Македонија пред банкрот

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Онак, тебе ти смета личност, постава (со лав или ружа) или состојбата во Македонија? Пошто некако ептен напињаш со тоа партиите, редно е да кажеш успесите на другите, нели? Пошто знаеме какви лајна се, едни ќе си одат со була у здравство и у буџет, други ќе ги напаѓаат и обратно, за неколку години истите муабети само со обратен редослед, зарем не научивме досега?...едина разлика е што едните не го продадоа у старт името, нели...а се врзани со многу личности со јужниот сосед, да не го занемариме и тој многу битен чинител :) а можда и другите немаше да го продадат у старт, само се дуваат дека ќе не внесат као Северна или Фиром па после ќе му ја мислиме.
па што знам... можда ОБЕДИНЕТИ ЗА МАКЕДОНИЈА? интересна им е програмата, ја читав... за прв пат покрај вмро и сдсм се појавува јака личност која има доволно капацитет да им се спротистави... реално на груевски му се тресат коленцата од него зато и по телевизии толку напиња и запиња да го дискредитира љубе, а на времето кога се враќаше од хаг, он прв беше да го пречека и изљуби, а сега пошто свати дека му е сериозна закана на секој можен начин се обидува да го сруши. за разлика од досегашните гоооолеми ветувања од сдсм и вмро (во програмските платформи), на “брат“ љубе идејата му е да да го обедини македонскиот народ, наместо досегашната пракса да се цепкаат и двојат, еве ви пример од вмро има 10 партии, или јас ги викам врсти и подврсти, он сака да ги собере на купче сите и со заедничка платформа да истапат... како што вели во статутот нивни: државата е на народот, а не на фотељашите... власта треба да работи за нив а не за себе... и во право е... он е човек кој потекнува од село и мислам дека многу добро зне како изгледа да се избориш за да се појавиш, кој е трновитиот пат за нагоре, за разлика од досегашниве наречи ги лидери, кои од зградата или куќата во маало, (на асвалтирана улица) седнаа во клупа, паод столчето на факултет седнаа во министерски фотељи... тие баш и не осетиле нешто тешко како изгледа да се бориш за нешто или некого или па за успех на македонија во краен случај... нај искрено, полека ама сигурно им станувам симпатизер на обединети за македонија... еве сега да има избори во моментов, 90% сум сигурен дека ќе гласам за нив, само уште да им ја прочитам предизборната кампања која ќе им биде... а не овие преродби, препородби, во 100 или милион чекори... преку онак џуниор веќе и од сдсм и од вмро...

незнам дали може да се најде електронска верзија од промоцијата на ОМ (обединети за македонија)... да видите која е битната разлика во однос на досегашните... плус многу ми се свиѓа нивниот предлог за закон против олигархијата и непотизмот... неможе бе да си предаваат работни места самозатоа што имаат исто презиме, на братучед, брат, свекор, снаа, итн итн... демек вмро се залагаше против тоа а на големо го практикува... а нај на крај е кастрењето на превработеноста во државната администрација... предлог има еден да се тоа одвојат воразлични ПРИВАТНИ фирми кои ќе се откупат или продадат на физички или правни лица... има има доста интересниработи, се гледа дека доста големи тимови стоја во ОМ и дека не се заебанција... ќе видиме, има време до следните избори, можда у меѓувреме ќе се избламираат нешто, а можда и грујо+бране ќе се избламираат нешто.. затоа времето ќе покаже... можда оние 90% ќе станат 100 или 0, затоа ќе видиме, ама како трета опција сега за сега ми се на видни високо место... па кога ќе видиш и нема друга опција... дајте му на некого да се докаже, овие до сега се докажаа кои се и што се...
 
T

the Carpenter

Гостин
Не е пред банкрот, туку после банкрот. Само, на вести немаат кажано, па не знаеме.
Економската ситуација во државава е канта, ама ние сеуште веруваме во подприродните сили на нашите луѓе во црно (со портокалеви манири) дека нема да не фрлат на буниште.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Може ли наместо да брбљате на празно да составите пет десет реченици со кој периодот за кој е заснована темата е полош/подобар од денес.
Би било интересно да се види до каде сме после една година од Славевски.
За помош еве два линка :
http://www.nbrm.gov.mk/?ItemID=750FC531FC3D1B49B16440313562D400
(И некои други информации од месечни извештаи низ сајтот.) и вториот линк директно од министерството за финансии со последниот извештај кој го подготвиле :
http://www.finance.gov.mk/files/u9/3_KED_mart_2010_za_web.pdf

Би било фер да споредите податоци и да докажете дека денес е подобро од лани.Повелете,а јас ќе земам пуканки :)

п.с.И нешто кое неможам,а да не го додадам за светецов кој не води:Каде во светов има случај,освен во Македонија,човекот кој ја искраде цела земја пред очите на сите,да остане без ни една кривична пријава кога веќе не е на власт?Кога ќе тргнеш од ова ќе сфатиш дека сите исто мирисаат и се покриваат,а ние страдаме.
 
T

the Carpenter

Гостин
АКо ми се обраќаш мене на уличарски начин, подобро немој. Може ти доликува, оти не те знам. Ама на годините, воопшто.

И сега, да си дозволам да кажам дека ова е Форум. Форум било место и е место каде што секој дава свое мислење. Воопшто не е важно колку реда. Квалитет спроти квантитет. За да нема „брблање“ може сето тоа да се спакува во добра, кратка изјава.

Е сега, ако мислев дека ова не е Форум, ќе искористев неколку статистички показатели од некои сајтови кои имаат за (лесна) задача да ви го замаат вашиот и наш слабо искористен мозок, и да ве натераат нивното мислење да биде и ваше.
Такво нешто на Форум не ни е потребно. Оти тоа веќе не е Форум, не е место каде што се објавуваат лични ставови, базирани на лични искуства и сфаќања.
Ако се користевме со гов.ком ставови, арно ќе беше се до сега.
И за крај, за да не е ова се брбљање, ќе додадам уште нешто

Пред Славевски, беше тешко. Пари немаше, имаше пари кои доаѓаа од донации и изаеми со мали грејс периоди. Тие пари се враќаат на поинакви начини, пример учевство во Авганистан и слично.
Во време и после Славевски, оправдание ни е сеуште само кај нас актуелната криза. Пари нема, инвестициите го пробија плафонот, се трошат кредити. Сегде параноја сите се до гуша во криза. А ние сакаме да имаме античка гордост.
Па се крати од студенти и болни. Се дава за коњи и коњоводци, кои биле боеми и даскали.
Македонија е пост банкротна земја.
А вие брбљајте ...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
http://krap.blog.com.mk/node/12126#new позајмено од блог на Крап (врста речна риба) :)
Може ли наместо да брбљате на празно да составите пет десет реченици со кој периодот за кој е заснована темата е полош/подобар од денес.
Би било интересно да се види до каде сме после една година од Славевски.
Веројатно никаде пошто глеам 20 години иста состојба, поточно 18 (минус предприватизациониот период)
Еве нешто за тоа
(за името, меѓутоа во основата е служење со лаги)

Позајмен текст пошто ме мрзеше да барам архиви...но ако треба, но проблем.
-За време на БЦ и СДСМ Македонија се наоѓаше на 105 место на корупција заедно со Уганда...

-За време на владеењето на БЦ и СДСМ, процентот на невработени се искачи од 27% на 40%, т.е. бројката на невработени се зголеми за нови 150 000 невработени

-Штрајкови на земјоделци и стечајни работници

-За време на владеењето на БЦ и СДСМ во Македонија имаше над 100 000 неписмени граѓани

-За време на владеењето на БЦ и СДСМ во Македонија имаше незамисливо висока корупција во здравството

-БЦ и СДСМ не ги бројат бугарските пасоши во своите редови?

-Аболиција на криминалот на олигархијата и уништување на македонската економија

-За време на владеењето на БЦ и СДСМ во Македонија имаше афери со кои се изнесоа милијарди долари надвор од Македонија

-За време на владеењето на БЦ и СДСМ во Македонија имаше бројни неразјаснети убиства и самоубиства

-Колку пати БЦ го промени својот „цврст и принципиелен став за името кое беше сменето во негово време, исто како и знамето?

-Кои се „повисоките мотиви заради кои Б.Ц. ја сака власта?

-Од кои мотиви Б.Ц. не ја обележа границата со Косово во 2004 иако и тоа го вети?...

...како ли ќе изгледаше иднината на Македонија да не и ја „обезбедеше БЦ???

15 години Бранко Црвенковски На 15 ти септември На 15 септември 15 godini Branko Crvenkovski Na 15 ti septemvri 15 septemvri СДСМ SDSM BC БЦ Криминал Kriminal Убиства Ubistva Самоубиства Samoubistva Sverc Шверц Корупција Korupcija Republika Makedonija Република Македонија Смена на знамето Смена на името Smena na znameto Smena na imeto Bugarski pasosi Бугарски пасоши Стечајци Stacajci Strajkovi Штрајкови
Значи, ако не пред или зад банкрот туку исто. без врска е што ништо подобро немаат постигнато и не е оправдување на несработеното, но...неколкупати прашав претходно -кој ги има банките и големите фирми во Македонија, во чии раце е капиталот од Македонија... од кои навистина зависи стопанството (и нестопанството)? Ние сме едноставно заложници на неколкумина феудалци...
http://forum.kajgana.com/showthread.php?49195-Зошто-Македонија-тапка-во-место-наведете-барем-3-причини!&p=3582266&viewfull=1#post3582266 во тој пост стои и ова
Од многуте економски експерти, никој до денес не седна да направи една груба пресметка колку пари се испумпани од Македонија преку разни измами, приватизациски мангуплаци и мајмунлаци, од нејзиното осамостојување до денес: од црните вреќи од ТАТ, преку офшор-компаниите, кои транзициски никнаа како печурки од Девствените до Кајманските Острови, па се' до депозити во странски банки каде што неповратно е орочено она што требаше да биде економска иднина на земјава. Кога ќе се „институционализира“ едно такво криминално однесување, не треба да не' чуди што по истиот модел во секој владејачки циклус ни се репризираат исти постапки на нови мангупи - од „Окта“ преку „Матав“ до оние за кои се' уште немаме никаква информација, а камоли слободен пристап до неа...
Затоа велам не банкрот, никакви промени нема, скокови и падови во задолжување секогаш имало (и Поповски као премиер мислам дека нешто со еврообврзници се задолжуваше), а ситуацијата е статус кво...мочвара :) едино што можи овој папата ќе не шитнеше побрзо у еу со сосем друго име и презиме, гледајќи кој му е дружба од нго и медиуми :)

Падна пред некој ден муабет за куќни совети фирми...отом потом...а е поврзано со начинот на (не)сопственост на зградите во споредба со други истоични земји.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Читам неколку страни наназад...пред да паднам во кома или да се пријавам за првиот случај на екпериментална лоботомија во нашиве лудници мора да го споделам ова со вас,(не)драги мои форумџии...

Македонија не била банкротирана,демек пропаганда :tapp:
Ок, викате не е банкрот и не е пред банкрот а зборувате за Португалија , Шпанија , Италија, Грција а притоа заборавате принципот на споени садови.Алоо енибади хоум не е ова 1903... Прво денарот е врзан за еврото, второ ние немаме инфраструктура а таа што ја имаме :vozbud: е толку запоставена и дотрајана што по секој поголем дожд имаме одрони, поплави и отсечени села. Тие држави имаат инфраструктура за која ние можеме да сонуваме и таа инфраструктура ќе им овозможи да фураат уште добри 20 години без мака а ние ќе си одиме со магариња на пазар и торбите од прашок за перење...од оние старите. Инаку за тие што не приметиле - Скопје не е Македонија, да знам дека не ви се верува :tapp:... додека вие гледате дека во Скопје се е во ред (некои населби барем) на други места мака мачат со разни проблеми од водоснабдување до електрична струја а најчест проблем им се патиштата.
Не се радувајте премногу.Ако колабираат тие земји ние ќе го јадеме без лубикант, ЕУ ќе ни ги скрати сите фондови, кредити, грантови и парите ќе си ги задржат за свои субвенции,проекти,било што...а тие средства во моментов се апаратот за дишење на државава.Заедно со парите од дијаспората...и по некој залутан турист од Бугарија и понекој напатен Грк од забоболка во Струмица и Гевгелија и други вукојебини...

Македонија не е банкротирана?
Ништо не ви кажува што на пример студентските стипендии и кредити каснат по 6 месеци? Што здраството нема ни инсулин а има лекари кои работат за 4.000 стажираат по цел век? А не нешто друго, недостатокот на лекови, зголемени цени (иако тврдат дека се намалени :tapp:) на лековите? Не ви кажува нешто што доаѓаат сметки за радиодифузна такса стари 10 години:vozbud: , жалби од граѓаните дека услугите се...непостоечки (им било ладно, нема кабелска, интернет паднат итн) а и дека им стигааат набилдани сметки а властиве молчат?

Не ви кажува нешто недостатокот на понуда на ноќен живот, полупразни кафичи на улица Македонија? По улица кога идете не сте забележале се повеќе празни дуќани со знак „се издава“?
Или пак треба да споменам дека власта не успеа да издаде обврзница од 200 милиони ? Се врати со празни раце? Не ви кажува тоа нешто? Целиот свет гледа во очи на тешка криза и вие мислите дека ние сме имуни? Помислете два пати . Уште не кажаа колку ќе не чини кризата во Грција и затворањето sweat shops низ југоисточна Макеоднија од страна на Грците а камоли колку неисплатени побарувања има .... Не ви кажува сево ова нешто?
Или пак ќе чекате да ви исклучат нет, вода и струја и тогаш ќе ви текне...ооо shit.......too late assholes...:helou:

Хинт сшецијално за интелектуалната елита и носачите на авиони...упс...дипломи...
Дали сте приметиле последниве месеци колку има поплави,одрони,пропаѓања на патната и другата инфраструктура...власта ќе прави „координација“ што во превод значи дека на секој денар за санација ќе се прикачат како љиљаци неколку буџетски паразити...:vozbud:

Компаниите кратат на одржување како што заработката се смалува,со тоа се наголеми ризиците по вработените кои пак ако се повредат,осакатат (умрат!?) и онака нема да имаат за лечење и кругот се затвара...а се помалку има кадар кој ќе ги замени дури и се помалку им се работи на рајава за 100 евра месецот...:tapp:...апатија...

Македонија не е пред банкрот Македонија е пред колапс. Банкротот одамна помина само вие сакате да си мислите дека никогаш не се случил .Извадете главата од песокот...синдромот на Ној не ни помогнал во овие 1000 години,нема ни сега.

Јасно дека на никој нема да му текне...дури не е прекасно...упс...forget it...ВЕЌЕ Е ПРЕКАСНО...:vozbud:


Ова е за сите посветено...goodmorning,goodafternoon & goodbye

 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Ај ќе биде подобро белки, после дожд...

Чисто ме интересира како изгледа една банкротирана држава, како пример некои држави...што се подразбира под банкрот на држава како економски поим (ако постои, се разбира) :wink:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
Ај ќе биде подобро белки, после дожд...

Чисто ме интересира како изгледа една банкротирана држава, како пример некои држави...што се подразбира под банкрот на држава како економски поим (ако постои, се разбира) :wink:
Сиромашна и банкрот држава се 2 различни ствари... Ние сме сиромашни (факт) али не сме банкрот фала боже... пу пу..

Банкрот држава според мене би била сведнава:

Кратење на плати
Кратење на пензии
Стопирање на субвенции по разни основи
Девалвација на валутата (денарот)
Пропаѓање на берза и банки
Криза со нафта и други деривати (како што денес слушам Грците од кај нас купувале бензин)
Бркање од работа на администрација
итн...
Сеуште незнам пример за банкрот држава (можда Србија во 90-тите,ама она беше под ембарго )
ако знае некој нека каже
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
заврти се околу себе, види што се дешава, преброј се лани во ова време со парите во џеб што ги имаше шти се можеше да си дозволиш и сега со парите во џеб што можеш... поскапување на производи, покачување на данок, намалување на плати на буџетари, намалување и плус каснење на бенефиции и исплати од буџет, продавање и задолжување преку државни записи, продажба на евро обврзници, кратење на кредити, вештачко кревање на просечна нето плата, неделно поскапување на прехрамбени продукти...

тоа е банкротирана држава... како што реков некој ден претходно и некој пост погоре, ќе го повторам истото, македонија не е пред банкрот... македонија Е ВО банкрот...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Заради тоа и мене не ми е јасен овој поим. Дали постои или не, кои се одликите...и така натаму

Еве што велат во медиумите и во владата за состојбите во економијата

Помалите приходи во буџетот го вклучиле алармот. Министерството за финансии почна да го крои новиот ребаланс откако службите се уверија дека приходите не се собираат со предвиденото темпо.

Официјално во април вкупните приходи се помали за пет отсто од владината проекција, кај даночните има потфрлување од три проценти.

- Веќе е очигледно дека има пониски приходи од што очекувавме, па веднаш реагираме со еден ребаланс за да ги прилагодиме приходите на расходите, изјави Зоран Ставрески, министер за финансии за емисијата фактор 5.

Поголеми отстапки од проекциите има кај данокот на добивка и кај акцизите. Стопанството има проблеми да обезбеди ликвидност, индустријата тешко се опоравува. Кризата во Европа и стравот од нови рецесиони движења, ја загрижуваат и власта.

- Тоа е нешто што загрижува, затоа што нашата економија е над 70 отсто ореиентирана кон Европа, ние директно сме зависни од слушувањата таму. Ќе направиме се да ги ублажиме тие шокови, изјави Никола Груевски, премиер на РМ.

Владата за годинава проектираше раст на вкупната економија од два проценти. Со претстојниот ребаланс на буџетот иако ќе се коригираат проекциите и за расходите и за приходите, прогнозата за бруто домашниот производ најверојатно нема да се смени. Народната банка, пак смета оти економијата ќе порасне најмногу еден процент.
Ребаланс ќе има но тој нема да влијае негативно врз јавната администрација, вели премиерот Никола Груевски. Платите и пензиите нема да се кратат, даноците нема да се зголемуваат.
Според него, економската состојба засега е стабилна за разлика од некои европски земји кои длабоко влегоа во рецесијата.
Помали приходи заради ослободување од одредени даноци.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
заврти се околу себе, види што се дешава, преброј се лани во ова време со парите во џеб што ги имаше шти се можеше да си дозволиш и сега со парите во џеб што можеш... поскапување на производи, покачување на данок, намалување на плати на буџетари, намалување и плус каснење на бенефиции и исплати од буџет, продавање и задолжување преку државни записи, продажба на евро обврзници, кратење на кредити, вештачко кревање на просечна нето плата, неделно поскапување на прехрамбени продукти...

тоа е банкротирана држава... како што реков некој ден претходно и некој пост погоре, ќе го повторам истото, македонија не е пред банкрот... македонија Е ВО банкрот...
Според тебе ние сме банкрот 20 години,може и повише :) Ја лично, а и многу околу мене, не чувствувам никаква разлика од лани, предлани пред 3 или 5 години. Дремеме у место,исто сме... А кажи ми за кои тоа буџетари ми збориш дека им намалиле плати ?? Колку што знам последниве години на нив само им ги пупмаат платите,неам слушнато дека им ги намалиле..Потсети ме на кој сектор мислиш ?

П.С. Татко ми е пензионер, и до сега пензијата ден нема закаснето,немој да се лажеме у очи, на тутунарите 1 ден им закасниле, овие одма на штрајк,као порано да им делеле субвенции,па сега се изреволтирале..
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Сиромашна и банкрот држава се 2 различни ствари... Ние сме сиромашни (факт) али не сме банкрот фала боже... пу пу..

Банкрот држава според мене би била сведнава:

Кратење на плати
Кратење на пензии
Стопирање на субвенции по разни основи
Девалвација на валутата (денарот)
Пропаѓање на берза и банки
Криза со нафта и други деривати (како што денес слушам Грците од кај нас купувале бензин)
Бркање од работа на администрација
итн...
Сеуште незнам пример за банкрот држава (можда Србија во 90-тите,ама она беше под ембарго )
ако знае некој нека каже
до 2008 година македонија БЕШЕ САМО сиромашна земја.... сега не е “само„ сиромашна? ти стварно неможеш да ја осетиш разликата на животот до 2008 и по 2008? од 2008 септември државата почна рапидно да опаѓа финансиски додека лани 2009 некаде околу ноември не беше кулуминацијата...

колку години имаш? размисли дали можеш да дадеш репер со искуство...

јас со моето работење можам да кажам дали сме или не во банкрот... до 2008 година, фактурираните извршени и договорени работи со било кое министерство се исплаќаа со нај многу каснење од 15 дена... сега неможе да се наплатат дури ни по 6 месеци чекање... не зборам само за моето работење туку зборам за работењето на сите мои познаници... еден куп фирми или се затворија или се пред затварање поради не исплатените долгови од страна на власта... а се тоа е заради лошото менаџирањена целата наша сакана ни власт... додека они си градат бисти, споменици, звона, бикови, шмисли, куќи на вмро и слично, буквално народот го оставија да гладува, наместо тие пари да ги инвестираа во економијата на државата и да ги задвижат малку работите, немаше да бидеме банкротирана држава туку ќе си бевме само она првото т.е. сиромашна држава...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
колку години имаш? размисли дали можеш да дадеш репер со искуство......
Од искуство изгледа има само......трошење на пензијата на татко му...:pos:
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
а се тоа е заради лошото менаџирањена целата наша сакана ни власт... додека они си градат бисти, споменици, звона, бикови, шмисли, куќи на вмро и слично, буквално народот го оставија да гладува, наместо тие пари да ги инвестираа во економијата на државата и да ги задвижат малку работите, немаше да бидеме банкротирана држава туку ќе си бевме само она првото т.е. сиромашна држава...
И шо демек сеа најдобро ќе менаџира третата опција(обединети за Македонија)...

Па ти дали си свесен дека човекот шо стои на таа партија сакаше да биде претседателски кандидат на ВМРО....и од коа овие го одебаа пошто човек што излегол од Хаг не е на арно да го стаиш да ти води држава...пошто сите шо се пуштени од Хаг одработуваат за странски служби(како што е наведено во многу политички весници низ балканот)!...епа сеа ти види дали таа трета опција баш на чело со дотичниот господин ќе сакаш да ти ја води државата...

А тоа дека демек програмата им била за против непотизам и сл....тоа е само ветер и магла...стај се ти на место негово и ќе сфатиш дека на овој народ треба да му го кажуваш тоа шо сака да го слуша!!!(а ти си се фатил у таа замка како љубопитен слушател) :tv:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
И шо демек сеа најдобро ќе менаџира третата опција(обединети за Македонија)...

Па ти дали си свесен дека човекот шо стои на таа партија сакаше да биде претседателски кандидат на ВМРО....и од коа овие го одебаа пошто човек што излегол од Хаг не е на арно да го стаиш да ти води држава...пошто сите шо се пуштени од Хаг одработуваат за странски служби(како што е наведено во многу политички весници низ балканот)!...епа сеа ти види дали таа трета опција баш на чело со дотичниот господин ќе сакаш да ти ја води државата...

А тоа дека демек програмата им била за против непотизам и сл....тоа е само ветер и магла...стај се ти на место негово и ќе сфатиш дека на овој народ треба да му го кажуваш тоа шо сака да го слуша!!!(а ти си се фатил у таа замка како љубопитен слушател) :tv:
А до сега имало некој кој кажал нешто што народ т.е овие теленаркоси наоколу...не би сакал да го слушне???? Или да кажал, ветил нешто, па после да си останал на зборот????
 

Kajgana Shop

На врв Bottom