А ти сакаш твоите безболно да ги бркаш па бараш совети тука?Има ли некој повеќе искуство при бркање на работници од работа?Би било корисно сите информации окулу што побезболното бркање на работници да ги постирате тука.
Абе арни совети давате,ама не можам да ги применам толку едноставно ебаго,со повеќе мои вработени сме добри пријатели,е сега друго е ако фирмава ја пуштам под стечај,па после да ги селектирам,ама така ќе ми се пролонгира времево.
Абе имам градежна фирма и снема работа,немам договор потпишано веќе 5 месеци,тендер во Прилеп нема шанса да се добие од неколкумина аналфабети блиски до градоначалникот,на кој им падна и еден потпорен ѕид кој лани го созидаа оти не се кадарни,а и министерствово почна да драпа,па бара некои невозможни услови за градежните фирмички како мојава,инаку од работнициве грев е да речам дека не бев задоволен,а верувам и тие од мене,впрочем бркњево излезе барем за мене како најсложен проблем во целата процедура наречена вработување.Пази што правиш ти ги знаат сите маани во работата една пријава и уште полошо ако имаат некој од големиве те кутнаја :helou:
А зошто да ги бркаш што ти сметаат сакаш да се правиш кој сум што сум или... ? )
Објасни им како стојат моментално работите во фирмата, кажи им дека си задоволен со сите ама дека немаш друг избор.Абе имам градежна фирма и снема работа,немам договор потпишано веќе 5 месеци,тендер во Прилеп нема шанса да се добие од неколкумина аналфабети блиски до градоначалникот,на кој им падна и еден потпорен ѕид кој лани го созидаа оти не се кадарни,а и министерствово почна да драпа,па бара некои невозможни услови за градежните фирмички како мојава
Лесно е да кажеш,ама тешко изводливо,сите ја знаат состојбата,знаат и дека нема работа,и дека дилетанти ја работат нивната работа во општинава,ама од друга страна не можам да ги двојам,се работи за луѓе кој се со пониско образование но добри по душа,мајстори со испукани раце,со кој ја заработуваа корката леб,неимари што би се рекло,немаше што не можат да изградат,некои се и во поодминати години,кого да издвојам,кого да “запустам“,а да не ми се налути доколку го оставам другиот.Ова било ептен тешка дилема бе,по цели ноќи не спијам,се “штукнав“ што викаат стари.Веројатно the best thing to do е да им кажеш на сите уште утре каква е ситуацијата за да почнат сите да си погледнуваат и да си бараат нешто ново, кажи им дека постои веројатност да се затвори фирмата или пак да остане но само со мал број вработени и понатаму све што си мислиш и чувствуваш. И ке бидат спремни и свесни уште пред да мора да им се каже на секој поединечно
Tргни по тоа кој какви прилики има за нова работа или со кој колку си близок. Тие ншто имаат можност и способност да работат на друго место отпушти ги, тие што имаат т'нка финансиска ситуација дома и им е нож до коска задржи ги, како и тие што ти се блиски пријатели/роднини.
Ти да идеш во зијан за нивно добро па ич смисла нема, верувам дека ќе те разберат на крај краева.
Ништо,најдобро ќе биде да ја пуштам фирмава под стечај,па да ги земам работнициве на црно кога ќе најдам некоја работа,доколку за тоа време некако не се снајдат на друго место,оти друга алтернатива подобра во моментов не гледам.Градежништвото си иба мамата посебно доколку во општината се местат тендери,како во Прилеп.Исто ко Итар Пејо би рекла и јас. Ако имаш некој што му е единствен приход тој што ти му го даваш - задржи го, другите рангирај ги по приходи на други членови во семејството (колку што имаш информации).