Дали постои апсолутна вистина?

D

drle

Гостин
Онака рано сабајле и плус тоа уморен само ќе констатирам дека апсолутна вистина постои и за тоа ќе наведам најприкладен пример: штом некое живо суштество ќе се роди тоа мора и да умри (во физичка смисла се однесува ова и тука не важи она демек ќе живеело во срцата наши, за суштеството велам), попросто не можи да биди, е сега да се најди некој што ќе ја побие оваа моја теорија за апсолутната вистина.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Следен пример. Те сретнуем тебе на улица со женска ти, доаѓам ја залапуем нејзе, и тебе ти маам бокс.
Нервозен ке бидеш?

Апсолутна вистина, непроменлива. Во секој можен случај така ке заврши.
Вистина...

Нервоза? Сосема смирено ќе бидеш онеспособен. А после те препуштам на неа...тешко тебе...:vozbud:
Значи...сосема различно сценарио...

Види ја првата лекција од претходниот пост.За понатамошн муабет на темава неопходно е да ја научиш.Исто важи и за годхејтасол и за аут-бој.

П.С. Имаше еден член или членка или двете во исто време...тврдеше дека физички бил маж а уствари бил жена,или така нешто...требаше да го убедите во апсолутната вистина :pos2::pos2::pos2:
 
O

Out Boy

Yes, master!
:pos:

Види вака детуле, ако тргнеме да ја бараме апсолутната вистина преку филмовите, тешко нас ќе биде. Наместо клипови од научно-фантастични филмови, најарно е да пишеш некоја реченица, каде ќе сумираш зошто апсолутната вистина не постои.

И те молам, немој со муабети од типот: ако ја те удрам, ти дали ќе ждригнеш, може да, може не. Збориме овде за објективната вистина и реалност, која не зависи од нашите моментални сетила.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Матрикс како добар почеток за теориите околу `вистината`.

Значи за да е апсолутна вистина треба да е секогаш,секаде и под кои било услови.
Такво нешто нема.
Гравитацијата важи тука.На друго место не.На трето нешто трето важи.

Сменето е одамна

Некој треба да му каже на типов дека ќе се изгори...вистина...
Концептот на Матрикс можеби е вистинит, но тоа е само една теорија која ти сакаш да ја застапуваш. А дали постои Дракула? А Атлантида? А вонземјани во Областа 51?

Шпекулации кои секако се во доменот на овој подфорум, но се едноставно непоткрепливи, како што е фамата околу постоењето на Господ (што донекаде ќе дојде истата тема). Од друга страна, апсолутна вистина на сликата која ни ја приложи е дека, секое човечко суштество ќе се здобие со изгореници ако доволно долго стои на жарот. Болката е емоција, а емоциите се крајно субјективни и не можат да влезат во темава. Исто како и “нервозниот“ пример на Дон Јас. Но кожата на секој човек ќе се изобличи ако застане на огин. Некој побрзо и повеќе некој поспоро и помалку, но константа е, апсоултна вистина дека оганот на кожата делува без исклучок на ист начин.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Yes, master!
:pos:

Види вака детуле, ако тргнеме да ја бараме апсолутната вистина преку филмовите, тешко нас ќе биде. Наместо клипови од научно-фантастични филмови, најарно е да пишеш некоја реченица, каде ќе сумираш зошто апсолутната вистина не постои.

И те молам, немој со муабети од типот: ако ја те удрам, ти дали ќе ждригнеш, може да, може не. Збориме овде за објективната вистина и реалност, која не зависи од нашите моментални сетила.
Напоменав дека филмот е прва лекција.Како такв е лесен и едноставен за разбирање.Ќе има и други лекции...па ќе видиме...
Што е апсолутна вистина - дали лејди-квир е мажко или женско :vozbud:

Концептот на Матрикс можеби е вистинит, но тоа е само една теорија која ти сакаш да ја застапуваш. А дали постои Дракула? А Атлантида? А вонземјани во Областа 51?

Шпекулации кои секако се во доменот на овој подфорум, но се едноставно непоткрепливи, како што е фамата околу постоењето на Господ (што донекаде ќе дојде истата тема). Од друга страна, апсолутна вистина на сликата која ни ја приложи е дека, секое човечко суштество ќе се здобие со изгореници ако доволно долго стои на жарот. Болката е емоција, а емоциите се крајно субјективни и не можат да влезат во темава. Исто како и “нервозниот“ пример на Дон Јас. Но кожата на секој човек ќе се изобличи ако застане на огин. Некој побрзо и повеќе некој поспоро и помалку, но константа е, апсоултна вистина дека оганот на кожата делува без исклучок на ист начин.
Не се шпекулации.Науката се движи во тој правец.

Физичарот Дејвид Бом,невропсхијатарот Карл Прибрам, а главен беше Мајкл Талбот кој за жал се упокоил прерано...
Во секој случај...не е спорно дека сите ја делиме оваа консензус реалити.Оттука недоразбирањето...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Напоменав дека филмот е прва лекција.Како такв е лесен и едноставен за разбирање.Ќе има и други лекции...па ќе видиме...
Што е апсолутна вистина - дали лејди-квир е мажко или женско :vozbud:

Не се шпекулации.Науката се движи во тој правец.

Физичарот Дејвид Бом,невропсхијатарот Карл Прибрам, а главен беше Мајкл Талбот кој за жал се упокоил прерано...
Во секој случај...не е спорно дека сите ја делиме оваа консензус реалити.Оттука недоразбирањето...
Убаво што го спомна Лејди Квир. :) Имаше и еден момак/девојка на олимпијадава кој има нешто као подеднакво хормони машки и женски, или нешто така што не е ни битно. Битно е, дека едно човечко суштество може да роди само ако има систем за раѓање деца. Матка, јајници шо и да е. И тоа е апсолутна вистина. Не може Лејди Квир, ниту “типов“ од олимпијадата да го напраи тоа ако има нешто што му се ниша меѓу нозе па колку и да има примеси, предиспозиции или желба да роди.

А вториот дел, консензус риалитито... точно дека е консензус, за многу ствари, но (повторно) никој не го видел Бог, никој не се вратил од Рајот, никој не го видел Зион, ниту еден вонземјанин не се појавил на ТВ, освен оној дисекцираниот но мртов (шо можда е само маска) ниту пак сме виделе вампир во живо како се претвора во лилјак. Ние можеме да веруваме и да се надеваме, но истовремено можеме да се надеваме дека сме реинкарнација на Чарли Чаплин, ама никогаш нема да бидеме смешни како него.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Концептот на Матрикс можеби е вистинит, но тоа е само една теорија која ти сакаш да ја застапуваш. А дали постои Дракула? А Атлантида? А вонземјани во Областа 51?
Е! Фала ти Викторе за помошта..
Значи, кога зборуваме за некоја тема, односно еве, Виктор го напомена концептот на Матрикс, а во неа е застапена Можност, значи дека ние не зборуваме за факт, туку за посибилити.
За да дојдеме до заклучок на разговоров, мора да зборуваме со факти.
Е сеа, јас, гравитацијата ти ја давам како експериментално докажан факт и нејзиното дејство врз тебе го зимам како апсолутна вистина.

Е, сеа, за ти да ми докажеш дека Апсолутна вистина, не постои, ти треба да го побиеш мојот факт.
Фокусирај се малку на тоа. Со оглед дека до сеа неможеше никого да убедиш дека апсолутна вистина не постои, а постојано се фокусираш на индивидуална перцепција.. Молим те, фокусот тргни го накај побијување на мојот факт :)
Доколку не успееш, пристојно сум ти докажал дека апсолутна вистина постои.

И, за крај, те молам, користи Факти.

[Цел пост се однесува кон секачот :) и патем, го молам, да не ја врти пак темата лево десно, мука ми е да докажувам одамна докажани ствари..]
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Еве сега една апсолутна вистина.

Јас сум на часови во школо. Читам пстови, во кои Тоукатер не докажува ништо, пошто сите негови теории се побиени. Јас и Стефан, со примеси на Викторгг и АутБој, ги побивме истите, и поставивме неколку непобиени, воедно и непобивливи. (Смешен збор, релативна вистина, само мене ми е смешен)
Исто така уште еден прост пример за апсолутна вистина, чичко секач. Мојата професорка по физика изборна има црвена коса и фаќа на српски акцент. А ти чим викаш тоа што не го гледаш не постои, според тебе сега нема да стои позади мене и да ми кења пошо штракам на тастатура.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Сите против Toecutter...:vozbud:
ОК бринг ит он...

За да разберете за што се работи ќе продолжам со втората лекција.
Користејќи ги вашите аргументи. Ќе стигнеме до заеднички заклучок...

Коментирајте ја сликава...

А некој ако сака да дефинира што е апсолутно...

Еве и друг поглед кон апсолутната вистина...за некого...

S

smart ass

Гостин
Е! Фала ти Викторе за помошта..
Значи, кога зборуваме за некоја тема, односно еве, Виктор го напомена концептот на Матрикс, а во неа е застапена Можност, значи дека ние не зборуваме за факт, туку за посибилити.
За да дојдеме до заклучок на разговоров, мора да зборуваме со факти.
Е сеа, јас, гравитацијата ти ја давам како експериментално докажан факт и нејзиното дејство врз тебе го зимам како апсолутна вистина.

Е, сеа, за ти да ми докажеш дека Апсолутна вистина, не постои, ти треба да го побиеш мојот факт.
Фокусирај се малку на тоа. Со оглед дека до сеа неможеше никого да убедиш дека апсолутна вистина не постои, а постојано се фокусираш на индивидуална перцепција.. Молим те, фокусот тргни го накај побијување на мојот факт :)
Доколку не успееш, пристојно сум ти докажал дека апсолутна вистина постои.

И, за крај, те молам, користи Факти.

[Цел пост се однесува кон секачот :) и патем, го молам, да не ја врти пак темата лево десно, мука ми е да докажувам одамна докажани ствари..]
ako trgneme deka gravitacijata e apsolutna togas bi trebalo i jakata i slabata nuklearna sila kako i elektromagnetnata da bidat apsolutni,no toa ne moze bidejki apsolutna vistina e edna.

a i sekako gravitacijata se relativizira vo kvantnata mehanika kako i pri iskrivenosta na prostor-vremeto bidejki vremeto tece pobavno koga predmet e povlecen od crna dupka ottuka i gravitacijata ja gubi apsolutnosta.
 
Да не постоеше материјата, просторот ќе беше празен. Ако нема предмети кои го пополнуваат просторот, нема да постои ни времето, бидејќи тоа е измислена величина за мерење на секвенци од определен настан, со кој се компарира траењето на настаните кои се резултат на движењето на ОБЈЕКТИТЕ (материјата).

Значи, АПСОЛУТНА ВИСТИНА за ова твоето би била дека гравитацијата се релативизира поради искривеноста на просторот, бидејќи времето тече побавно кога предметот е повлечен од црна дупка.

Само, за мене е спорен делот каде се вели дека “времето тече побавно...“ бидејќи не е така. Примерот со периодичното испраќање на светлосни сигнали од објект кој се движи кон црна дупка е погрешно интерпретиран, бидејќи не се работи за времето кое ќе тече побавно, туку светлината ќе се движи побавно поради тоа што фотоните ќе бидат забавени од големата гравитација на дупката.

:toe:
 
izvini ma greka si

eve vidihttp://hubblesite.org/explore_astronomy/black_holes/encyc_mod3_q15.html

a i ti kazav ostanatite fundamentalni sili isto kako gravitacijata treba da se apsolutni ottuka apsolutna vistina mora da e edna...a priseti se vo kvantnata mehanika vladeat sosema razlicni zakoni
 
Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
ako trgneme deka gravitacijata e apsolutna togas bi trebalo i jakata i slabata nuklearna sila kako i elektromagnetnata da bidat apsolutni,no toa ne moze bidejki apsolutna vistina e edna.

a i sekako gravitacijata se relativizira vo kvantnata mehanika kako i pri iskrivenosta na prostor-vremeto bidejki vremeto tece pobavno koga predmet e povlecen od crna dupka ottuka i gravitacijata ja gubi apsolutnosta.
Ne se relativizira voopsto postoenjeto na gravitacijata.
 
S

smart ass

Гостин
da taa postoi no odnosot vreme gravitacija ja relativizira(pri vlez vo crna dupka),isto taka kak mo apsolutna vistina e pobiena so faktot sto postojat drugi vistini kako prethodnite tri fundamentalni sili,zarem ne se tie apsolutni na primer elektromagnetnata???

a znaeme apsolutna vistina e edna-ottuka ne moze nitu endna od ovie 4 sili da bide apsolutna oti apsolutnata vistina e edna(ne 4 fundamentalni sili:helou:)
 
O

Out Boy

Гостин
Хахахаа... па баш тоа го кажав погореееее...
Часовникот не откуцува поспороооо... вика “ако и вие бевте фрлени со часовникот, тој ќе си откуцуваше нормално...“ Зошто со телескопот се гледа дека откуцува поспоро????

Затоа што колку тој е поблиску до црната дупка, толку повеќе време му треба на светлината да дојде до нашето око, бидејќи што поблиску е часовникот до дупката, толку поголема е гравитационата сила, а брзината на светлина е помалааа...

Е сега, моментот кога “времето запира“ демек, е оној момент каде фотоните не се способни да се ослободат од гравитацијата. Дали добро разбраб дека после хоризонтот на настани, часовникот нема да го гледаме? :kesa:

:baeh:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom