Имиња на деца

  • Креатор на темата Креатор на темата djshema
  • Време на започнување Време на започнување
Zboram za unikatno ime koe ne se koristi nikade na drugo mesto. Aleksandar e ime koe se koristi nashiroko.


Се согласувам...еве трпе е уникатно...Али ај ти крсти си го детето ТРПЕ ко ропак некој да е...Не иде и затоа не ги именуваме по Традиционалните имиња...Според мене.
 
Се согласувам...еве трпе е уникатно...Али ај ти крсти си го детето ТРПЕ ко ропак некој да е...Не иде и затоа не ги именуваме по Традиционалните имиња...Според мене.


Види сето тоа е дискутабилно. Што му фали на Трпе во глобална смисла. Што е Трпе по лошо од Шенон или пак Кваме?

Мојата поента беше дека во Македонија колку по интернационално името толку демек по модерно. Колку е тоа подалеку од традиционалните македонски имиња толку името е по кул?

Еве да речеме имиња на дедовци, баби, прабаби.

Прадедо ми се викаше Видум, другиот Јонче. Ај можеби Јонче е тешко име за изговарање ама што му фали на Видум освен што не е странско име?
 
што му фали на Видум освен што не е странско име?
Ако беше странско, и ако беше некое глумачко ебачиште, и тоа ќе станеше интернационално, и тоа ќе беше распространето низ Македонија...како што се Касандра и Ранду на пример.
 
како и да е да му дадеш име на дете во 21век трпе и да го унакзиш за цел живот не ми иде некако

a u 21 vek na dete da mu daes ime stoilko go unakazuvas deteto do maksimum. imam eden poznanik so ime stoilko samo da ne mislite deka nema takvi iminja
:vozbud:
 
Моите најмили би ги крстила Филип, Марко, Бобан, Бојан...ако се машки а ако не, нека му ја мисли кумот јас не знам :toe:
 
Дел од македонските имиња се евидентно христијански а другите словенски или пак интернационални. Изворно македонски кои ги нема на друго место практично и нема.
 
Дијана
Драгана
Марија
Елизабета
 
Изворно македонски кои ги нема на друго место практично и нема.

Изворни македонски имиња се мислам и Пеце (секој втор Прилепчанец) и Менде (секој втор Битолчанец) :)
А околу тоа зошто се користат се повеќе така да речам интернационални имиња јас лично и немам некој проблем.
Мене малку повеќе ме иритира употребата на имињата во деминутивна форма (Трајче, Стојанче, Мирче, Драгче итн. итн.). Се нешто сами себе се гледаме како многу мали и недостојни за почит. И како да очекуваме други да не почитуваат.

ПС. Го заборавив и Климе (од Охрид) да го наведам како оригинално име. :)
 
хахаха
трпе а?
па не е само тоа....
траанка
фросина
македонка
перса
митра
.............има еден куп
Фросина, не би рекла дека е изворно макдонско, дека има повеке врувања од кои: Според грчка митологија и значи веселба, срека. Потоа од латинско потекло ( Роса) и значи црвено ншто, цвет. И од Ангиско потекло од Фрост што значи заледено, ледено . А инаку Фросина е голем хит во Италија, Финска и Унгарија...
Митра исто не е македонско. Доага од името на грчката божжица Деметра. А инаку изворно македонски имиња се они имиња како : Трпе( да трпи нешто), Трајанка( да трае=живо да е) Благица, Блага , Благуна( благо да е...) Стајан/ка ( да стои), Бракн/о/а( да брани, исто и ко бран да е), Дарко( ДАр ).

Инаку не знам како би ги крстила децата. Ке ми дојди инспирација кога ке дојде време за тоа.
 
Изворни македонски имиња се мислам и Пеце (секој втор Прилепчанец) и Менде (секој втор Битолчанец) :)
А околу тоа зошто се користат се повеќе така да речам интернационални имиња јас лично и немам некој проблем.
Мене малку повеќе ме иритира употребата на имињата во деминутивна форма (Трајче, Стојанче, Мирче, Драгче итн. итн.). Се нешто сами себе се гледаме како многу мали и недостојни за почит. И како да очекуваме други да не почитуваат.

ПС. Го заборавив и Климе (од Охрид) да го наведам како оригинално име. :)

Пеце е многу веројатно варијанта од Петар, Петре.

Менде е интересно, знаеш нешто повеќе за ова име?

Климе е од Климент, но дали го има и во други делови на Балканот?

Фросина, не би рекла дека е изворно макдонско, дека има повеке врувања од кои: Според грчка митологија и значи веселба, срека. Потоа од латинско потекло ( Роса) и значи црвено ншто, цвет. И од Ангиско потекло од Фрост што значи заледено, ледено . А инаку Фросина е голем хит во Италија, Финска и Унгарија...
Митра исто не е македонско. Доага од името на грчката божжица Деметра. А инаку изворно македонски имиња се они имиња како : Трпе( да трпи нешто), Трајанка( да трае=живо да е) Благица, Блага , Благуна( благо да е...) Стајан/ка ( да стои), Бракн/о/а( да брани, исто и ко бран да е), Дарко( ДАр ).

Роса може да е и само роса или Росица. Не мора да е од Фросина. Зборот си постои.

Римскиот императот Трајан, дали името е римско или Римјаните го зеле од Балканот?

Митра може да е од Деметра но може и да е од богот Митра. Имаме и машко Митре, тој сигурно не е од Деметра :smir:.

Дарко е интересно име. Го има ли и во други држави?
 
Менде е интересно, знаеш нешто повеќе за ова име?
Не не сум од Битола.
Тоа некој од Битола нека се јави да ни подобјасни, јас само знам дека е често и мене ме интересира од каде е името. :)
 
Менде е интересно, знаеш нешто повеќе за ова име?

Климе е од Климент, но дали го има и во други делови на Балканот?



Роса може да е и само роса или Росица. Не мора да е од Фросина. Зборот си постои.

Римскиот императот Трајан, дали името е римско или Римјаните го зеле од Балканот?

Митра може да е од Деметра но може и да е од богот Митра. Имаме и машко Митре, тој сигурно не е од Деметра :smir:.

Дарко е интересно име. Го има ли и во други држави?
За Роса не мислев дека името Роса е дојдено од Фросина , туку Фросина е изведено од варијации на имиња како Роси, Росина, Росана. А за Росица не знам. Ама за Фросина најсигурна е варијантата со грчка митологја, каде што Ефросинија е енимфа ) од приказната за Орфеј)
За Митра може од Деметра , како крАатенка. А за Митре од Димитар/Димитриј( ги има варијаии) и е дојдено како кратенка.
Дарко не знам дали го има во другите држави, ама не би било чудно ако го има во Србија или Бугарија, затоа што именката ДАР и ја има и таму.

За Климент, во други држави имам забележано верзија Клементина, ама не знам дали има поврзаност.
А За императорот Трајан не знам баш. Ама самото име означува дека треба да трае
 
Не не сум од Битола.
Тоа некој од Битола нека се јави да ни подобјасни, јас само знам дека е често и мене ме интересира од каде е името. :)
па тоа ти нешто како скратено од методија и впрочем за слава тие што чекаат на свети кирил и методиј чекаат имендени :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom