leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
Незнам зошто се пронајде во мојот пост и се навреди од зборот „брбљање“ кога кратко и јасно си го кажа своето мислење.Јас се согласувам со него.АКо ми се обраќаш мене на уличарски начин, подобро немој. Може ти доликува, оти не те знам. Ама на годините, воопшто.
И сега, да си дозволам да кажам дека ова е Форум. Форум било место и е место каде што секој дава свое мислење. Воопшто не е важно колку реда. Квалитет спроти квантитет. За да нема „брблање“ може сето тоа да се спакува во добра, кратка изјава.
Е сега, ако мислев дека ова не е Форум, ќе искористев неколку статистички показатели од некои сајтови кои имаат за (лесна) задача да ви го замаат вашиот и наш слабо искористен мозок, и да ве натераат нивното мислење да биде и ваше.
Такво нешто на Форум не ни е потребно. Оти тоа веќе не е Форум, не е место каде што се објавуваат лични ставови, базирани на лични искуства и сфаќања.
Ако се користевме со гов.ком ставови, арно ќе беше се до сега.
И за крај, за да не е ова се брбљање, ќе додадам уште нешто
Убаво што си објаснил што е форум,но не си наведол една важна работа,за да можеш да плукаш и да се маваш во гради,мораш да имаш аргументи.Неможеш да се исмеваш на став,а да немаш ни еден единствен аргумент со кој го докажуваш спротивното,ова не се општи муабети во стилот дали пиете,туку ова е економија каде бројките говорат колку си во право или не си.Некои од претходните дискутанти,само исплукаа,а ништо ново не кажаа.
За првата реченица нема да искоментирам,бидејќи намерата да ме навредиш не ти успеа,а да се спуштам на тоа ниво не ми е намера.
И малку економија,не би било на одмет.
Самиот поим банкротирање на држава е политички популизам.Држава неможе да прогласи стечај,да и го одземат имотот или да и ги одземат фирмите кој се нејзина сопственостСамиот термин се користи симболично за да се долови состојбата во која се наоѓа државата.За да го објаснам подобро ќе го користам истиот термин-банкрот.lurtz напиша:Чисто ме интересира како изгледа една банкротирана држава, како пример некои држави...што се подразбира под банкрот на држава како економски поим (ако постои, се разбира)
За да една држава прогласи банкрот тоа значи државата неможе да ги сервисира своите обврски.Обврските на државата се: исплаќање на јавниот долг,социјалните трансфери во земјата (плати,пении,здраство,итн),контрола врз невработеноста,инфлација и стабилна валута.Банкрот прогласува самата држава - јавна потврда дека не е во можност да ги отплатува кредитите од странски институции,од домашни банки и претпријатиа (записи),долговите на јавните претпријатија (внатрешни и надворешни),кредитниост систем веќе не функционира (никој не сака да ја кредитира надвор и внатре),неликвидност на реалниот сектор,застој на пораст на бдп и голема невработеност.Кредитирањето на државата од странски и домашни финансиски институции се мери со каматната стапка по која се задолжува.Самата држава потоа автоматски ги намалува платите на државна администрација,пензии,социјални трансфери,здраствените услуги се покачуваат,даноците и јавните давачки со казните.
Јавниот долг кој може да го издржи земјата е различен,според капацитетот кој го поседува државата.Ризичната точка е поставена на 60% од БДП и 2% од БДП сервисирање на долгот.Но според аналитичарите,држава е пред банкрот кога земјата рапидно го зголемува својот долг,нема раст на БДП со што може да гарантира идно мирно време и отплата,стапката по која се задолжува е релативно висока во однос на можноста и капацитетот за отплата,социјалната одржливост и конкуретноста на странски пазари.Со други зборови,земја која зема,а нема можност (економска) да врати во иднина.
Примери за банкротирани држави има многу низ историјата.Аргентина во 2002 прогласи банкрот од проста причина што не сакаше да го отплатува долгот,а не поради неможноста да најде начин да го отплати.Беше казнета со забрана на финансискиот пазар,нема можност за позајмување.Мексико кога прогласи банкрот во 90те наместо јавно да ја објави веста им кажа само на САД и они ја исфинансираа.Грција денес побара јавна помош од ЕУ.Значи сите примери покажуваат дека банкротот знае да биде и стратегија во управувањето со долгот.Италија е 127% од БДП задолжена,а Грија е 124%,па јавно се исплака само Грција.Но разликата меѓу нив е што Италија се задолжи кај свои банки,а Грција надвор.Структурата на долгот е важна.Британија денес според параметрите е во тешка ситуација „пред банкрот“,а е задолжена 66% од БДП.Словенија со 40% задолженост е во опасност да влезе во банкрот.
Значи сите критериуми или аларми за тешка состојба се во игра.Бројката како бројка во долгот на државата и не игра голема улога,таа се користи само за замајување на масата која не разбира што значи и земање на полтички поени.Не е страшно да се задолжиш,страшно е како ќе ги вратиш,со кои пари?
Ние сме умерено задолжена земја,па повторно сме по сите показатели пред банкрот.Ние сме водечки по невработеност,низок животен стандард и напумпани плати на хартија,распаднат здраствен систем и земја која рапидно се задолжува.Дома го заглави реалниот сектор,каде со записите успеа да им ги испумпа парите за кредитирање,а надвор се задолжуваме со каматна стапка од 10% која укажува дека ептен имаме сјајна иднина

Но да не ме поврзуваат со опозицијата која ужасно ме нервира што ги толкува бројките само за широки народни маси,поимот „банкрот“ не го споменувам за нас.Ќе велам сиромашни,со апашка власт и огромна невработеност.
И за да не бидам плукана на оваа тема без причина,сакам да кажам дека стојам зад секој збор што досега го имам кажано во овој подфорум.
--- надополнето ---
И да додадам во однос на политичката економија која се проструи во темава,во овие 4 години од кога ја сменивме власта,економски тапкаме во место.Токму тоа се обидувам да го објаснам овие две години низ темиве.Не сме полоши од порано,не ни можеме да бидеме,ама не сме ни напред,бидејќи бројките велат стоиме во мртва точка и вергламе.Затоа постови од типот „цветаат ружи зарем не гледате?“ ми бодат очи и реагирам
