Злобни кучиња НЕ постојат, злобни луѓе има колку сакаш.
Кучето е социјално животно, создадено од човекот.
Ако некој идиот чува куче и од него направи исфрустриран ѕвер не е виновно кучето туку искомплексираниот сопственик.
Таквите кучиња се опасни и треба да се успијат (и да не се на улица) а сопственикот дебело да се казни.
Овие кученцава од сликите.
Има две опции за нивниот развој.
1. Бидејќи ми изгледаат мили и слатки многу веројатно е дека ќе бидат прифатени од станарите од околните згради и ќе бидат редовно хранети и галени. Тие ќе возвратат со тоа што секогаш ќе им посакуваат добредојде на доброчинителите а ќе ги заштитуваат и нив и нивниот имот од невоспитани “говеда“, наркомани, и потенцијални арамии. Многу поприфатливо ми е да ми се собираат вакви кученца пред влез отколку наркомани.
2.Ако немаат среќа кученцава и да налетаат на станари “дивјаци“ кои постојано ќе ги малтретираат, бркаат, тепаат и сл. Од питоми и мили разиграни социјални животни какви што се, ќе се претворат во диви и неприсапни, услово речено ѕверови. На кои не им останува ништо друго туку да се борат за својот гол живот и опстанок на секој можен начин.
Кучињата сами по себе не се виновни за НИШТО. Позади секое улично куче, позади секој “напад“ од улично куче секогаш стои вината од некој човек. Кога ќе се решат “проблемите“ кај луѓето односно секој што заслужува да си добие соодветна казна ќе се реши многу лесно проблемот со кучињата скитници.
Повеќе пати на темава а и на некои други теми сум кажал дека за мене човекот е најголем и најкрволочен ѕвер, кој сака се околу себа да уништи. Без да биде свесен со тоа е само се поблиску до своето самоуништување. Да беше човекот свесно и разумно суштество каков што сакаат некои да го прикажат немаше толку грозотии секојдневно да се случуваат по светот.
Свесен и разумен човек не ужива во малтретирање, касапење и изживување врз условно посалбите видови и единки. Социјализирани и цивилизрани животни какви што по дефиниција би требало да сме, треба да живееме во хармонија со природата и средината што не опкружува. Да имаме взамно почитување и разбирање.
Асоцијативни какви што сме и полни со своето его и самобендисаност и кога главна “мисла“ ни е: „Јас сум најпаметен и мора се да е подредено на моите желби и потреби, во спротивно имам право се да уништам и разнебитам“ Според мене не ни носи некоја светла иднина и перспектива.
Проблемот со кучињата скитници ни е можеби и најмал проблем (иако и тука на темава преовладува со некои 4% погоре опишаниот самоуништувачки развој на егото кај човекот).
Еве да видиме до каде може да не одведе тоа.
Иако секојднево непотребно се уништуваат многу природни добра и животи во светот (ама кој да се замара сеа со тоа) тука во таканаречените “урбани“ средини градовите сте се фатиле да ги истребите кучињата скитници. ОК еве го решаваме со проблемот со кучињата, сите ги требиме дури и и оние домашните. Сте размислиле ли што после тоа? Ќе се нафрлите ли и врз другите живи суштества што ве опкружуваат секојднево во градовите? Одговорот е: СЕКАКО ДА. Кучињата се истребени и нема да ви досаѓаат со нивното неподносливо лаење. Следни треба да се мачките бидејќи незнам ве плашат кога фрлате ѓубре во контејнер а тие ненадејно ќе скокнат. Ок ги решивме и мачките. После што е на ред... ааа да птиците. Искрено мене највеќе ме нервираат тие невоспитани серковци неможе човек на раат да си остави кола под сенка, под дрво. Ма у пичку матер па ова немало крај, многу работи ни сметаат јас незнам како ќе се искочи на крај.
Брзо давајте решенија нарушено е удобството на неговото височество човекот до крајни граници и неподносливо е веќе. ПОМОООШШШШШ