Зошто куранот е допуштен?

Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
Допуштен е затоа што така е напишано, дека во последните денови ќе се појават мнозина лажни пророци кои ќе ги заведат неутврдените во верата.
Уште еден доказ за неприкосновената пророчка Реч на Библијата.
 
O

Omer el Faruk

Гостин
АЛЛАХОВИТЕ ОБЈАВИ - КНИГИ

Третата темелна вистина на верувањето се Аллаховите книги-објави.Покрај четирите големи книги,имало и помали-сухуфи и трактати-рисали.

Во сите Книги е содржана Објавата,која што Аллах џ.ш. им ја испраќал на луѓето преку Своите Пејгамбери.Не е познато колку биле помали книги-сухуфи,бидејќи Куранот за тоа не зборува.Во Куранот единствено се зборува за Ибрахимовите и Мусаовите сухуфи:

“Спасен ќе биде оној што че се очисти,кој што го споменува името на Створителот свој и кој што обавува намаз.Но,вие луѓе повеќе го сакате овој свет,а Ахирет е подобар и потраен.Навистина ова се наоѓа во претходните листови(сухуфи)Ибрахимови и Мусаови” (Ел-Е,ала,14-19).

ТЕВРАТ е првата позната Божја книга-упатена до луѓето,преку Муса а.с. и неговиот брат Харун а.с.Муса и Харун а.с. биле потомци Исраилови,па делувале меѓу евреите,а извесно време и меѓу Египчаните.

Оригиналниот Теврат денес не постои,тој е изменет и за неговото оригинално учење знаеме онолку колку што не известил Куранот и Хадисот од Мухаммед а.с.

Тој бил верозаконик за потомците Исраилови,кои суделе према неговите прописи кои што биле многу строги:глава за глава,око за око итн.Таквиот начин на казнување во однос на претходната состојба представувал одреден напредок.

Евреите Тевратот денес го нарекуваат Тора,што на еврејски значи”проучување”,”наука”.

ЗЕБУР е вотрата Божја книга објавена на Аллаховиот Пејгамбер Давуд а.с.,кој што бил Израелски крал,од 1010 до 970 год. пред Иса а.с.

Како што не постои оригиналниот Теврат,така не постои ни оригиналниот Зебур.Денешната верзија на Зебурот се нарекува “Псалми”,што на еврејски значи”верски песни”.

ИНЏИЛ е третата Божја Книга објавена на Аллаховиот Пејгамбер Иса а.с. За Инџилот и Иса а.с. Куранот зборува на многу места.Инџилот е упатство за луѓето и потврда на порано Објавениот Теврат.Иса а.с. дошол да го потврди она што му било објавено на Муса а.с. во Тевратот и да дозволи нешто од она што било забрането,и да ја најави радосната вест за доаѓањето на Последниот Аллахов Пејгамбер Мухаммед а.с. (Сура Саф,6 ајет).

Денеска не постои оригиналната верзија на Инџилот,туку постојат четири од Црквата прифатени-канонизирани Евангелиа и тоа по:Матеј,Лука,Марко и Јован.

КУР'АН е последната Аллахова Книга,објавена на последниот Аллахов Пејгамбер Мухаммед а.с.

Куран значи “Книга за учење,рецитирање и читање”.Освен ова Куранот има и други имиња,како што се:Китаб-Книга,Фуркан-Разделувач на вистината од невистината,Зикр-Опомена,Тензил-Објава,Хикмет-Мудрост,Худа-Прав пат,Бурхан-Доказ,Рахмет-Милост,Бејан-Коментирање,Нур-Светлост,Хакк-Вистина идр.

Објавата на Куранот траела 23 години,т.е. од 610 до 632 год,и тоа 13 години во Мекка и 10 години во Медина.Куранот има 30 џузови-делови.Поделен е на 114 сури-поглавја.Сурите се делат на ајети,кои во Куранот ги има 6236.Секоја сура има свое име,зето според некој збор употребен во неа.

Куранот е објавен како упатство за целото човештво и како таков има универзална порака и значење.Куранот не е само верозаконик .Тој е совршен зборник на морални прописи,извор на правото и историјата на поранешните народи и Аллахови Пејгамбери.Куранот ја зафаќа и општата историја,астрономијата,археологијата,медицината,би ологијата,физиката,математиката и многу други науки.А поради таквата негова широкост и содржајност,тој денес ги интересира научниците од многу профили на науката.

Куранот денеска е најчитаната книга на светот а воедно и најпреведуваната.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Mislam deka covekot koj ja napravl temata e sosema ama bas sosema nejasen i ne sum suguren deka znae sto mu e prasanjeto..

Znaes l drugar spiros sto prasuvas,ili sto sakas da prasas?

Зошто е куранот допуштен (?) е прашањето!

Кратко и јасно!
:smir:
 
Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
За да донесе зло и страдање, ваљда, бидејќи Бог допушта зло и страдање, ова е едно од тие нешта.:tv: За да се издвојат полесно овците од козите и житото од плевелот, нели?
 

Silber

Peace/Salaam
Член од
31 март 2009
Мислења
500
Поени од реакции
15
За да донесе зло и страдање, ваљда, бидејќи Бог допушта зло и страдање, ова е едно од тие нешта.:tv: За да се издвојат полесно овците од козите и житото од плевелот, нели?
A koj e koza koj e ovca ovde. I koj e zito i koj plevel.
rubyred zar moras sekogas vaka da se izrazis?
jas taman pocnav da te cenuvam pak Taklla , sallto , i u beton ngerkkkk.

Za bilo koj za bilo sto kako prvo neli e najglavno da se ima RESPEKT!
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
За да се испоубијат невини луѓе и секако да се контролира кралството.
 
A

ateist

Гостин
Еремија: 28:9 Но за пророкот што пророкува мир можеш да знаеш дека навистина го испратил Господ откако ќе се исполни неговиот пророчки збор.”

ЕДНА РЕЧЕНИЦА ШТО МНОГУ НЕШТО КАЖУВА .
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Зборот Ислам значи оддаденост на БОГА и потекнува од семитскиот согласен корен ШЛМ или СЛМ , што значи МИР!

Никој нема право да каже дека арапскиот пророк мухамед (с.а.в.с) не пророкувал мир (Ислам) иако неговиот мир, неговиот Ислам никогаш неможе и не ќе може да се спореди со БОЖЈИОТ СОВРШЕНТ ИСЛАМ, онака како што Величенствениот БОГ - наместо земја, машко семе или билокаква поинаква творба - го отелотвори во Господ Исус!

...
Денеска не постои оригиналната верзија на Инџилот,...
Живото СЛОВО БОЖЈЕ (Елоахово, Алахово) Кое Величанствениот БОГ Го отелотвори во Исус е тоа СОВРШЕНО ЕВАНГЕЛИЕ!

Те молам најљубезно побратиме Omer el Faruk, немој да шириш невистини дека Евангелието за кое сведочат сите вистинити списи, не постои!

Тоа постои и тоа е вистинскиот Минарет од БОГА издигнато - Елхамдулилах - над сите Ангели, Пророци, Книги, Минарети, дури повисоко од месечината, сонцето и ѕвездите!

Инашалах да се отворат сите очи и срца за СВЕТЛИНАТА и СВЕТИЛНИКОТ (Минаретот)

АМИН
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
За сите очи, уши, души и срца што се затворени за СОВРШЕНАТА ВОЛЈА БОЖЈА (ХРИСТОС), БОГ ја допушти оваа прекрасна - поетички чудесна - на арапски пишана книга.
Една книга допуштена од БОГА која е многу погодна за рецитирање на арабски јазик, која ги милува ушите на слушателите но (за жал) уште повеќе ги скаменува срцата за СОВРШЕНИОТ ИСЛАМ. Оној ИСЛАМ онака како што го учеше и практицираше Тој (Исус ХРИСТОС) од своето чудесно раѓање па до присилната смрт на крст од страна на неверниците и книжниците (значи оние што повеќе почитуваат, што обожаваат книга и овосветска моќ одколку Живото СЛОВО БОЖЈЕ).

Со допуштањето на оваа прекрасна, дури чудесно убава книга во рацете на арабскиот пророк мухамед (с.а.в.с) кој се изедначува со Исус Христос, БОГ допушти и една од поголемите (ако не најголемата) проверка за срцата на следбениците на СОВРШЕНАТА ВИСТИНА!

Јас одсрце Му благодарам за тоа и Го славан Неговото Свето Вечно Име

ХалелуЈАХ!
Допуштен е затоа што така е напишано, дека во последните денови ќе се појават мнозина лажни пророци кои ќе ги заведат неутврдените во верата.
Уште еден доказ за неприкосновената пророчка Реч на Библијата.
Иста мисла, од двајца автори, со различен речник. Ја прифаќам за одговор.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Зошто БОГ го допушти куранот?


Затоа што куранот е продолжение на библијата и мухамед според мене ги дава преку господ бог многу детали како човек треба да се понаша и да живее за да биде на правиот пат. Па погледенете го куранот и ќе видите дека сите пророци од билијата ги има таму и сите личности како аврам и исак и така натаму. Значи помеѓу билијата и куранот има една тенка линија на разлика, значи нема никаква разлика, тоа сакаат да го направат темните сили кои и од двете страни ги прават луѓето да се делат и да се мразат затоа што тоа е принципот на работа на ѓаволот подели па владеј.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ако направиш само површна споредба помеѓу религиите, ќе дојдеш до заклучок дека, на пример, меѓу рисјаните и будистите демек, нема(ло) разлика па така ќе испадне дека Куранот е небаре трет дел од Писмото. Армо ама, подеталната споредба, ќе ти го покаже спортивното-ќе ти покаже, а преку линчиот опит, и ќе ти докаже, дека разликите се длабоки како бездна, а сличностите само го замајуваат разумот.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Ако направиш само површна споредба помеѓу религиите, ќе дојдеш до заклучок дека, на пример, меѓу рисјаните и будистите демек, нема(ло) разлика па така ќе испадне дека Куранот е небаре трет дел од Писмото. Армо ама, подеталната споредба, ќе ти го покаже спортивното-ќе ти покаже, а преку линчиот опит, и ќе ти докаже, дека разликите се длабоки како бездна, а сличностите само го замајуваат разумот.


Не си во право затоа што сите религии собрани како цвет ја даваат вистинската слика за господ бог. Така и куранот е еден дел или еден лист од тој цвет. Колку само мудрост и поука и објаснување како да живее човекот се среќава во куранот. Ддоека во билијата се објаснува нешто друго, а будизмот не учи дека постои реинкарнација или повторно раѓање каде од начинот на овој живот ќе зависи како ќе живееме во следниот. Така да религиите се надополнување, а тој што ги дели е ѓаволот. Па погледнете само колку христијанството е поделено, на колку дела и ќе видите дека сум во право.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Затоа што куранот е продолжение на библијата ...
Спасителното продолжение на сите Светите Писма не е писмо (книга) туку ДУХ СВЕТОЛ, Кој ќе Му стави - иншалах - набрзо крај на темната сила!

Само ТАА БОЖЈА СВЕТЛИНА, само ТОЈ БОЖЈИ ДУХ - Кој наместо земја, машко семе или билокаква поинаква творба се отелотвори во Исус - е во состојба да го победи непријателот БОЖЈИ, кој на грозен начин со векови ја злоупотребува верата на луѓето и писмата, како би роварел против БОГА и Неговата СОВРШЕНА ВОЛЈА!


Иста мисла, од двајца автори, со различен речник. Ја прифаќам за одговор.
Едниот од авторите воопшто не се чувствува за автор ... но, тоа е друга тема.

Јас лично потполно го прифаќам пророкот мухамед (с.а.в.с) и куранот, секаде каде што е ЛОГОСАНАЛОГОС, што значи секаде каде што не се израмнува или издигнува повеќе од СОВРШЕНАТА ВОЛЈА БОЖЈА - отелотворена во ИСУС - Тоа чудесно и прекрасно ЕВАНГЕЛИЕ !

Се надевам дека нема да навредам никого ако кажам дека чувствувам љубов и симпатија кон пророкот мухамед (с.а.в.с), кон сите делови на неговата личност што се аналогни со “стапките“ и делата ИСУСОВИ! Дури повеќе од тоа! Чувствувам благодарност кон БОГА што го допушти овој пророк. Пророкот што (после Исус) можеби како никоја друга личност ја актуализира потребата за размислување за она што покажа и направи БОГ во Исус и преку Исус, за спасение на човештото!


Шалом алеихем! Селам алејкум! Мир (на сите) вам! :smir:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Не си во право затоа што сите религии собрани како цвет ја даваат вистинската слика за господ бог. Така и куранот е еден дел или еден лист од тој цвет. Колку само мудрост и поука и објаснување како да живее човекот се среќава во куранот. Ддоека во билијата се објаснува нешто друго, а будизмот не учи дека постои реинкарнација или повторно раѓање каде од начинот на овој живот ќе зависи како ќе живееме во следниот. Така да религиите се надополнување, а тој што ги дели е ѓаволот. Па погледнете само колку христијанството е поделено, на колку дела и ќе видите дека сум во право.
О.К. Во прави си.

„...И му рече Исус на стотникот: „Оди си и , нека ти биде според верата твоја!„ И слугата негов ов истиот час оздраве„. (Матеј, 8.13).

КАДЕ има ваква вера, освен вистинската? И која е таа вера која дава вакви добри дела, не за своја, туку за туѓа корист?

И навистина, нека ти биде според верата твоја...
 
Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
A koj e koza koj e ovca ovde. I koj e zito i koj plevel.
rubyred zar moras sekogas vaka da se izrazis?
jas taman pocnav da te cenuvam pak Taklla , sallto , i u beton ngerkkkk.

Za bilo koj za bilo sto kako prvo neli e najglavno da se ima RESPEKT!

Silber, ако ме цениш по постовите, не мора ич да ме цениш, но да ти кажам дека компарациите за плевел и жито и двоење на кози од овци-НЕ Е МОЈА ИДЕЈА. Така пишува во Библијата, дека на Судниот ден ќе се издвојат неверниците од верниците како што се двојат овци од кози, и плевел од жито.
Затоа, размисли пред да ми припишеш вакви работи, не сум јас толку мудра како Библијата.

Ај, salamatilla kardash.:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom