Xbox360 гејмери

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Ако може некој по ПП да му пушти торент од NFL11,од замунда по можност? фала од напред :smir:
На замунда ја нема, на free тракери исто така, ја најдов на приватен тракер.
 

lamja25

Grande FIORENTINA !!!
Член од
5 декември 2007
Мислења
2.339
Поени од реакции
66
decki si kupiv xbox 360.. odma preporacajte mi dobri horor-triler igrici
 
Член од
13 јули 2009
Мислења
534
Поени од реакции
243
Da ne ja simna nekoja Mafia II za xbox da kaze impresii ???? poso za PC uste nema crack
 

lamja25

Grande FIORENTINA !!!
Член од
5 декември 2007
Мислења
2.339
Поени од реакции
66
vaka sea da pisam impresii od igrite sto gi probav

UFC 2010 e zakon
nba live i nba 2k10 gi igram, dobri se dvete
alan wake e epten jaka..

FIFA world cup 2010 e epten podobrena i realna...za razlika od fifa 2010(ova mn me iznenadi, fifa da e bolje od pes)

igrav uste mn drugi.. ama nema vreme za site u kurac, mnogu igri se :DDD
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
vaka sea da pisam impresii od igrite sto gi probav

UFC 2010 e zakon
nba live i nba 2k10 gi igram, dobri se dvete
alan wake e epten jaka..

FIFA world cup 2010 e epten podobrena i realna...za razlika od fifa 2010(ova mn me iznenadi, fifa da e bolje od pes)

igrav uste mn drugi.. ama nema vreme za site u kurac, mnogu igri se :DDD
Пробај ја и Fight Night: Round 4 - нема да зажалиш! :)
 

Woofer

I'm a very neat monster.
Член од
21 април 2010
Мислења
854
Поени од реакции
325
Знае ли некој дали новиот Xbox 360 Slim може да го хакне/чипува некој кај нас во МК, сакам да земам следниот месец и се мислам меѓу новиот и елит, разлика во цена е само 10 евра
Пишав email на idc.com.mk па чекам одговор ако знае некој нека пише
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Знае ли некој дали новиот Xbox 360 Slim може да го хакне/чипува некој кај нас во МК, сакам да земам следниот месец и се мислам меѓу новиот и елит, разлика во цена е само 10 евра
Пишав email на idc.com.mk па чекам одговор ако знае некој нека пише
Го пробија пред 3-4 дена но сеуште нема извадено алатки за да си го пробиеме сите.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.174
Поени од реакции
8.255
Ајде некое инфо за ЈТАГ што се добива со него и има ли некој кај нас што прави тоа.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.931
Поени од реакции
12.320
Woofer, разликите помеѓу Xbox 360 Elite и Xbox 360 Super Elite од една страна и Xbox 360 Slim, или Xbox 360 S, како што му е вистинското име, од друга страна, се огромни.

На Мајкрософт конечно им влегол памет во глава.

Xbox 360 S доаѓа во 2 изданија: првото со сопствена меморија од 4GB, и второто со сопствен хард диск од 250GB.

И кај двете изданија можеш да ставаш и да менуваш хард дискови, се разбира, Мајкрософт не се скромни, па затоа и понатаму сите делови за Xbox 360 S, исто како и сите делови за обичниот Xbox 360, кој доаѓа во повеќе изданија, како Arcade, Pro, Elite и други, мораат да бидат од Мајкрософт.
Далечински управувач, џојстици, волани, хард дискови, мемориски картички, секоја можна компонента која што ти треба и за обичниот Xbox 360, и за новиот Xbox 360 S, мора да е од Мајкрософт, мислам дека има ретки исклучоци, како безжична мрежна картица кај обичниот Xbox 360, така што можеш да купиш USB стик наменет за безжично мрежно поврзување, како и гитарите, тапаните и микрофоните за Guitar Hero и за Rock Band, кои се вообичаено произведени од страна на произведувачите на видео игрите, а не од страна на Мајкрософт, ама во главно, сите делови мора да се од Мајкрософт, и кај обичниот Xbox 360 и кај новиот Xbox 360 S.

Но разликите помеѓу обичниот Xbox 360 и новиот Xbox 360 S не се само во тоа што кај Xbox 360 S можеш да бираш дали сакаш варијанта со 4GB сопствена меморија или со 250 GB сопствен хард диск, туку исто така, и двете изданија на Xbox 360 S доаѓаат со сопствена вградена безжична мрежна картица, што значи дека, за разлика од обичниот Xbox 360, кој во било кое издание доаѓа без безжична мрежна картица, поради што мораш дополнително да купуваш USB безжична мрежна картица, од друга страна Xbox 360 S доаѓа однапред подготвен за безжично мрежно поврзување.

Уште една технолошка новост кај новиот Xbox 360 S е оптичката аудио порта, која што може да се користи за поврзување на конзолата со професионално озвучување, а ја има и кај двете изданија на Xbox 360 S.
Оваа аудио порта ја има и кај обичниот PlayStation 3 и кај новиот PlayStation 3 Slim, но ја нема во ниту едно издание на обичниот Xbox 360, освен можеби некое од специјалните изданија.
За прв пат се појавува кај новиот Xbox 360 S.

Со новите Slim изданија на своите конзоли, Мајкрософт и Сони како да ги размениле маските на своите конзоли.
Сите изданија на обичниот Xbox 360, со исклучок на специјалните изданија, доаѓаат со рапави маски, кои се или бели или црни, а обичниот PlayStation 3 доаѓа со глос маска, како црно огледало, кое што буквално претставува магнет за прашина и за отпечатоци од прсти. Се разбира, има и други изданија во други бои, но не знам конкретно со какви маски се тие изданија, но знам дека најкупуваниот и најбараниот PlayStation 3 од обичните PlayStation 3 конзоли е црниот со глос маска.
Кај новите Slim изданија и кај двете конзоли, сменети се маските.
Новиот Xbox 360 S доаѓа со глос маска како кај обичниот PlayStation 3, а новиот PlayStation 3 Slim доаѓа со рапава маска како кај обичниот Xbox 360.
Сите изданија на новите Slim конзоли на Xbox 360 и PlayStation 3 доаѓаат во црна варијанта.

Со новите Slim изданија на своите конзоли, Мајкрософт и Сони како да ги размениле и технологиите кои што ги користат кај копчињата на конзолите.
Обичниот Xbox 360 доаѓа со физички копчиња, кои што мораат да се притиснат, а обичниот PlayStation 3 доаѓа со touch-sensitive копчиња, осетливи на допир, кои што доволно е само да се допрат, не мораат да се притиснат.
Кај новите Slim изданија и кај двете конзоли, сменета е технологијата и кај копчињата.
Новиот Xbox 360 S доаѓа со touch-sensitive копчиња како кај обичниот PlayStation 3, а новиот PlayStation 3 Slim доаѓа со физички копчиња како кај обичниот Xbox 360.

Но најверојатно најважната новост кај новиот Xbox 360 S е новиот голем кулер, или вентилатор или ладилник, како што некои инсистираат да го нарекуваат, достапен и кај двете изданија на Xbox 360 S.
Ова е промена која што очајнички им требаше на сите Xbox 360 конзоли, до тој степен, што некои сопственици на Xbox 360 конзоли самите купуваа и вградуваа кулери, паралелно со тоа поништувајќи ја сопствената гаранција за конзолата, само за да ја спасат истата од смрт поради прегревање.
Имено, обичниот Xbox 360 има една проклета мана, или клетва како што некои ја нарекуваат, наречена Red Ring Of Death, или Црвен Прстен На Смртта, уште попознат по кратенката RROD, или ЦПНС.
Оваа мана се појавува при прегревање на конзолата, така што 3 од вкупно 4-те сијалички околу копчето за вклучување ќе светнат црвено, по што конзолата ќе се исклучи за да се спаси од умирачка поради прегревање, но доколку се прегрее, а обичниот Xbox 360 неверојатно лесно се прегрева, следува умирачка, по што единствено решение е менување со нова конзола, доколку сега веќе покојната конзола има гаранција, или доколку нема гаранција, тогаш единственото решение е купување на нова конзола.
Ваквиот проблем дефинитивно е решен кај новиот Xbox 360 S, каде што е вграден голем кулер кој вшмукува свеж воздух во конзолата од голем отвор од горната страна на конзолата, а топлиот воздух излегува низ страничните отвори на конзолата.

Дефинитивно на Мајкрософт им влегол памет во глава со оваа ревизија на Xbox 360 конзолите.

Новиот Xbox 360 S е значително помал, потивок, и најважно, помалку се грее и подобро се лади, благодарејќи на новиот голем кулер.

Неодамна, група хакери се пофали дека успеале да го хакнат новиот Xbox 360 S за да може на истиот да се играат пиратски копии од видео игри.
Ова не е нешто неочекувано, со оглед на тоа дека сите изданија на обичниот Xbox 360, а и сите изданија на новиот Xbox 360 S доаѓаат со обичен DVD-ROM, а секој обичен DVD-ROM може лесно да се хакне, бидејќи се знае како работи, па затоа неодамнешното хакнување на новиот Xbox 360 S не е изненадување.
За новиот PlayStation 3 Slim некоја хакерска група неодамна се пофали дека успеале да го хакнат, ама по се изгледа дека станува збор за уште една глупава измама, бидејќи во видео клиповите во кои се фалат, користат оригинални копии од видео игри, што зборува дека не е хакната конзолата, додека групата хакери која се пофали дека успеале да го хакнат новиот Xbox 360 S, во видео клипот во кој се фалат, користат пиратска копија од видео игра, што докажува дека конзолата навистина е хакната.
И обичните PlayStation 3 конзоли, а и новите PlayStation 3 Slim конзоли користат BluRay ROM и тоа е проблем за хакерските групи, бидејќи за разлика од изданијата на обичниот Xbox 360, како и изданијата на новиот Xbox 360 S, кои користат обичен DVD-ROM, кој лесно може да се хакне бидејќи цел свет одлично знае како работи, од друга страна, до денешен ден не е откриено како работи новиот BluRay ROM, кој го има во сите изданија на обичниот PlayStation 3, како и во сите изданија на новиот PlayStation 3 Slim и затоа, PlayStation 3 конзолите до денешен ден остануваат сеуште нехакнати.
А од друга страна, обичниот Xbox 360, како и новиот Xbox 360 S, се хакнати, но за новиот Xbox 360 S сеуште не се излезени на Интернет алатки и упатства за хакнување на конзолата, но прашање на време е додека да истите се појават.

Така да, Woofer, ако си заинтересиран за Xbox 360 конзола, батали ги сите изданија на обичниот Xbox 360, вклучувајќи ги и Elite и Super Elite, и купи си го новиот Xbox 360 S.
Без разлика кое издание на Xbox 360 S ќе одбереш да го купиш, разликата ти е само во меморијата, ќе го купиш или изданието со сопствена меморија со капацитет од 4GB, или изданието со сопствен хард диск со капацитет од 250GB.
Ако го одбереш изданието со сопствена меморија со капацитет од 4GB, ќе можеш кога сакаш да и вградиш хард диск на конзолата, што воопшто нема да ти ја поништи гаранцијата за истата, бидејќи хард дискот се вградува и отстранува однадвор, преку страничен отвор затворен со мала вратичка, која лесно се отвора, но сепак, хард дискот ќе мора да биде од Мајкрософт, како што спомнав претходно.

За хакнувањето на конзолата ќе мораш да причекаш додека да се појават алатки и упатства за нејзино хакнување на Интернет, но како што спомнав претходно, сето тоа е само прашање на време.
 

ErT

Console Dude
Член од
17 ноември 2007
Мислења
2.208
Поени од реакции
265
Уште една технолошка новост кај новиот Xbox 360 S е оптичката аудио порта, која што може да се користи за поврзување на конзолата со професионално озвучување, а ја има и кај двете изданија на Xbox 360 S.
Оваа аудио порта ја има и кај обичниот PlayStation 3 и кај новиот PlayStation 3 Slim, но ја нема во ниту едно издание на обичниот Xbox 360, освен можеби некое од специјалните изданија.
За прв пат се појавува кај новиот Xbox 360 S.
Ова го има уште од првата верзија на 360ката. И го имаат сите 360ки. Оптичката порта за звук доаѓа со компонентниот кабел, значи се наоѓа на излезот. Откако излегоа новите конзоли со ХДМИ приклучок, ако некој сакаше аудио преку оптички излез требаше посебно да го купи компонентниот кабел, а пред тоа компонентниот кабел одеше заедно со конзолата.

Како и да е, добро си објаснал. Cheers.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom