Кучиња скитници

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    619

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
@kikamika, секој сака кученца, ама факт е дека се почесто и почесто тие „кученца“ напаѓаат и мора да се превземе нешто околу тоа. Што преферираш ти, искасапено детенце или искасапено кученце. Таква е средината, ако не се заштитиме кај ќе ни биде крајот.
 
VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Додека ти ги учиш луѓето за суштината на проблемот, надвор ќе се случува ова.

И бидејќи ти го разбираш светот повеќе и од нас самите, те молам пиши ми кои се клучните две негативни причини што овие мали кученца ги носат во маалото?

1.
2.
Злобни кучиња НЕ постојат, злобни луѓе има колку сакаш.

Кучето е социјално животно, создадено од човекот.
Ако некој идиот чува куче и од него направи исфрустриран ѕвер не е виновно кучето туку искомплексираниот сопственик.
Таквите кучиња се опасни и треба да се успијат (и да не се на улица) а сопственикот дебело да се казни.

Овие кученцава од сликите.
Има две опции за нивниот развој.
1. Бидејќи ми изгледаат мили и слатки многу веројатно е дека ќе бидат прифатени од станарите од околните згради и ќе бидат редовно хранети и галени. Тие ќе возвратат со тоа што секогаш ќе им посакуваат добредојде на доброчинителите а ќе ги заштитуваат и нив и нивниот имот од невоспитани “говеда“, наркомани, и потенцијални арамии. Многу поприфатливо ми е да ми се собираат вакви кученца пред влез отколку наркомани. :toe:

2.Ако немаат среќа кученцава и да налетаат на станари “дивјаци“ кои постојано ќе ги малтретираат, бркаат, тепаат и сл. Од питоми и мили разиграни социјални животни какви што се, ќе се претворат во диви и неприсапни, услово речено ѕверови. На кои не им останува ништо друго туку да се борат за својот гол живот и опстанок на секој можен начин.

Кучињата сами по себе не се виновни за НИШТО. Позади секое улично куче, позади секој “напад“ од улично куче секогаш стои вината од некој човек. Кога ќе се решат “проблемите“ кај луѓето односно секој што заслужува да си добие соодветна казна ќе се реши многу лесно проблемот со кучињата скитници.

Повеќе пати на темава а и на некои други теми сум кажал дека за мене човекот е најголем и најкрволочен ѕвер, кој сака се околу себа да уништи. Без да биде свесен со тоа е само се поблиску до своето самоуништување. Да беше човекот свесно и разумно суштество каков што сакаат некои да го прикажат немаше толку грозотии секојдневно да се случуваат по светот.
Свесен и разумен човек не ужива во малтретирање, касапење и изживување врз условно посалбите видови и единки. Социјализирани и цивилизрани животни какви што по дефиниција би требало да сме, треба да живееме во хармонија со природата и средината што не опкружува. Да имаме взамно почитување и разбирање.
Асоцијативни какви што сме и полни со своето его и самобендисаност и кога главна “мисла“ ни е: „Јас сум најпаметен и мора се да е подредено на моите желби и потреби, во спротивно имам право се да уништам и разнебитам“ Според мене не ни носи некоја светла иднина и перспектива.

Проблемот со кучињата скитници ни е можеби и најмал проблем (иако и тука на темава преовладува со некои 4% погоре опишаниот самоуништувачки развој на егото кај човекот).
Еве да видиме до каде може да не одведе тоа.

Иако секојднево непотребно се уништуваат многу природни добра и животи во светот (ама кој да се замара сеа со тоа) тука во таканаречените “урбани“ средини градовите сте се фатиле да ги истребите кучињата скитници. ОК еве го решаваме со проблемот со кучињата, сите ги требиме дури и и оние домашните. Сте размислиле ли што после тоа? Ќе се нафрлите ли и врз другите живи суштества што ве опкружуваат секојднево во градовите? Одговорот е: СЕКАКО ДА. Кучињата се истребени и нема да ви досаѓаат со нивното неподносливо лаење. Следни треба да се мачките бидејќи незнам ве плашат кога фрлате ѓубре во контејнер а тие ненадејно ќе скокнат. Ок ги решивме и мачките. После што е на ред... ааа да птиците. Искрено мене највеќе ме нервираат тие невоспитани серковци неможе човек на раат да си остави кола под сенка, под дрво. Ма у пичку матер па ова немало крај, многу работи ни сметаат јас незнам како ќе се искочи на крај.
Брзо давајте решенија нарушено е удобството на неговото височество човекот до крајни граници и неподносливо е веќе. ПОМОООШШШШШ :tapp:
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034

Nuke?

Nuke%2520Test.jpg
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Абе знаеш како е - или ги сакаш кучињата и си нивен заштитник, ги браниш против сите...или ги мразиш од се срце и сакаш да ги колат со сатари.

Све ти е тоа црно-бело, јинг и јанг, фенг и шуи.
VoniVaras, место да те цитирам тебе -еве сам себе ќе се цитирам.
Целиот твој ОГРОМЕН пост можеме да го ставиме во овие две реченици.

Кажи ми, дали некој рече дека кучињата се ултимативно криви за нападите врз луѓето?
Не.
Кажи ми, рече ли некој дека они се криви што се на улица?
Не.
Дали некој ги обвини за што било, овие суштества, дека свесно и за инат прават лоши работи?
Не.

Епа те молам, немој со вакви размислувања, клише е. Чим сакам да се тргнат од улица, мора да ги мразам, така?

Ти го зборам ова, пошто упорно бегаме од проблемот за вакви банални работи. Проблемите кои сакав да ги посочам се следните:

1. Бидејќи се мали и имаат мајка, спијат во маалото на различни места - може да се случи некое дете да налета по грешка кај што спијат, да ги уплаши и да го нападнат. Мене ми се случи пред некој месец кога се враќав навечер, во темницата да "улетам" на скитнициве и ми срипаа сите заедно, среќа имав чадор со кој можев да размавтам и знаев дека не треба да бегам, зашто така ќе ме нападнат.

2. На претходните страни се збореше дека "ете, ќе се кастрираат сите, ќе си го изживеат животот и готова работа". Епа, ова не само што покажува колку пропадната теорија е тоа, него и го заглавува маалото со три нови кучиња, врз оние 6-7 кои ги имаме. И сега, нови 15 години, така?
Плус, не секој сака кучиња, размисли на тоа, некои се плашат од нив...па зашто они да се колатерална штета и да се плашат кога излегуваат во маалово?

Значи, човекот е крив за тоа што они се на улица, човекот е крив што они се агресивни и што би нападнале, ако нападнат.
И не знам кој како ги вреднува работите овде, ама јас мислам дека и еден човек да биде нападнат додека ние вака "чекаме", тоа е доволен показател за тоа дека постои проблем со уличните кучиња.
 
S

smart ass

Гостин

Грешка си мац бидејќи кастрирањето во пракса се применува во вистинските метрополи и патем колку за инфо кастрирано куче не е агресивно.
Значи, човекот е крив за тоа што они се на улица, човекот е крив што они се агресивни и што би нападнале, ако нападнат.
Па во основа да-еве да бидеме реални илјадници години кучињата биле со луѓе,живееле со луѓе и многу биолози укажуваат дека кучињата преферираат средина каде има луѓе отколку дивина(на пр волкот) и тоа е докажано со експерименти,даден му е избор на кучето и одбира да биде со луѓе:)

Значи да повторам и овде вината е воглавно кај општината,шинтерските служби...абе Скопје не е метропола,а кога има милиони за булшит ја не знам зошто конечно не го решат ова бидејќи да бидеме реални има и случаи каде кучиња напаѓаат а кај помали деца дури остава и психички последици.

Да сумирам-потписи од граѓаните право до коцета па средства ќе најдат..уствари ќе треба општина по општина срање бирократија колку да има администрација и пак ништо-треба поделба на квартови наместо општини ама ај да не одам оф топик.
 
maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Пред некој ден на плоштад си лежеше едно куче на сонце и еден дебил скопски помина и го шутна и си отиде како ништо да не направил.
Да го нападнеше после кучето, јас немаше со прст да мрднам и да можам да му помогнам

за жал од такви шутирања и клоцање после настрадуваат невини луѓе. Куче ако никој не го нападнал и не го вознемирил нема да нападне!
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Кај нас пред зграда се појави едно куче, кучето си лае многу нормално и една комшивка на возраст од 34 години учителка во училиште, поминува пред зграда да си оди дома и кучево почна да лае,кучето оддалечено можеби 50 метри од неа, воопшто не ја перцепира, девојкава доби паничен напад, хистерија ја пукна почна да се дере. Јас мислев дека се скрена од умот незнаев што се случува.Подоцна разбрав.

Тука кучето не направи никаков проблем нормално е да лае, таа си има проблем психички, некој нереален страв, фобија, внатрешен конфликт, без разлика такви реакции не се нормални, ако беа нормални и другите луѓе што беа во моментот присутни ќе ја имаа истата реакција.
Госпожата го пријави кучето како многу опасно, бесно куче дури и дека има беснило кажала.Дошле шинтерите малку се чуделе околу беснотијата и опасноста ама служба е служба и го зеле.
Комшииве беа да го бараат во вардариште, им рекле за 15 дена ќе им го дадат, чисто се сомневам можеби неговиот живот е веќе згаснат " благодарение" на учителката која им предава на децата по предметот Општество како треба да живеат во согласност со природата. Парадокс.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
еден дебил скопски помина и го шутна и си отиде како ништо да не направил.
ова значи е ненормална ситуација (прау за прау и е)

а ова
Пред некој ден на плоштад си лежеше едно куче на сонце....
е нешто вообичаено центар, главен град на плоштад скитник куче да си се пече на сонце...интересно, како за кого е нормално, најчесто за в село

Кај нас пред зграда се појави едно куче, кучето си лае многу нормално и една комшивка на возраст од 34 години учителка во училиште, поминува пред зграда да си оди дома и кучево почна да лае,кучето оддалечено можеби 50 метри од неа, воопшто не ја перцепира, девојкава доби паничен напад, хистерија ја пукна почна да се дере. Јас мислев дека се скрена од умот незнаев што се случува.Подоцна разбрав.
За куче и 100 метри се шега, што доколку гризне некого, кој ќе одговара, дали таа личност имала некоја болест (физичка, психичка), само таа си знае...пренагла реакција, но позадината не ја знаеме...сето тоа се прашања кои треба да се постават.
Некому ќе текне магаре да рани пред зграда...пошто само си дошло. Магарето е животно, никому не чини зло, но не е за на улица и за в град.

Мислам дека Скопје треба да се сруши до темел...да се изградат десетина села (мада мислам дека и у село не смее куче да врви слободно) каде ќе може кучињата да се лелеават по сокаците, луѓето мирно да чуваат кози и кокошки...
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Лурц, па во Скопје во сред центар коњите се реална слика и јас имам страв истиот да не ме ритне и затоа не поминувам покрај него, но немам захтев дека треба да се успиваат малтретираат, претепуваат итн. Скопје не треба да се руши, ниту пак села да се прават, проблемот е во човекот,сета оваа настаната ситуација со кучињата скитници е резултат на несовесно и ниско свесно однесување на луѓето. Животните се животни и неможе да ги обвиниме за настанатиот проблем затоа што истиот не потекнува од нив, тие не се причина. да и јас сум за средување на хаосот со кучињата на улица, но треба да се бара соодветен начин. А не да се трујат.
А што ако некое детенце кое си игра во паркот каде е фрлен отров наменет за некое куче или маче и детето дојде во контакт со отровот и последиците да бидат фатални. Кој тогаш ќе одговара?
 
bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Ако нема кучиња нема да има таков проблем. Прити симпл.

Што треба да се направи ? Да си поминат служби секаде, да ги земат кучињата и да не ги вратат пак. Што ќе им праат ич не ме боли, ако толку ви е гајле поминете после тоа и сите дома земете си ги. Што е до мене ја сум среќен со игнорантноста и ќе си мислам дека се на фарма и живеат среќно до крајот на животот.

Што е проблемот ? Има геј активисти што ништо не праат него плачат по форуми и фејсбук, има тапа држава и луѓе што не им се работи.

Што ќе добиеш ? Нема да ти е страв по улица нешто да не те изеде, нема да ти е страв дека детето ќе ти се отруе или ќе го изеде куче.

Што ќе изгубиш ? Ништо.

Нешто слично треба и со мачките и со било какво животно дали е тоа коњ или магаре. Модерно општество не треба да има животно на улица.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Знам, ужас е...ама коњот не трча по мене (ниту кобилата)...не скокаат сите кучиња, но некои да. Ако се отвори тема за коЊОви, ставот ќе ми е тој, нема промена.
Искрено за отров не знам, но за бркање, тепање или да го устрелам (што е ризик по другите луѓе), тоа во одредени случаи го сметам за самоодбрана на својот и животот на моите.
Имаме еден ист проблем у маало. Кучка (ничија) се окучи, ја ранат комшии кој стигне, има 2 комада оставено со неа. Мили се, интересни, не ми праат ништо, но на луѓе од други улици им се пуштаат, не можат да поминат...а замисли кога ќе пораснат, глутница како во планина. Не е тоа тоа...комшиите ветуваа дека ќе средат ама ништо од тоа.
Да ги пријавам, ќе ги однесат и отепаат...да ги оставам, ги напаѓаат другите луѓе...ај кое е чарето? Соседите ќе ме колнат ако ги однесам и ги удавам...ама соседии :) значи секој мисли на своето добро.

Инаку замислете сличен проблем, полицијата да наплаќа само казни за паркинг, а да не ги гони лоповите, дилерите...тогаш за кратко време мислам дека граѓаните постепено сами ќе се организираат...човек мора да се одбрани.

А што ако некое детенце кое си игра во паркот каде е фрлен отров наменет за некое куче или маче и детето дојде во контакт со отровот и последиците да бидат фатални. Кој тогаш ќе одговара?
дур сега се подзамислив...деца не играат у трева пошто таму серат и мочаат кучиња. Ако играат таму, фекалиите и мочката се исто опасни. Плус Одамна немам видено мало дете да игра у трева у ширинка.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Хаха, и двајцата сте прави...ја затоа не им давав на децата коа беа мали да трчаат низ тревите у маало. Премногу беа загадени со човечки и животински остатоци :) Асфалт си е асфалт.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Пред некој ден на плоштад си лежеше едно куче на сонце и еден дебил скопски помина и го шутна и си отиде како ништо да не направил.
Да го нападнеше после кучето, јас немаше со прст да мрднам и да можам да му помогнам

за жал од такви шутирања и клоцање после настрадуваат невини луѓе. Куче ако никој не го нападнал и не го вознемирил нема да нападне!
Ех, зашо си скромна мацо, признај дека ако имаше пиштол и ти беше дозволено, ќе го убиеше него, сите другари што биле со него и целата негова фамилија до 6то колено.

Скопски дебил, ха, зашто ова го пишуваш на форум, што не му го кажа во живо?
Ама не, ние на форум сме само опасни, по дела не нема никаде. : )

Кај нас пред зграда се појави едно куче, кучето си лае многу нормално и една комшивка на возраст од 34 години учителка во училиште, поминува пред зграда да си оди дома и кучево почна да лае,кучето оддалечено можеби 50 метри од неа, воопшто не ја перцепира, девојкава доби паничен напад, хистерија ја пукна почна да се дере. Јас мислев дека се скрена од умот незнаев што се случува.Подоцна разбрав.

Тука кучето не направи никаков проблем нормално е да лае, таа си има проблем психички, некој нереален страв, фобија, внатрешен конфликт, без разлика такви реакции не се нормални, ако беа нормални и другите луѓе што беа во моментот присутни ќе ја имаа истата реакција.
Госпожата го пријави кучето како многу опасно, бесно куче дури и дека има беснило кажала.Дошле шинтерите малку се чуделе околу беснотијата и опасноста ама служба е служба и го зеле.
Комшииве беа да го бараат во вардариште, им рекле за 15 дена ќе им го дадат, чисто се сомневам можеби неговиот живот е веќе згаснат " благодарение" на учителката која им предава на децата по предметот Општество како треба да живеат во согласност со природата. Парадокс.
Хеј, а твојов "пример"?
Тука се гледа наивноста и колку само гледате црно-бело на работите. Кога ќе си уцрташ во глава дека некој има трауматично искуство со куче, дека некој друг па, едноставно се плаши од нив, некој трет фобии вади...и ќе сфатиш дека тоа е нормално - нема повеќе да седиш на страна и да се чудиш што се случува, него ќе пробаш да помогнеш.
Јас знам дека на тебе и другарките кои ги идолизирате кучињата ќе ви дојде како шок, ама јас сум љубител на животни. Сум чувал куче 10 години и ги сакам тие животни. Но, не глумам идеалиста и не се правам наивен - не се врти светот само околу мене. Не си викам "Види ја глупачава, на 50 метри од неа и лае", пошто 50 метри во кучешки секунди = 12 секунди?

Знам дека ти е чудно што го пријавила, како што верувам дека и други работи ти се чудни за луѓето, знам дека ти е чудно што не го викнала дома на ручек.

На крај краева, еве ти два факти за мозгање:

1. Во Скопје има и мачки по улиците, на нив исто не им е местото таму, но дали некој се буни?
Не, бидејќи мачките не лаат по луѓе и не се собираат во чопори да трчаат по нив. Не сум слушнал за некој овде со фобија од мачки, бидејќи обично фобиите се прават заради причина.

2. Според вашите теории дека "не се криви кучињата, не се агресивни по природа и ако живееме во вакум ќе биде се ок", значи ние во Скопје можеме да донесеме и змии - бидејќи нели, они исто не се агресивни, а напаѓаат само ако чуствуваат опасност. Па ај ако не, зашо да не живееме со змии во градов?

И ве молам, престанете со вашиве примери, зашто само покажувате колку без почит кон луѓето и нехумано размислувате. Скопски дебили, будали психички лабилни комшики...а парадирате хуманост и ренесанса. Е ова се, драга колешке, е вистинскиот парадокс.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom