Како најлесно да се избрка вработен?

  • Креатор на темата ABC
  • Време на започнување

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Има ли некој повеќе искуство при бркање на работници од работа?Би било корисно сите информации окулу што побезболното бркање на работници да ги постирате тука.:toe:
 
Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Има ли некој повеќе искуство при бркање на работници од работа?Би било корисно сите информации окулу што побезболното бркање на работници да ги постирате тука.:toe:
А ти сакаш твоите безболно да ги бркаш па бараш совети тука?

Ако сакаш ти или некој друг да брка едноставно е - се наведува причината за раскинување на работниот однос.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Намали му плата :smir:
 
Самара Морган

НЕ Е ВЕЌЕ ЧЛЕН НА КАЈГАНА
Член од
24 јуни 2009
Мислења
511
Поени од реакции
33
Едноставно и безболно е да му кажеш дека си бил задоволен од неговата работа и неговите услуги и дека за жал повеќе не ти се потребни.И дека се надеваш дека нема да се налути , но едноставно дека таква е ситуацијата:smir:
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.745
Поени од реакции
4.982
Дај му аванс 10 плати гага ..и ајт фајрон :salut:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Абе арни совети давате,ама не можам да ги применам толку едноставно ебаго,со повеќе мои вработени сме добри пријатели,е сега друго е ако фирмава ја пуштам под стечај,па после да ги селектирам,ама така ќе ми се пролонгира времево.:toe:
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140

Пази што правиш ти ги знаат сите маани во работата една пријава и уште полошо ако имаат некој од големиве те кутнаја :helou:
А зошто да ги бркаш што ти сметаат сакаш да се правиш кој сум што сум или... ? :))
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Пази што правиш ти ги знаат сите маани во работата една пријава и уште полошо ако имаат некој од големиве те кутнаја :helou:
А зошто да ги бркаш што ти сметаат сакаш да се правиш кој сум што сум или... ? :))
Абе имам градежна фирма и снема работа,немам договор потпишано веќе 5 месеци,тендер во Прилеп нема шанса да се добие од неколкумина аналфабети блиски до градоначалникот,на кој им падна и еден потпорен ѕид кој лани го созидаа оти не се кадарни,а и министерствово почна да драпа,па бара некои невозможни услови за градежните фирмички како мојава,инаку од работнициве грев е да речам дека не бев задоволен,а верувам и тие од мене,впрочем бркњево излезе барем за мене како најсложен проблем во целата процедура наречена вработување.:toe:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Абе имам градежна фирма и снема работа,немам договор потпишано веќе 5 месеци,тендер во Прилеп нема шанса да се добие од неколкумина аналфабети блиски до градоначалникот,на кој им падна и еден потпорен ѕид кој лани го созидаа оти не се кадарни,а и министерствово почна да драпа,па бара некои невозможни услови за градежните фирмички како мојава
Објасни им како стојат моментално работите во фирмата, кажи им дека си задоволен со сите ама дека немаш друг избор.
Сам кажа дека сте пријатели и би требало ко сите нормални луѓе да те сфатат.

Не дека сум компетентна да зборам, ама сепак...
 
Член од
6 мај 2006
Мислења
611
Поени од реакции
50
Веројатно the best thing to do е да им кажеш на сите уште утре каква е ситуацијата за да почнат сите да си погледнуваат и да си бараат нешто ново, кажи им дека постои веројатност да се затвори фирмата или пак да остане но само со мал број вработени и понатаму све што си мислиш и чувствуваш. И ке бидат спремни и свесни уште пред да мора да им се каже на секој поединечно
 
Лесно е да кажеш,ама тешко изводливо,сите ја знаат состојбата,знаат и дека нема работа,и дека дилетанти ја работат нивната работа во општинава,ама од друга страна не можам да ги двојам,се работи за луѓе кој се со пониско образование но добри по душа,мајстори со испукани раце,со кој ја заработуваа корката леб,неимари што би се рекло,немаше што не можат да изградат,некои се и во поодминати години,кого да издвојам,кого да “запустам“,а да не ми се налути доколку го оставам другиот.Ова било ептен тешка дилема бе,по цели ноќи не спијам,се “штукнав“ што викаат стари.:toe:
 
P

Princ

Гостин
Немаш пари човече, нема работа, што да им правиш? Веројатно нема да ги држиш вработени и да им даваш плата само затоашто "се работи за луѓе кој се со пониско образование но добри по душа,мајстори со испукани раце,со кој ја заработуваа корката леб,неимари што би се рекло,немаше што не можат да изградат,некои се и во поодминати години".
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.561
Поени од реакции
48.108
Tргни по тоа кој какви прилики има за нова работа или со кој колку си близок. Тие ншто имаат можност и способност да работат на друго место отпушти ги, тие што имаат т'нка финансиска ситуација дома и им е нож до коска задржи ги, како и тие што ти се блиски пријатели/роднини.
Ти да идеш во зијан за нивно добро па ич смисла нема, верувам дека ќе те разберат на крај краева.
 
B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Исто ко Итар Пејо би рекла и јас. Ако имаш некој што му е единствен приход тој што ти му го даваш - задржи го, другите рангирај ги по приходи на други членови во семејството (колку што имаш информации).
 
Ништо,најдобро ќе биде да ја пуштам фирмава под стечај,па да ги земам работнициве на црно кога ќе најдам некоја работа,доколку за тоа време некако не се снајдат на друго место,оти друга алтернатива подобра во моментов не гледам.Градежништвото си иба мамата посебно доколку во општината се местат тендери,како во Прилеп.:toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom