Дома >
Спорт
Бекам на позајмица во Милан
22.10.2008
Бекам
Фудбалска вест што денеска доби силен одек во Европа. Дејвид Бекам од јануари ќе настапува за Милан, како позајмен играч од Лос Анџелес Галакси.
Сезоната во американската лига завршува деновиве, па 33-годишниот Англичанец го избрал калчо великанот за да остане во форма и да се обиде да стане рекордер според бројот на репрезентативни настапи за Англија.
Многу голем број клубови беа поврзани со поранешниот крилен напаѓач на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, но Милан беше во првите редови за англиската „Ѕвезда“.
„Бекам сака да тренира и игра за Милан. Ние го посакувавме во нашите редови и сега тој ќе пристигне во јануари, се надеваме ќе остане подолго“, вели Галиани.