Колку пари ви се неопходни месечно ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Милојко
  • Време на започнување Време на започнување
Минималната плата не се определа от това,колко ние сакаме да е.Много е битно,дали икономиката и бизнеса можат да си ja дозволат тази плата.
Да секогаш граганите ке сакат поголема и поголема,но е битно да се наjде баланс между саканиjaта. 500 евро минимална плата е премного.Икономиката нема да издржи,а и 95% от бизнеса ке иде во сивата икономика со таква минимална плата.

Не мислам на администрацијата. Тоа не ме занима. Приватникот поради огромната конкуренција на работници си играат мајтап и даваат некој мизерни платички. Затоа сакам да го дочекам денот кога Македонија ќе влезе во Еу кога ќе се намали невработеноста и кога приватниците ќе молат за работници.

Бензин 1 000
Мобилен 500 ден
Кладилница околу 3 000
Јадење надвор од дома 1 000
Други трошоци 1 000
тоа би дошло од прилика преку целата год шо трошам сега не трошам оволку зошо не играм кладилница а и ретко јадам надвор од дома

Можам да забележам дека сите давате на кладилници ама никој не пријавува добивка :tv::tv::pos2::tv::tv:
 
И што е разликата од мислењата на ogledalo и Lurtz за разлика од другите, кога сите зборат за 3/4 члено семејство колку трошат.
Таа е разликата, ја споменаа погоре. Издржувам син кој има години колку неколкумина кои се запишуваат на факултет и кои пресметките ги даваа за себеси-воглавно. Плус уште еден основец, сопруга и домаќинство/куќа која треба да се крпи од расипано казанче преку книги, јадачка, облека... до даноци за имот и се што оди со тоа. Доколку го прашам синот, тој ќе каже дека 100-150 евра му се ептен доста и многу, ама само за него. Затоа и реков мало недоразбирање :smir:
 
Интернет и кабловска 410 денари-300 денари за интернет+110 за кабловска(сметката од кабловската е 320 денари ама ја делиме со чичковците на три дела зошто куќите ни се лепенки и кабелот преку таван :)).
Само оваа сметка ја знам затоа што јас ја плаќам, оти ако не платам кврц на интернетот :).
Што друго? Па добро едно седнување во кафана ме чини околу 600-700 денари неколку пати во месецот и тоа е тоа.
На кафе исто така неколку пати тоа ме чини околу 150-200 денари.
Цигари не пушам, автомобил немам.
За алкохол не е проблем имаме лозје и полна визба со вино и ракија.
Облека ретко купувам затоа што и големина за мене ретко наоѓам.
За храна и други сметки, друг води евиденција, ама садиме бавча така да грав, компир, грашок, кромид, лук итн имаме за цела година, додека пак сезонски сме снабдени со пиперки, домати, бостан царевка итн. Од нив правиме зимница или ако немаме капија (пиперка за ајвар) доволно правиме размена со братучед ми грозје за пиперки.
Излезе дека сум многу скромен едно 6000 денари се доволни за скромните мои трошкови, добро сега има и исклучоци, ама воглавно тоа е тоа.
 
Lurtz ако не си од Скопје за студирање на син ти ке ти требаат 10000 месечно.Толку ми беше ограничен мене буџетот инаку потребни ми беа финасиски дополнувања кои вешто ги издејствував од плус 1500 ден.Ова е за сите месеци освен Септември(запишување година, пријави за испит книги и остало и февруари(испити некогаш запишување година итн ).
 
Јас мислам дека сите тука што се испофалија дека трошат „многу“...вода во очите немаат.....Она со што будалата се фали.... паметниот се срами..

Насловот на темата е „Колку пари ви се неопходни месечно“ а не „Колку трошите или штедите месечно“......многумина форумџии ја промашиле темата...сакајќи да ги истакнат своите љубовни чувства кон најголемата курва.....Парата.....
Секогаш има утки, па така и сега утка во свакањето на темава, пушти ги нека се испукаат, нека се пофалат, кој колку е мокен тие си знаат,јас се изјаснив, секој троши толку колку што има, а потребите на едно семејство се дискутабилни, реално пари никогаш доволно,парите се како сапун бегаат од раце без никаква контрола, :smir::helou:
 
Секако дека многумина тука малку и претераа, но доколку навистина имаат, нека трошат и алал нека им е!
Да им даде Бог уште толку!
Но, сепак, има некои основни принципи, кои треба тука да ги споменеме.
Во различни градови, различен е основниот трошок како на пр. вода... Струмица има најскапа вода, околу 34 ден/кубик на пр.
Зависи и дали живееш во стан или куќа. Куќата има поголем трошок.
Струмица е поефтина од Скопје на пр.
Во зависност од тоа, и платите се помали во Струмица отколку во Скопје.
Така да...можеме да есапиме само околу основните трошоци, а не за кладилници, шетање по кафани и сл.
И факт е дека што повеќе пари имаме, толку повеќе трошиме. Човечка природа.
 
Кредити 17.000 + 9000
Јадење дома - 16.000
Јадење надвор - 12.000
Ноќен живот - 10-12.000
Мобилен 4.000
Интернет/фиксен 3000
Такси за цел месец 6000
Облека 5-10.000
==
Тотал 82-89.000 месечно
 
Рамиз, многу пара јадеш бате :tv:

Намали малце на храна, уплати кола и нема да трошиш за такси :tv:
 
Рамиз, многу пара јадеш бате :tv:

Намали малце на храна, уплати кола и нема да трошиш за такси :tv:

Па до работа и назад, до град и назад, шетање дрн дрн...секој ден на работа и назад 100 денари правец, 200 денари само такси. До град и назад, 300. Јебига мој избор е да не живеам во Центар.
А на храна нема шанси да намалам, убаво ми е :pipi:. Крај краева, еднаш се живее.
 
Па до работа и назад, до град и назад, шетање дрн дрн...секој ден на работа и назад 100 денари правец, 200 денари само такси. До град и назад, 300. Јебига мој избор е да не живеам во Центар.
А на храна нема шанси да намалам, убаво ми е :pipi:. Крај краева, еднаш се живее.


Ме чуди зошто Македонците имат ФОБИЈА од возење со велосипед...
Јас кога студирав во Скопје возев по 30 км дневно...
Ем бев ептен мобилен, ем спортски фит, ем допринесував и за екологијата а и за својот џеб...
Твој избор се согласувам...
Меѓутоа ме интересира овој феномен...како ти гледаш на тоа...
 
Ме чуди зошто Македонците имат ФОБИЈА од возење со велосипед...
Јас кога студирав во Скопје возев по 30 км дневно...
Ем бев ептен мобилен, ем спортски фит, ем допринесував и за екологијата а и за својот џеб...
Твој избор се согласувам...
Меѓутоа ме интересира овој феномен...како ти гледаш на тоа...

Види вака, до работа идам со службен превоз. Ама за да стигнам до автобуската каде што поминува автобусот, треба преку Железара да се качувам, да се спуштам до Автокоманда. Тоа, јас со точак, НЕ ФАЛА!.

А и да идам со точак, после на грб и во автобус да го качам? Во град кога ќе идам да се начукам, после да го возам назад на пијано?
Да, би возел точак поради спорт, кондиција. Така јас гледам на тоа. Пијан точак не возам! Ќе си платам такси.
 
Види вака, до работа идам со службен превоз. Ама за да стигнам до автобуската каде што поминува автобусот, треба преку Железара да се качувам, да се спуштам до Автокоманда. Тоа, јас со точак, НЕ ФАЛА!.

А и да идам со точак, после на грб и во автобус да го качам? Во град кога ќе идам да се начукам, после да го возам назад на пијано?
Да, би возел точак поради спорт, кондиција. Така јас гледам на тоа. Пијан точак не возам! Ќе си платам такси.


Пијан на точак...
Пробај па ќе видиш...Сум возел пијан, плус на снег, лудница...
Како и да е мислам дека луѓето кај нас сеуште возењето велосипед го сметат како под ниво...
Јас имав професор на Машински што секој ден со точак идеше на работа, колегите му се смееа , за мене беше "cool" тип...
Ако трошиш по 6000 евра за такси на месец тогаш нема да ти биде проблем и поскап точак да купиш...
За 500 евра можеш да земеш добра машина...
 
Кредити 17.000 + 9000
Јадење дома - 16.000
Јадење надвор - 12.000
Ноќен живот - 10-12.000
Мобилен 4.000
Интернет/фиксен 3000
Такси за цел месец 6000
Облека 5-10.000
==
Тотал 82-89.000 месечно
Јадење дома 16.000+Јадење надвор 12.000= 28.000
Ако навистина трошиш по речиси 1000 денари на ден за јадење алал да ти е :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom