На македонскиот сајт Идивиди се гласа за “успивање„ на здравите кучиња скитници во стационарот „Вардариште“.
Во тек од една година успеале да успијат 1400 кученца,оние кои што биле стари,болни,и оние кои што веќе една година престојувале таму.
Сега,им останале уште некаде 400 кучиња,на возраст од 8 месеци до 5 години и сакаат и тие да ги успијат.
На горенаведениот сајт,има спроведено анкета,односно:
Дали се согласувате да се „успиваат“ здравите кучиња скитници во стационарот Вардариште
* не, сакам да се вратат на улица
* да, сакам побрзо да се реши проблемот
Во предност е втората опција,односно да се “успијат“.
Дали вие мислите дека тоа е правилниот чекор? Дали би било подобро да ги „успијат“ или пак да ги вратат на улица каде што би можело некој да ги вдоми,и покрај малите шанси за тоа?
Мое мислење е дека треба да ги вратат на улица.Гласав и за тоа.
Ако се здрави зошто да се усмртуваат?
* не, сакам да се вратат на улица - Дефинитивно.
Зошто? Од таму луѓето и ги прибираат за чување. Нема место кај што можат да се чуваат, или подобро речено, немало желба/иницијатива за да се направи нешто такво за кучињава да можат да бидат посвоени.
Најискрено, од лично искуство, повеќе се исплати да се вдоми некое од кучињава од улица него да се купуваат. Двајца другари чуваат џукели а кучињава не можеш да ги разликуваш од расни сорти.
А јас сум зачуден од македонциве на форумов и како размислуваат, ако воопшто тоа и го прават, зошто во очигледно отсуство на чувства изгледа дека и логиката ги напуштила. Да не почнувам за морал и етички вредности ...
Така е бе така е прави сте. да живеат џукелите, шо барале не знам да измислуваат и вакицини за беснило кога требало само чуства да се има.
Кога беше последниот пат кога имаше опасност од беснило? Или онака зошто немаш што да кажеш па го лупна тоа а?
Инаку да, треба да се има чувства, тоа е тоа што те прави човек. А со размислувања како твоиве, истото е ставено под знак прашање.
Што сакаат нека им прават колку кучиња има по улициве македонски и луѓе кои немаат да јадат а ние за кучињата ќе правиме дискусија, умираат за јадење од Африка немаат вода да пијат што се луѓе па гледам тема нема отворена асално за тоа .. они за кучињата.
Извини, ама не сме моментално во Африка па да критикуваш зошто повеќе се води грижа за кучињата него луѓето. Збориме за Македонија сега, остај Африка. Не викам дека немаат проблеми луѓето, и сигурно дека им треба помош, но за тоа во друга тема, тука се дискутира друго.
А тоа што сакаат нека им прават сигурно немаше да го речеш да се работеше за твое куче, или за куче на некој од твојата фамилија/блиски.
Нека ги стрелаат ако сакаат,само да не гледам куче по улица!
Повеќето забораваат дека меѓу кучињата скитници има и кучиња кои побегнале од своите домови. Кучиња што некој ги чува .... можеби и со години. Рачунати како дел од семејството. И ти и останативе без малце да размислите што зборите, се согласувате да се усмртат? Ви се дивам на разумот, зрелоста и на етиката. Завршиле добра работа родителиве ваши.