Наместо да носат странски инвестиции - економските промотори, почнуваат свои бизниси. Промоторот во Америка Филип Петков, основал сопствена компанија во исто време кога Владата го испратила во САД. Од 2009 година Петков е сопственик на Друштво за програмирање и консултантски услуги „ИТГМА“ Скопје.
За Виктор Мизо првиот човек на Агенцијата за странски инвестиции, нема ништо спорно - што Петков иако има дипломатски статус, плата од околу 2.000 евра, платен стан, државни бенефиции и сопствен бизнис во земјата од каде треба да ги носи странски инвестотори.
Сепак Мизо цела недела немаше време да застане пред камерите.
Во случајот на промотерот на Филип Петков, кој е основач на компанија во Македонија, бизнисот кој го води таа компанија, во која не е вклучен директно од оперативна гледна точка, а од друга страна тој бизнис воопшто не соработува, нити потпишал нити склучил некакви договори со американски компании“, изјави Виктор Мизо, директор на Агенција за странски инвестиции.
Веб-страницата на фирмата „ИТГМА“ е наменета за американските потрошувачи - нема превод на македонски. Бизнисот се шири и во Латинска Америка. И додека промоторите активно работат на сопствениот бизнис, во Македонија во последнава година немало посериозна инвестиција од САД.
Економските експерти тврдат дека секој претставник на државата, треба да го стави сопствениот бизнис во мирување, за да се избегне евентуалниот конфликт на интереси во двојната функција на македонските дипломати.
Од Антикорупциската комисија велат дека не можат да отворат случај - поради пропусти во законите, постапка може да се отвори само ако лицето е управител, но не и сопственик на фирма.
Државниот завод за ревизија веќе реагираше - дека власта не може да го оправда ангажирањето на економските промотори.
18 промотори за една година потрошиле повеќе од половина милион евра, а ревизорите не се уверија во ефектите од нивната работа.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122502
:pos2::pos2::pos2:
Ооо Боже,каде си ме сместил во оваа проклета апашка држава!