Д
ДаркхарТ
Гостин
Обично се согласувам со твоите мислења, но тука ќе направам исклучок. Грев е да го убиеш да, но нели е грев да те искасапи? Знаеш какво е чувството кога на полноќ од нигде никаде ќе ти се појави крволочно куче и беспомошен врискаш? Знаеш тогаш како нозе ти се отсекуваат? Подобро да не почувствуваш. Грдо е.Убивај филозофке, ако ти е убаво на душа. Друг ќе суди.
Денешниот реален свет е преполн со казни за убијците, така да кога тогаш се надевам дека ќе има казни и за оние што убиваат животинки и кај нас. Нели идеме во ЕУ. Ќе биде и тоа еден убав сончев ден.
Мада и да не ве казнат, сепак нечиста душа имате.
И да фала што ме потсети дека сум правник. И ти беше нели?
Прочитај убаво за убиствата на животните. И какви се казните.
Па убивај после.
Ќе ти објаснам на кратко како изгледа.
Се враќам јас од град некаде околу полноќ и точно на мојата улица собрана група од 4-5 кучиња. Ги избркав некако. Од живата ограда на соседите се појави агресивно куче кое почна да скока околу мене спремајќи се да ме нападне. Ги покажа забите почна да `ржи толку страшно што пребледев во истата секунда. Очите му беа црвени и зрачеше со агресивност. Ги подаде предните нозе спремно да рипне накај мене. Во моментот повеќе не се сеќавам што се случи. Знам дека вриснав со силата што ми остана. Не се сеќавам ни како ни кога си отиде, само до ден денес се сеќавам на таа слика каде и да видам куче. Било какво да е. И пекинезер да е и пудлица, мене ми се прикажува сликата од таа вечер пред дворот на соседите.
Стасав дома пребледена само ја треснав вратата и ги разбудив моите. Се потресоа кога ме видоа. Ме прашаа што се случило и им кажав. Се напив апче за смирување за да можам да заспијам.
На никому не му посакувам слично да му се случи.