goodman_91
Бубалица
- Член од
- 2 јануари 2008
- Мислења
- 1.341
- Поени од реакции
- 30
Како прво немаме навивачка култура, не знаеме што е тоа љубов кон клуб или репрезентација. Класичен пример еве ви над мене, дечко што навива за Ѓорче, Интер и Партизан. Ајде најдете некој гробар што на форум како потпис ја ставил Македонија Ѓорче Петров или Интер. Нема такво нешто зошто ако си вистински навивач ќе сакаш само 1 клуб и крај. Ако си ТВ навивач со далинското во рака тоа е друга работа, ама на таквите местото не им е на трибина. Втора работа, никој не сака на градски да си плати карта за да ја гледа репрезентацијата и пола публика чека да заврши свирење на химни за да влезе гага, а сеа одеднаш сами ќе сме плаќале превоз и карта за гостувањата на реперзентација. И трета работа, за да се организира вакво нешто не треба да се чека на Комити или на друга навивачка група, ова треба да го организира некој што не е клубски и обележан и ќе одреди правила за членство во оваа група, како на пример носење исклучиво на обележја од Македонија, правила за однесување на трибина односно пеење песни само за Македонија, па секој комита, чкембар мајмун или лав нека си се зачлени индивидуално ако сака да е член на групата, но не работата да ја водат водечки луѓе од некоја група. Но сепак сум добар познавач на состојбите и ви кажувам дека вавко нешто нема да се реализира пред се зошто немаме вистинска љубов и фанатичност кон нашата репрезентација. Ако репрезентацијата врзе 2 порази дома, кој од оваа "Фаланга" ќе плати гостување за третата утакмица, ќе останат 50 луѓе и затоа групава ќе постои само на форуми.
Сосема си во право за све што напиша. Тоа баш сакав и јас да го напишам. Не може некој да се прави навивач на Македонија или на некој македонски клуб, а во истовреме да се прави навивач или голем фан на некој клуб надвор од Македонија, а посебно говорам за оние кои што се фанови на екс-Ју клубови.
И да, ваква група како што планирате да се основа, треба да носи македонско име , а не англиско, тоест да се вика “Македонска Фаланга“ или “Обединета Македонија“ , оти ние сме македонци, а не англичани.