Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Има ли некој повеќе искуство при бркање на работници од работа?Би било корисно сите информации окулу што побезболното бркање на работници да ги постирате тука.![]()
Абе арни совети давате,ама не можам да ги применам толку едноставно ебаго,со повеќе мои вработени сме добри пријатели,е сега друго е ако фирмава ја пуштам под стечај,па после да ги селектирам,ама така ќе ми се пролонгира времево.![]()
Пази што правиш ти ги знаат сите маани во работата една пријава и уште полошо ако имаат некој од големиве те кутнаја :helou:
А зошто да ги бркаш што ти сметаат сакаш да се правиш кој сум што сум или... ?)
Објасни им како стојат моментално работите во фирмата, кажи им дека си задоволен со сите ама дека немаш друг избор.Абе имам градежна фирма и снема работа,немам договор потпишано веќе 5 месеци,тендер во Прилеп нема шанса да се добие од неколкумина аналфабети блиски до градоначалникот,на кој им падна и еден потпорен ѕид кој лани го созидаа оти не се кадарни,а и министерствово почна да драпа,па бара некои невозможни услови за градежните фирмички како мојава
Веројатно the best thing to do е да им кажеш на сите уште утре каква е ситуацијата за да почнат сите да си погледнуваат и да си бараат нешто ново, кажи им дека постои веројатност да се затвори фирмата или пак да остане но само со мал број вработени и понатаму све што си мислиш и чувствуваш. И ке бидат спремни и свесни уште пред да мора да им се каже на секој поединечно
Tргни по тоа кој какви прилики има за нова работа или со кој колку си близок. Тие ншто имаат можност и способност да работат на друго место отпушти ги, тие што имаат т'нка финансиска ситуација дома и им е нож до коска задржи ги, како и тие што ти се блиски пријатели/роднини.
Ти да идеш во зијан за нивно добро па ич смисла нема, верувам дека ќе те разберат на крај краева.
Исто ко Итар Пејо би рекла и јас. Ако имаш некој што му е единствен приход тој што ти му го даваш - задржи го, другите рангирај ги по приходи на други членови во семејството (колку што имаш информации).