Има ли “фајде“ од Македонските Економски промотори?

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување
Па тоа и го викам,нам ни требаат луѓе кој се “вакцинирани“ од непотизам и партизација.Значи влада која нема да гледа најпрвин да ги задоволи апетитите на своите роднини и пријатели како и премногу партијски дилетанти

Тоа ќе го нема во догледно време во реалноста, само на сон. Дури и оние кои се вон политика и државни текови и се колнат дека нема да лижат мед, а седнат во столчето, одма се менуваат-психологија балканика.
 
ABC;2712883 “.Значи можеби не е само до промоторите кој и нема што да промовираат.:toe:[/quote напиша:
Па значи сепак се разбираме ,можеби промоторите и има што да понудат но проблемот ке да биде во тоа што им е дозволено да понудат на пазарот како поле каде и како може да се инвестира....:nerv::nerv:
 
Каков е списокот на тие промотери, сте го виделе? Кои се условите за промотери? Прв услов треба да е да не оди од некоја позиција од државна администрација. Ако бил со/без функција во администрација, нема поим како е да се бара инвеститор.
Условот мора да биде да е од приватен сектор, да има бонус од секој склучен договор, да има бизнис иницијатива и стекнат начин на размислување.
Не се испраќаат луѓе што биле со плата за чмаење по кожни столчиња во резеда искречени канцеларии!
Економски промотери-жими ашим... Имале ли тие во животов функција од типот: Менаџер за развој, CEO, Комерцијален, што?
Услов било да знаат јазик?!?!?!?!
Дека тие што се спремни да инвестираат не знаат англиски, нели? За Словенија се утепаа од барање на типче што владее словенечки (па тука улета Јанез-музичарот?!?!?!?!?? што го одбиле а го владеел многу убаво јазикот) :pishtoldz
Страхотно, пошто ние баравме нели некој да се сплоти а не да остави впечаток на бизнис-ориентиран човек кој би требало да биде посредник во иден деловен договор.
И што сакаме ние? :tapp:
 
Дека тие што се спремни да инвестираат не знаат англиски, нели?
Не дека и овој Јолевски знае англиски, ко баба ми :toe:.

Нема везе со овие, ама...
 
Секако како идеја промотерството е одлично и неопходно за да се привлечат странските инвеститори. Покрај толку земји во светот мора да понудите нешто што ќе побуди интерес кај странците, за да вложат токму кај нас. Инвеститорите секако првично се водени од профитот, но секогаш и останатие политички и општествени проблеми имаат влијание на изборот.
Мислам дека како земја имаме што да понудиме, но дур не се реши пред се корумпираното судство, проблемот со процедурите, нестручни луѓе на одговорни позиции и слично ништ не правиме. Џабе ни е добра реклама, кога во реалноста не е баш така сјајно.
 
Доколку сето тоа се реши како што треба,ќе се изгуби потребата од промотори.
Инвеститорите ќе не најдат сами,всушност тие самите со нивните постапки се и најдобрите промотори за една земја.Ако домашниот инвеститор размислува да инвестира во сопствената земја,тогаш џабе е и најспремниот промотор во светот да го пратиш да те промовира како убава дестинација за инвестирање.Инвеститорите сега станаа толку предпазливи што не им веруваат ни на сопствените деца,па камо ли на некој промотор кој нема опипливи аргументи за да ги кандиса да инвестираат во Македонија.:toe:
 
Дечки зарем мислите дека некоја гарнитура до сега имала желба да ја зајакне економијата?Искрено не верувам во тоа.

баш напротив, јас мислам дека СИТЕ гарнитури сакале да ја зајакнат економијата на македонија. од каде инаку би црпеле пари. само што тоа им било многу ниско во приоритетите, мнооогу многу многу ниско... :-)
 
Доколку сето тоа се реши како што треба,ќе се изгуби потребата од промотори.
Инвеститорите ќе не најдат сами,всушност тие самите со нивните постапки се и најдобрите промотори за една земја.Ако домашниот инвеститор размислува да инвестира во сопствената земја,тогаш џабе е и најспремниот промотор во светот да го пратиш да те промовира како убава дестинација за инвестирање.Инвеститорите сега станаа толку предпазливи што не им веруваат ни на сопствените деца,па камо ли на некој промотор кој нема опипливи аргументи за да ги кандиса да инвестираат во Македонија.:toe:
Па не би се согласил баш целосно со тебе. Во денешно време мислам дека маркетингот е многу значаен, не за џабе му се посветува толкаво внимание. Сите тие реклами по странските телевизии и весници не се за џабе. Од друга страна секако дека ако се средат сите проблеми кај нас и ако почнат да доаѓаат инвеститори кои би биле задоволни тоа би било најдобра реклама само по себе. Задоволниот муштерија секогаш е најдобра реклама.
 
Не се криви промоторите...
Дали некој се прашувал што им нудиме на инвеститорите?
Според мене инвестиции нема поради корупција.:pishtoldz
И уште 19 промотори да вработуват , мислам дека е џабе !

Поздрав
 
Веќе три години кажувам по форуми и каде ќе стигнам дека Владата на Македонија треба да обезбеди соодветни услови за да влезат инвеститори,без разлика дали странски или домашни.Значи треба да се обезбеди соодветна инфраструктура,подзаконски акти за сопственост на земјиштето каде се вложува,прикладна даночна политика (која рака на срце малку се поддотера во последно време) и најглавно од се,демонополизација на банките чии главни акционери се и министри во владата,кој се и многу мераклии да делат обврзници со енормно високи камати од кој пак корист имаат само нивните банки,на штета од каматите за кредити што ги користат граѓаните и фирмите,па тогаш и нема да ни требаат промотори кој немаат никакви резултати.:toe:

Мафија. Искрено некад толку се нервирам што 20 години стоиме во место а народот (ние) си ќутиме си ќутиме и си ќутиме. Мора малце да им се покажат заби, мора да им се втера страв у коска и еднаш за секогаш да разберат дека нема заебација.
 
Па не би се согласил баш целосно со тебе. Во денешно време мислам дека маркетингот е многу значаен, не за џабе му се посветува толкаво внимание. Сите тие реклами по странските телевизии и весници не се за џабе. Од друга страна секако дека ако се средат сите проблеми кај нас и ако почнат да доаѓаат инвеститори кои би биле задоволни тоа би било најдобра реклама само по себе. Задоволниот муштерија секогаш е најдобра реклама.

Точно дека маркетингот во денешно време е многу значаен,особено доколку имаш нешто што треба да го рекламираш.А што имаме ние со што би можеле да се пофалиме пред потенцијалните инвеститори?Имаме ли економски зони во секоја општина?Имаме ли ефтини енергенси и вода?Имаме ли регулирана и лесно остварлива приватна сопственост на грдежно земјиште?Имаме ли начин за брзо добивање на дозволи за работа?Не,ние ништо од тоа немаме.:toe:
Македонските влади за 18 години не успеаа да ги разрешат овие битни сегменти за секој инвеститор,кој бара асфалтен пат до местото каде би градел фабрика.Не може ти некого да кандисаш да инвестира во сопствена фабрика на која сега има орница,ама можеби по еден век крај неа ќе поминува асфалтен пат,ќе има струја во близина и водата ќе му биде пристапна и поефтина.Никој не е будала да инвестира затоа што ќе имал помал данок,ами на запад или кај него дома,данокот не му го ни споменуваат барем во првите 5 години.Во Германија наместо данок можеш парите да ги употребиш за обнова на возниот парк на пример,или да ги вложиш истите во изградба на нов погон.А овде иако е 10%,треба да го платиш,во тоа е разликата.Треба да платиш и вода по 1 евро од кубик,како никаде во светот,треба да платиш прилично висока цена за фирмарина,РТВ такса,што е случај без преседан,иако во фабриката никој нема да гледа ТВ.Така не се создава “задоволен муштерија“ кој ќе ти служи како најдобар промотор ебаго.:toe:
 
Мафија. Искрено некад толку се нервирам што 20 години стоиме во место а народот (ние) си ќутиме си ќутиме и си ќутиме. Мора малце да им се покажат заби, мора да им се втера страв у коска и еднаш за секогаш да разберат дека нема заебација.

абе ајде де како штрба баба со два заба и реума сме ке покажуваме заби
:pos2:
 
епа пожарната е бавна...а и евро кубик не е малце де:vozbud:

а овие промоториве работава испадна дека они се промовираа наместо нашата кутра нација составена од.....робови:toe:
 
комедија сте ....жива... :) земајте бе machinegewehr у рука ил бугарски пасош...трето нема..............
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom