Хм? Од што си ти дискриминиран?
Забрането ти е школување?
Ограничен си во движењето?
Не ти даваат пасош?
Во апликација за вработување треба да пополниш и сексуална ориентација?
Кои права ги немаш ти кои ги имам јас?
Прво: 90% од стрејтерската популација смета дека хомосексуалците се добри само за сапун.
Второ: мнозинството Македонци имаат ист или сличен став како Лет3 “Во Македонија има еден геј и една лезбејка“.
Немам право на брак со “граѓанин на РМ“ кој е полнолетен и деловно способен, освен ако тој “граѓанин“ не е различен по пол од мене. Дискриминација невидена.
Во прашалник за дарување крв, се бара да пополнам дали сум имал секс со маж! Зошто? Ако секоја единица крв се испитува заради ХИВ/СИДА, која е причината за ова глупаво прашање?
Дискриминација.
Да излезам, како ти, со партнерот по град, фатен за рака, кој ми гарантира дека ќе поминам како ти фатен со жена ти?
Дискриминација.
Уште?
Следно, не си ти крив што си хомо, ниту пак сакам да те обвинувам и покажувам со прст, ама да би излегол во Скопје на таква парада, ќе те покажувам со прст, не затоа што „мразам педери“ или слично, туку поради сеир, со цинична насмевка на лице и со вперен прст ќе викам „кои сте вие морони што чувствувате потреба да му се докажувате некому“.
А секогаш, во секој момент ако ти и твојот дечко сте спремни вашата врска да ја овековечите со брак, најблиску ви е
Хрватска.
Значи работите стојат вака: да, вие постоите, ама седете си дома. Водете љубов со кој сакате, ама тоа со кој го правите, не ни кажувајте нас. Значи од една страна барате: Ајде, излезете да ве видиме кои сте, вие што барате права. Од друга страна: седете дома, ако не ќе ве покажуваме со прст.
Колку лицемерно...
Може и ние да побараме од вас вака да се однесувате? Не се шетајте фатени за рака, не се бакнувајте на јавни места... за да не ни се гади на нас, педерите. ОК?