Чувај ме Господе од дупнати кондоми, од непријателите се чувам сама
Дека македонската образовна владина
експертиза, е резултат на
ирегуларна контрацепција(поврзана со кампањата за трето дете), покажаа резултатите од најново спроведената Матура.
Според најновите наоди на Владата, македонската матурантска пациентела, хронично пати од непознавање на својот мајчин јазик, за сметка на англискиот кој го владее
екстраординерно.
Поттикната од ова
базично сознание, предлагам англосаксонизмот да стане дел од нашата национална култура, па може дури и англискиот да стане официјален јазик, на што би се навлажнил медијаторот Нимиц и проблемите со името би биле минато.
Имено, македонистичката Влада, решила највисоките оценки по македонски јазик, да ги имаат експерименталните глувци кои ќе покажат успех повисок од 96% од сите матуранти. Останатите, ќе мора да се ,,усреќат" со фактот дека достигнуваат европско-контингентни англосаксонски височини, односно највисок успех по англиски јазик. Ако си го навратам помнењето, кампањата ,,монитор за секое дете" е поврзана токму со поголемата употреба на ултра-спориот школски интернет, како и
експанзијата на англискиот јазик
атачувана за него. Ете од каде повисоки резултати по англиски, отколку по македонски!
Додека трае балот на зрелоста(матура*заб на прев.),
круцијално е кој ќе те
монитонизира(
опсервира). Можноста да се препише на матурата, е еднаква на онаа кога ќе купите лубеница, во неа да има семки.
Дискрапантно, или можеби не,
интенцијата е да се оформи мислење кај младината дека не го знае својот мајчин јазик. Епа извинете господине Министер во отставка, церебралната маса не ми е
контаминирана. Сепак, ако во текстов забележите поголема количина на англицизми и лоши американизми, целта ви е исполнета. Барем за момент, ќе го адаптирам мојот нервен код, на вашата декадентна и девијаннта
интенција. Барем во текстов, ќе ви докажам дека сте во право. Да, англискиот ми е попознат од македонскиот. Успеавте! Кој детергент го употребувате додека ги перете средношколските мозоци? Можеби Ленор?