Љубов

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
е сега без шали љубов=хероин:nesvest::nesvest:...како тоа љубовта само допамин ли е??

ако е така сите ке користеа леводопа или дрога де....

од дрогата се губи ум оти е штетна...за мозокот ба љубовта е природна.:helou:
Абе и ерекцијата и растењето на влакна се природни ама се предизвикани од влијание на хормони.Колку и да звучи сурово,се во телото наше се сведва на хемија.Филмој со љубов тинејџерките од по 15 години...
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Абе и ерекцијата и растењето на влакна се природни ама се предизвикани од влијание на хормони.Колку и да звучи сурово,се во телото наше се сведва на хемија.Филмој со љубов тинејџерките од по 15 години...
ами човечноста?????
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
е сега без шали љубов=хероин:nesvest::nesvest:...како тоа љубовта само допамин ли е??
Љубовта како пријатно чувство, а чувствата чиста хемија:)
фактички, љубовта како скриен елемент од хемијата.
ево да не е само Допаминот изразен, тука е и Фенилетиламин, Серотонин, Норепинефрин, хормоните... Адреналин како најбитен за тоа што идеалистите ја нацртале љубовта со срце, сите тие влагаат во дејство само зависи во која количина.
Вистинската љубов неможе да постои без хемија, а таа е добра-затоа што е метаболитички, ако не, и најскапа

Blame your brain the next time you fall in love :)
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
серотонин рулз:vozbud:(најмногу хахах)
ама серотонинот и допаминот и останатите сами по себе не се доволни, туку тие треба да бидат лажени од доредни центри во мозкот што че допринесат за дигање на локалните концентрации на дадените неуротрансмитери во други точно определени центри во мозокот.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
јасно де...не е само серотонинот...ама ниту он ниту па допаминот се клучни...повеке хемија е љубовта...ама пишав бидејки ставија еднаквост љубов=допамин:pos2:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Љубовта не е емоција, туку состојба на умот и битието.
Точно е, само за жал ни уште порационално објаснување не може да не однесе до неа. А јас зборам за онаа општа љубов кон се, не кон една одредена личност. Сум заборавил како е тоа :)
За да се достигне таа љубов треба да се елиминира се што подразбираме под љубов, и воопшто под надеж, страст, уживање... се додека не остане ништо. Тоа ништо е таа љубов, таа е се.
Една вистински сакана личност би можела да ни помогне да ја достигнеме и оваа, само тоа е веќе условно просветлување ако е невозможно без таа личност. :)
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Едно е извесно: фикција не е!
Некаде прочитав дека се препознава по тоа што не можеш да ја објасниш причината за нејзиното постоење.
Кој не ја доживеал е сиромав човек.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Верувам, сеуште, дека на светот постојат компатибилни луѓе. Луѓе кои со самото свое постоење уживаат еден во друг со тоа што се еден крај друг. Оние кои не ги познаваме, или бегаме од нив нема да ги сакаме, таму љубов нема да постои затоа и со некоја случајна девојка од Тајланд не можам да создадам љубовна слика, бидејќи не ја познавам а сигурно постои.

Склоп на одредени ситници, појави, дела, мисли, зборови, гримаси, потези, погледи, бакнежи, допири, глупости и лудости, маани... идеален собир на триста чуда кои таа личност ги поседува и ми ги прикажува, буди кај нас поинаков поглед на светот, низ нејзините очи.
Љубов би рекол е... моја проекција во неа. Сето она кое јас не можам да бидам е таа, и сето она кое таа би сакала да е, го гледа во мене. Взаемен поглед на светот, надополнување еден на друг со чија помош стануваме едно и полесно се справуваме со светот.

Љубов е симбиоза на две тела, чиј дух, енергија и емоција се претвора во едно. Се` додека таа новоформирана единка не биде нападната од некаков вирус, нема и да се одвои повторно на две различни клетки. А во денешно време, во 21. век, сешто може да го распори организмот, дроги има колку сакате, и за сето тоа време никој нема ни да примети што има, што губи и што добива, токму заради таа фиктивна единица која не може да се одреди со величина и бројка, а се вика љубов. Кога би се порамниле чувствата, нивната сила и моќ, решителноста и цврстината на карактерот со математика, се` би било полесно...
 
С

Сатори

Гостин
Што е љубовта и како се создава воопшто не е битно, процесот има последици и тие се оние што не интересираат, не како се појавиле туку што да правиме со нив.Ако човекот верува во силата на сопствените емоции нема да се прашува од кој дел од телото му потекнуваат, со помош на која хемиска реакција која што го тера телото да излачува одредени хормони, тоа е целосно небитно.
Затоа што единствено нашиот респонс на љубовта е оној што не разликува во перцепцијата која што ја имаме, научна или со розови стакленца.Јас не сакам да ја дефинирам појавата, премногу анализирање никогаш никому не му донело нешто добро, убаво е да се знае, но не и да се претерува со барање на дефиниции на нешто што може само да се почувствува.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Фикција создадена од луѓето?
Наклоноста кон пријател/партнер, љубовта на мајката кон детето, љубовта кон идеја и сл...тоа се општествено наметнати реакции?
Човекот инаку не би ги чувствувал?

Еве, велиме дека е хемиски процес. И?
Смртта е билошки процес, па стравот од нејзе, како и болката кога се случува на некој наш близок не се намалува затоа што знаеме дека во телото има клетки, нивното функционирање престанува, телото се разградува и престанува да постои...
Она што е важно, е манифестацијата. Така е и со љубовта.

Се, се што правиме, од првиот ден на нашето постоење, е повик за љубов.
Трката по пари и моќ = купувам љубов.
Алчноста = купувам љубов.
Насилството = купувам љубов.
Егоизмот = купувам љубов.
Рамнодушноста = купувам љубов.
итд.

Современиот свет брза да ја убие и израционализра љубовта. Затоа и оди кон една, веќе патетична, квази- индивидуалност и компулзивна потреба да се ре-создаде себе како бог. (што е всушност и неопходно за капитализмот да функционира). А, добива само регресија кон анимализам и губење на идентитетот. Оној базичниот, човечки.
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Еве, велиме дека е хемиски процес. И?
Смртта е билошки процес, па стравот од нејзе, како и болката кога се случува на некој наш близок не се намалува затоа што знаеме дека во телото има клетки, нивното функционирање престанува, телото се разградува и престанува да постои...
Е како и?!
таа неисцрпно подрачје!
еволуциски механизам со биохемиска подлога, има симптоми - серија на повеќенаменски хормони, и најбитно има способност за детектирање на феромони.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Е како и?!
таа неисцрпно подрачје!
еволуциски механизам со биохемиска подлога, има симптоми - серија на повеќенаменски хормони, и најбитно има способност за детектирање на феромони.
Фино.

Поената ми беше дека каква и да е биолошката подлога на љубовта, тоа не значи многу за нејзините манифестации, односно и да може со очи да го следиме процесот на реакции кои носат до чувствата, пак тие чувтсва ќе ги имаме...и тоа е она што е важно и што го движи човекот.

Љубовта е најсилната мотивациона сила. Кога ќе го блокираме и последното делче од таа емоција во нас, не сме ништо повеќе од зомбија (суицидалните депресивци се пример на луѓе со апсолутно умртвена љубов во себе за се (настрана хемизмите во мозокот кои се случуваат при клинички депресии). Затоа и повеќе не сакаат да живеат)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom