- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.453
- Поени од реакции
- 5.862
Премиерите на Албанија и на Турција, Сали Бериша и Реџеп Таип Ердоган, го промовираа автопатот Драч-Кукс, поточно 60-километарската делница Решен-Калимаш, која претставува најтешкиот дел од автопатот.За премиерот Бериша, ова претставува „крај на поделеноста на трупот на албанската нација“ но, исто така, и на „автопат на пријателство и соработка“.
- Националниот коридор претставува најголемо достигнување за сите Албанци каде и да се, по зачленувањето на Албанија во НАТО и независноста на Косово - рече Бериша.Според него, со изградбата на автопатот Косово доби можност за излез на море, но, исто така, тој ќе биде во служба на сите народи од регионот, вклучувајќи ја и Србија.
- Патот, мостовите и тунелите ќе бидат голем фактор за регионалната соработка - изјави Бериша.Турскиот премиер, Ердоган, откако ја искажа гордоста што вакво големо дело го гради турска компанија, вети продолжување на поддршката и помошта за стабилност и благосостојба на Албанија и на Косово. На свеченоста, иако најавен, не присуствуваше косовскиот премиер Хашим Тачи, наводно поради тоа што било планирано да патува за САД.
Автопатот од 160 километри, инвестиција вредна 1,1 милијарда евра, треба целосно да биде завршен в година. Тој го поврзува албанскиот брег со Косово и ќе ја приближи косовската граница на само два часа пат до Тирана. Го гради турско-американската фирма „Енке енд Бекчел“, а мостовите ги градеше ГП „Гранит“.
(В.Т.)
dnevnik
Бериша и Ердоган го отворија автопатот Драч-Морина
Премиерите на Албанија Сали Бериша и на Турција Реџеп Таип Ердоган, присуствуваа на свечената инаугурација на првиот дел од автопатот Драч- Кукс-Морина, именуван како “Национален пат“ кој ги обединува Албанија и Косово.
Свеченото отворање започна со концерт на влезот на првиот надвозник на овој автопат, неколку километри блиску до мостот на Фани. Премиерите Бериша и Ердоган, пешачеа по дел од патот и потоа одржаа говор на подиумот под мотото “Албанија се менува“. Тие ја оценија изградбата на овој автопат како поттикнувач на регионалниот економски развој.
Сали Бериша, премиер на Албанија
“Свечено го отвораме автопатот Решен- Калимаш, што претставува најголемо дело, по членството на Албанија во НАТО и независноста на Косово, за целата албанска нација. Националниот коридор е коридор кој и става крај на поделбата на половина на албанската нација“.
Реџеп Таип Ердоган, премиер на Турција
“Посакувам овој пат да служи за сите наши народи. Овој пат ќе го поврзува Косово со пристаништето во Драч. Уште повеќе сум возбуден, дека на овој пат учествуваше турската компанија ЕНКА, а овој пат ќе ги приближи уште повеќе срцата и луѓето еден со друг. Овој пат ќе влијае многу во економскиот развој на Косово, како независна држава. Балканот, значи планински венци, но иако меѓу нас има планини, ние сепак успеваме да бидеме сите заедно. Ние ги надминавме овие поделби и градејќи низ планините, сега сме заедно“.
Помеѓу заинтересираните граѓани дојдени од сите краишта на Албанија, присутни беа и членови на владиниот кабинет, претставници на албанските и меѓународни медиуми, раководители и работници на американско- турската фирма Бектел Енка, која работи на автопатот Решен- Калимаш, една од најтешките изведби, во која е вклучен и тунелот Тире- Калимаш. Работите на овој автопат, започнаа пред две години. Се работи за важна артерија, со големо влијание во понатамошниот економски развој на Албанија, но и на Косово. Драч- Кукс- Морино, ќе го скрати патот Албанија- Косово за 65 километри.
Алсат