Дали свинското месо е забрането во христијанството?

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Господ не сака да се жртвуват животните и да се пролева нивната крв а луѓето да се хранат со нивото месо.
Самиот Тој не јадел месо.
Зарем на вечниот и семоќниот му е потребна храна!?!:helou:
 
delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Зарем на вечниот и семоќниот му е потребна храна!?!:helou:
Не му е потребна.
Додека бил на Земјата,бил против колењето на животни.
Не сакал луѓето да ги колат и јадат.
Исто и јас не можам да го поднесам тоа.
Не сум многу по месото,понекогаш јадам само свинско,како и секој нормален човек а се друго ми е невкусно.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Не сум многу по месото,понекогаш јадам само свинско,како и секој нормален човек а се друго ми е невкусно.
По твоето излегува дека само тие што јадат само свинско се нормални!:nesum:

Невкусно!!!!.......
Таа категорија не постои......финтата е до начинот на приготвувањето на храната, ако те бива за тоа секоја храна ќе биде вкусна, ако не те бива....ништо не ти помага:helou:
 
Член од
25 јули 2009
Мислења
15
Поени од реакции
0
Луѓе премногу лесно си ги сфаќате некои работи.

ЈАДИ ШТО ТИ ДУША САКА!!! не смееме да мислиме вака, еве и зошто.

Христијанскиот живот треба да се одликува со скромност, смиреност, добрина, трпеливост... Дали се прашуваме додека ние јадеме месо од 300 ден, дали нашиот комшија има суво лепче???

Дали додека ние си читаме Библија, одиме во црква и сме сигурни во нашето спасение, се прашуваме дали нашите блиски воопшто го познаваат Бог???

Христијанскиот живот е борба, ние не сме овде да ждераме и да живееме раскошно, ова е само еден тест за тоа дали ќе се покориме на Божјата волја и ќе бидеме спасени или ќе живееме како сакаме и ќе бидеме вечно изгубени.

Да размислиме добро, бидејќи влогот е голем.

Уште еднаш ќе повторам, ако се фатиме за месото а заборавимме на многу поголеми нешта, правиме грешка. Важно е и прашањето на месото но пред тоа треба да решиме многу други прашања, поврзани со верата, љубовта, трепението, помагањето.

Христос бара да го дршжиме законот па и законот за чиста и нечиста храна но со љубов. Присилното држење на законот не е по Божја волја.
 
delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Па токму така,многу малку можат да му оддолеат на свинското месо,зошто е вкусно.Секако дека другите не се ненормални.
Да не се фалам ама ме бива за готвење,не е до тоа како ке го зготвиш...
Јас ете не можам да го поднесам самиот мирис на јагнешко и јарешко.
Кога има друго што да јадам зошто да си се мачам самата себе со нешто што не ми се допага и не ми е вкусно:smir:

Сепак тоа и не е толку важно,нели?
Поважно е да носиш љубов и добрина во срцето...отколку да мислиш дали треба да јадеш свинско.
 
Член од
25 јули 2009
Мислења
15
Поени од реакции
0
Сепак тоа и не е толку важно,нели?
Поважно е да носиш љубов и добрина во срцето...отколку да мислиш дали треба да јадеш свинско.
Пааа и важно е, ако се одадеме на она што ни е убаво сите би сакале да имаме тон пари, харем со жени или мажи и.т.н. а сето тоа не носи малку по малку во пропаст далеку од Христос.
Вистина е дека е поважно да имаме љубов и добрина, но кога веќе го имаме тоа мораме да одиме понатаму, мораме да растеме за да се доближуваме до Христовото совршенство, и кога ќе дојдеме до јадењето на чиста и нечиста храна, мораме да го прифатиме тоа. Христијанскиот живот нема стагнација туку мора константно да се расте. Ако застанеме, тогаш нешто не е во ред со нас.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.754
Поени од реакции
12.216
Луѓе премногу лесно си ги сфаќате некои работи.

ЈАДИ ШТО ТИ ДУША САКА!!! не смееме да мислиме вака, еве и зошто.

Христијанскиот живот треба да се одликува со скромност, смиреност, добрина, трпеливост... Дали се прашуваме додека ние јадеме месо од 300 ден, дали нашиот комшија има суво лепче???

Дали додека ние си читаме Библија, одиме во црква и сме сигурни во нашето спасение, се прашуваме дали нашите блиски воопшто го познаваат Бог???

Христијанскиот живот е борба, ние не сме овде да ждераме и да живееме раскошно, ова е само еден тест за тоа дали ќе се покориме на Божјата волја и ќе бидеме спасени или ќе живееме како сакаме и ќе бидеме вечно изгубени.

Да размислиме добро, бидејќи влогот е голем.

Уште еднаш ќе повторам, ако се фатиме за месото а заборавимме на многу поголеми нешта, правиме грешка. Важно е и прашањето на месото но пред тоа треба да решиме многу други прашања, поврзани со верата, љубовта, трепението, помагањето.

Христос бара да го дршжиме законот па и законот за чиста и нечиста храна но со љубов. Присилното држење на законот не е по Божја волја.
Прашање е тогаш дали некој живее воопшто вака, на земјинава топка. Не само христијански, тоа е и кај другите религии, да не се греши, да се помогне на сиромав... Дали некој соделил куќа, пари, имот...со некој сиромав? Мислам дека не. Зошто тогаш би се повикувале да не се јаде ова или она? Најмалку е тоа во прашање. Може јас да ги држам сите православни пости, може редовно да одам во црква или пред секое јадење да се помолувам. Но ако јас излезам и го опцујам и муизлезам да се карам на првиот невнимателен возач, на комшијата кој пуштил музика, ако мислам постојано дека платата ми е помала од на колегата, ако завидувам, ако сум злобен генерално (а такви верници има многу по светов), ако макар и на еден човек нанесам некое зло... тогаш што фајде од постот, молитвата, нејадењето и било што друго?
 
A

ateist

Гостин

ТОЧНО !
ТАКА И СИ ПИШУВА !
.
.
.
.
ЕВЕ ГО СТАРОЗАВЕТНИОТ ТЕЛЕСЕН МОЈСЕЕВ ПОСТ КОЈ ИСУС ГО УКИНАЛ

Евангелие по Лука 16 - ред 16 ”Мојсеевиот Суетен Закон на Телесните прописи и Пророците беа до Јована.(МИНАТО СВРШЕНО ВРЕМЕ ) Оттогаш се проповеда Евангелието за Божјото Царство, и секој насила влегува во него.

ИСУС СЕ ИЗЈАСНИЛ ДЕКА ГО УКИНАЛ ЗАКОНОТ МОЈСЕЕВ А СО ТОА И ТЕЛЕСНИОТ ПОСТ

1 Коринќани 8 - ред 8

"Меѓутоа Храната НЕ НЕ ПРАВИ УГОДНИ на Бог : НИТУ ГУБИМЕ НЕШТО , АКО НЕ ЈАДЕМЕ

НИТУ ДОБИВАМЕ НЕШТО АКО ЈАДЕМЕ ."--затворен цитат

Колошаните 2- ред 20 , 21 ,22 и 23

" Ако веќе умревте со Христос за првобитните принципи на светот , зошто им се потчинувате на прописите како уште да живеете во овој свет "Не фаќај" "Не вкусувај " "Не допирај" се што пропаѓа со употреба - според ЧОВЕЧКИТЕ (Мојсееви и на било кој друг смртник) ЗАПОВЕДИ ( а не божји како што некој лаже ) и УЧЕЊА .?
Овие нешта навистина изгледаат како мудрост која се состои во самоволна набожност ,ЛАЖНА ПОНИЗНОСТ И НЕПОШТЕДНА СТРОГОСТ КОН ТЕЛОТО А НЕМААТ НИКАКВА ВРЕДНАСТ , ТУКУ СЕ САМО ЗА УГОДУВАЊЕ НА ТЕЛОТО " - затворен цитат ..им се обраќа Павле на Колошаните .

СЕКОЈА РЕЛИГИЈА е закон на ТЕЛЕСНИТЕ ПРОПИСИ..прости механички правила и прописи и не се разликува по ништо од сите други луѓе. и од било кој друг држвен закон..

Евреите 7 - ред 15 и 16......."...И станува уште појасно......тој не станал тоа СПОРЕД НЕКОЈ Суетен ЗАКОН ( било кој било чив од било кој смртник) НА ТЕЛЕСНИТЕ ПРОПИСИ........"
 
Член од
25 јули 2009
Мислења
15
Поени од реакции
0
Сепак не смееме да речеме дека нема верни луѓе. Постојат некаде, пишува 144 000 девственици, мада околу овој број има толку многу дебати.

Сепак верувам дека човек никогаш нема да биде совршен како Бог туку секогаш ќе оди по една нагорна линија се поблизу и поблизу.

ДА НЕ СЕ ОБЕСХРАБРУВАМЕ, ДА РАСТЕМЕ ЗАЕДНО!
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Ќе растеме, аха! Туку според тебе испадна дека свинското месо е забрането.:uvo:

Значи сега имаме поделени мислења кај христијаните:

-Едните викаат дека свинското е дозволено а другите викаат дека е забрането.

Кого да веруваме, по кого да ујдисаме?:toe:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408

Sekakov vid na meso e dozvoleno da se jade pa duri i svinskoto, za toa imame svedostvo vo Svetot Pismo!

Se sto se dvize i zivee, ke vi bide hrana; seto toa vi go dadov, kako sto vi do dadov zelnoto rastenie (1.Moj.9,3).
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Но и за другово имаме сведоштва во Светото Писмо:

"7 i svinjata, bidejci ima razdvoeni
kopita i dlabok rez medju kopitata, no
ne preziva – necista e taa za vas.
8 Od mesoto nivno da ne jadete, nitu,
pak, mrsite nivni da gi dopirate – tie
se za vas necisti
.(Levit:11:7-8)

8 i svinjata, bidejci, iako kopitata i
se razdeleni, no taa ne preziva: taa e
necista za vas;
mesoto nivno ne jadete
go
i do trupovite nivni ne se dopirajte
(Vtorozakonie,14:8)

2 Sekogas gi protegav racete Svoi
kon nepokorniot narod, koj odese po
los pat, - po svoite pomisli, -
3 kon narod, koj postojano Me navreduva
v lice, prinesuva zrtvi vo gradinite
i pali temjan na crepcinja,
4 sedi vo grobovi i noceva vo pesteri;
jade svinsko meso, a vo sadovite negovi
ima gnasno varivo;

5 koi velat: „Zastani, ne doblizuvaj
se do mene, zasto sum svet za Tebe.” Tie
se dim na nozdrite Moi - ogan sto gori
sekoj den.(Isaija,65:2-5)
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
33
Поени од реакции
2
Еве вака... Ке кажам неколку закони во христијанството... Свинското не е забрането во христијанството.. ниту еден друг продукт сто е мрсен.. али кога има денови на пости односно месец дена пред велигден. Кој сака оди се заверува во црква дека нема да мрси туку ке пости до велигден.. Не е задолжително :nenene:
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Еве и пар други работи, покрај свинското, кои Библијата ги забранува:
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Ateistka sum ne se zamram dali e zabraneto ili ne, vkusno mi e go jadam, a nemam videno ni nekoj hristijanin so ne jade svinsko, isto znam i muslimani koi jadat svinsko (znaat lugjeto so e ubavo :D)
кај муслиманите е забрането од практични причини високи температури тешко е свинското месо, кај христијаните никаде немам чуено дека е забрането така да слободно јадете :pipi:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom