old_School_mk
Програмер, гејмер, psy-trance уживател
- Член од
- 11 август 2009
- Мислења
- 6.157
- Поени од реакции
- 5.933
Тоа е така со сите поголеми фирми што продаваат склопени конфигурации. Мачкаат очи дека за 30.000 добиваш 4 јадрен процесор (не е ни битно кој ќе ти го дадат), графичка стара 2-3 години со 1 гига рам (обавезно им е со 1 ГБ, иако ти нудат GF 9500 GT и иако од нив ни 300 нема да можеш да искористиш), 4 ГБ рам, 1 ТБ хдд и некоја чкуртна плоча. По можност знаат да понудат како гратис двд режач, па дури и монитор да иде во пакет со конфигурацијата...Двајца другари имаат купено конфигурации од Нико, и се отепуваат од носење по сервиси, најчесто им се расипуваат режачите, хард-дисковите и напојувањето. На едниот му дадоа нов компјутер уште појак, ама и новиот е исто срање
А јас исто така не сум задоволен од Сет, не ми дадоа CD-а со драјвери, и компјутерот е ненормално бучен, но еве веќе 2ипол години нема ништо расипано.
А уствари, во цела таа конфигурација добиваш мизерно напојување што најчесто доаѓа во пакет со куќиштето со реална моќ од 230 W, box кулер за процесорот (или некој ептен беден - во секој случај ќе биде бучен) кој ќе ти ја направи собата сауна, а самото куќиште ќе биде толку лошо вентилирано што неизбежно ќе биде да работиш со отстранет капак.
И нормално, поради тие мизерни 230 W од напојувањето, ако се решиш да закачиш некој дополнителен хдд или режач (како што и сам кажа), или да правиш барем мал оверклок на процесорот - одма прегорува. Па сервиси, па мењање делови, па доплата... Џабе губиш време и пари.
Затоа - секогаш сам склопувај си конфигурација.