- Член од
- 1 ноември 2008
- Мислења
- 170
- Поени од реакции
- 20

ГОТСКА ЖЕНА
Готска жено,ти нема прозбори!
Откри заспани мисли,
тешки камења скрши,железна порта отвори,
замок од јад на проколната чеда пронајде.
Под наметка сокриени желби,
душа вековна сокриена
темниот месец тајна открива
деца на ангел црн,искршени крилја.
Во празнина заробена тишина
сенки на изгубени души по пат чекорат,
огледало на темнина во око скршено
изгубен е патот до светлина.
Вие што болка сенка ви е
кажете како мириса земјата,
во око на изгубен талкач роза црна,
ангел со искршени крилја во темнина заробен.
Напијте ме,нахранете ме ,
во раце книга на сенка дај те ми
во неа тајна на месецот запишан
во неа сите тајни на смртта јаловна.
Даница Петровска „09„

[FONT="]Х Р А М[/FONT]
[FONT="]Осветли го патот до храмот,[/FONT]
[FONT="]нека исчезнат сите илузии[/FONT]
[FONT="]невидливи конци до срцевина[/FONT]
[FONT="]храмот на плач...[/FONT]
[FONT="]НЕКА СЕ РАСПАРЧА!!![/FONT]
[FONT="]Секавици!Блеснете![/FONT]
[FONT="]Нека не заталка некој по патот,[/FONT]
[FONT="]осветли ги солзите по ѕидовите [/FONT]
[FONT="]скали од коров под нив празнотија[/FONT]
[FONT="]порта од болка,на неа срце рането.[/FONT]
[FONT="]НЕКА ИСЧЕЗНЕ!!![/FONT]
[FONT="]Секавици!Блеснете![/FONT]
[FONT="]Проколнети слики,пајажина околу нив[/FONT]
[FONT="]на нив духот на изумрена магесничка[/FONT]
[FONT="]во нив котел,волшебено стапче,троножец[/FONT]
розини [FONT="]листови,полна месечина.[/FONT]
[FONT="]Под нозете шкрипат коските[/FONT]
[FONT="]изобличени погледи,очи ширум отворени,[/FONT]
[FONT="]згрчени раце во нив молитвеник[/FONT]
[FONT="]прегризани усни од молитва нечујна.[/FONT]
[FONT="]СКРШИ СЕ ОД ПОГЛЕДОТ![/FONT]
[FONT="]Заробена душа во огледало,[/FONT]
[FONT="]затаен плач од уста неми[/FONT]
[FONT="]вресок од душа изумрен[/FONT]
[FONT="]плач на немиот молк на ехото.[/FONT]
[FONT="]Даница Петровска „09„[/FONT]
[FONT="]

[/FONT]
[FONT="]Волчица[/FONT]
[FONT="]Волчице,што завиваш,[/FONT]
[FONT="]што над младиот месец тагуваш,[/FONT]
[FONT="]дали младунци ти погубија[/FONT]
[FONT="]дали волкот црн го ранија.[/FONT]
[FONT="]Крвави траги на камен ти остави[/FONT]
[FONT="]распарана утроба од елен заскитан[/FONT]
[FONT="]ти,сеуште не си сита,жртва бараш,[/FONT]
[FONT="]крвави очи од бес што мир немаш.[/FONT]
[FONT="]Завивај волчице,волчја песна пеј,[/FONT]
[FONT="]што твои младунци погубија[/FONT]
[FONT="]што волк црн го ранија[/FONT]
[FONT="]што крвави траги ти на камен остави.[/FONT]
[FONT="]Даница Петровска „09„[/FONT]
[FONT="]
[/FONT]