Шо да ти кажам... пакувај куфери и правец Америка... и за нас и за тебе најубо
Не не не... Ние гејовите ќе останеме тука и ќе се погрижиме човековите права да се почитуваат низ целиот свет, вклучително и нашата Македонија.
Е сега, ќе ни треба помош и од педерчињата македонски, ама они се премногу зафатени со сексање, па не верувам дека се грижат премногу за ова. Што да речам, нивниот егоизам и простатилак, нема крај...
Е сега, да се надоврзам на погоре кажаното:
Од 1945, во, на баба ми и дедо ми милата Југославија, граделе “Братство и единство“. Југославија... земјата на еднаквите, на слободата, на економската моќ... (

)
Тоа “братство и единство“, за жал, се одржа во Македонија, се’ до 1996, кога со промени во законите, хомосексуалноста беше декриминализирана... Не знам зошто, не знам како, така беше... Најверојатно, како оштетен не се јавувал никој, а кога со определено однесување не се појавува оштетен, логично е истото однесување да биде симнато од листата казниви поведенија.
Ама нека не ве обеспокојува тоа, кога можеле процесите да се одвиваат со тоа темпо во диктаторска држава како ЈАР, на Македонија ќе и треба уште некој година за да заличи на вистинска демократска правна држава.
Инаку, убеден сум дека овогодинешната парада во Белград ќе мине во најдобар ред, исто како софиската. Проблеми меѓу хомофобите, поттикнати од верската мафија, и полицијата, ќе има, секако, ама должност на државата е да обезбеди секакво мирно собирање на српските граѓани.