде има некоја грешка, слободно кажете ми, или ако сакате да знаете повеке со задоволство ке ви објаснам поопширно, но мислам дека и за оваа сезона, нема нешто што да се каже, но сепак тоа е тоа! Четврток спремете се бидејки мислам дека таа сезона е најинтересна и за неа има преку 65 страни од кои добри 15 ке бидат пласирани тука !

Ке има за поразот од Јунајтед, за вракањето од мртвите, за вториот, третиот, четвриот пораз, во таа сезона...комплетна анализа, за комплетната одбрана ! Се гледаме четврток !

Најголем поздрав !

п.с. Супер игра со Блекбурн! Ефиксна и Ефективна !
 

ZS_

Член од
26 јули 2008
Мислења
5.156
Поени од реакции
211
Абе јебалоте Ростуше тебе, у Арсенал фан клуб си.

Ја нигде не гледам овдека за колку гола бил крив Сендерос како што ни кажа ти :icon_lol:

За сезоните и бабами таса ќе најде на нетов, не ме ни интересираше за сезоните. Туку конкретно за Сендерос. Ти прв се пофали дека ја имаш :):)
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.541
Поени од реакции
5.770
Абе јебалоте Ростуше тебе, у Арсенал фан клуб си.

Ја нигде не гледам овдека за колку гола бил крив Сендерос како што ни кажа ти :icon_lol:

За сезоните и бабами таса ќе најде на нетов, не ме ни интересираше за сезоните. Туку конкретно за Сендерос. Ти прв се пофали дека ја имаш :):)
Ти како голем фан на Сендерос треба да знаеш дека тој во оваа сезона, немаше настап! Ако знаеш !

Ова не е за тебе, туку за некои други ! Не бери гајле !
 

ZS_

Член од
26 јули 2008
Мислења
5.156
Поени од реакции
211
Ти како голем фан на Сендерос треба да знаеш дека тој во оваа сезона, немаше настап! Ако знаеш !

Ова не е за тебе, туку за некои други ! Не бери гајле !
Хахахаха, а кој пак сега спомна сезона или слично. Добро бе, не се запнуај со учење толку на факултет, гледаш дека више ти се сушат мозочни клетки... забегуеш на моменти.

Ти ми спомна целоста стастика за Сендерос од кога е во Арсенал за колку голови бил крив и прв се пофали дека ја имаш... и си викам чоеков е бетер од Чак Норис! :pos2:

Па ајде, повели, чекаме на тебе :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom