Кучиња скитници

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    625
те разбирам..но од кој аспект најдобро??

јас би рекол од економски аспект успивањето е најдобра опција..зошто да се трошат средства на граганите кога ете имаме проблеми во здравство,образование...градот има низа проблеми кои чекаат.
Промлемите секундарно не се решаваат. Што ако градот да го реши проблемот со здравството и образованието донесе секундарни и ригорозни закони? Ете преку глава од здравствените проблеми и бум закон што никому не ни одговара...се нема пари бе за одолговлечување. Црно или бело. Сиво нема.
 
тие нека се јават за скитниците за децата по домовите.

а овие од срна ако толку се напалени нека спремаат потписи ете 3000 ке бидат доволни дека ке згрижат куче џукела или пак дека ете финансиски ке ја поддржат стерилизацијата.

ако има начин да биде без успивање а да има ефект како тој зошто да не:toe:

се случува ретко некој да биде каснат растргнат...но проблемот е кога тоа му се случува на некое дете...е сега замислете која психичка штета може да ја нанесе!!

Промлемите секундарно не се решаваат. Што ако градот да го реши проблемот со здравството и образованието донесе секундарни и ригорозни закони? Ете преку глава од здравствените проблеми и бум закон што никому не ни одговара...се нема пари бе за одолговлечување. Црно или бело. Сиво нема.

чекај сега проблемите не се решаваат
со закони туку со нивно правилно имплементирање...навистина жално е што нашето здравство не е опремено со соодветна апаратура..посебно против малигните болести.

прочитав дека дури и за зрачењесе чекало?

ако бирам црно или бело...зависи кој како го подразбира за мене исти се...практичиот пристап е на страната на успивањето.
 
те разбирам..но од кој аспект најдобро??

јас би рекол од економски аспект успивањето е најдобра опција..зошто да се трошат средства на граганите кога ете имаме проблеми во здравство,образование...градот има низа проблеми кои чекаат.
А демек вака не се трошат средствата на граѓаните за полнење на нечии сметки или џабови. Ајде ќе те молам, не зборувај вакви работи дека никој од нас не паднал од Марс.
А со стерилизацијата не значи дека мора да се добие одложено успивање. Тоа ако би се правело би било контролирано. Значи да се намали моменталната бројка, но не и да се дојде до тоа да се истребат кучињата. Не би се стерилизирале сите и би се пратела состојбата со нивната бројка да биде нормална т.е. да бидат толку колку што можат да се чуваат по стационарите или според побарувањата на граѓаните. Ова звучи премногу невозможно, но само затоа што нема луѓе кои би се нафатиле на истото.

се случува ретко некој да биде каснат растргнат...но проблемот е кога тоа му се случува на некое дете...е сега замислете која психичка штета може да ја нанесе!!
Добро, аман со овие споредби. А колку често или ретко се случува дете да биде прегазено, удавено, убиено, предозирано, убиено со ќотек, застрелано и сл? Се презеле ли некогаш мерки против тоа? Се успале ли одговорните виновници т.е. луѓе? Како да ви се кучињата најголемата животна опасност!
 
чекај сега проблемите не се решаваат
со закони туку со нивно правилно имплементирање...навистина жално е што нашето здравство не е опремено со соодветна апаратура..посебно против малигните болести.

прочитав дека дури и за зрачењесе чекало?

ако бирам црно или бело...зависи кој како го подразбира за мене исти се...практичиот пристап е на страната на успивањето.
„Правилно„ реагирање на државата се врши кога ќе дојде коса преку носа. А тоа за мене е секундарно и неразмислено донесено решение. Се дур не се покаже жртва, никако не се ни размислува на проблемот.
 
а овие од срна ако толку се напалени нека спремаат потписи ете 3000 ке бидат доволни дека ке згрижат куче џукела или пак дека ете финансиски ке ја поддржат стерилизацијата.
Значи пак на почетни позиции (како 10-20 страни пред ова). 3000 потписи=700 семејства пљус оние кои не потпишуваат, а сакаат (па макар нека се и во стан, кога се мора тоа е), пљус Срна мрна...такви хуманитарци и нивните фамилии се добива добра почетна бројка-неколку илјади фамилии-за задомување, за давање некој денар за животниве, посета на тој стационарот...воопшто за помош.
 
ако веке се полнат џебови кј гарантира дека стерилизацијата како поскап метод нема да биде злоупотребен...за полнење џебови.

секако со контрола плански би се решил проблемот фала богу,но сте се запрашале дали имаме капацитет и колку време ке биде потребно и колку средства...на крај краеви и немаме европски буџет..нирнберг е збратимен град со Скопје да побараме помош:toe:
 
Никој не гарантира за ништо но релано нема трето решение,што ќе ни каже Нинберг кога сите животни што ни ги дадоа за Зоолошката ни умреа :toe: никој нема да го решава нашиот проблем освен самите :helou:
 
Добро, аман со овие споредби. А колку често или ретко се случува дете да биде прегазено, удавено, убиено, предозирано, убиено со ќотек, застрелано и сл? Се презеле ли некогаш мерки против тоа? Се успале ли одговорните виновници т.е. луѓе? Како да ви се кучињата најголемата животна опасност!

Заради ваквото негативно дебатирање(примерот кој си го цитирала) изгубив желба да реплицирам на темава.

Ако одиме со стерилизација, првенствено таа нека си ја применат сите сопственици на кучиња, значи домашни, кои потоа не сакаат да ги гледаат малите кученца и ги фрлаат по долови, од кои подоцна имаме константен раст на улични кучиња.

Затоа, стерилизацијата само на уличните кучиња ќе даде половичен резултат.
Бидејќи повторно е кај нас топката и ние сме генераторот на кучињата кои сакаме да ги отруеме за да се решиме од нив, како што претходно сме се решиле фрлајќи ги на улица.

А доколку треба да полемизираме колку кучињата може да се корисни, пробајте од кучињата ловци, кучињата кои работат во полицијата, кучињата чувари, овчари, кучињата кои претставуваат водич за слепите луѓе и стотици индивидуални примери за верноста и храброста на кучето.

Не ретко кучето се ставило во одбрана на својот газда и го чувало неговиот имот.
 
Јас не сум слушнал некој расни кучиња да ги фрла по долови :toe: кога може или да ги подари или да заработи од нив...некако не сум сигурен за ова што го викаш...во ред е со сите примери што ги наведе за кучињата, но сепак проблемот е преголем за да оставиме така да остане :smir:
 
Ова што си го напишал е точно но што корист кажи ми имаме од кучињава скитници?
Можеби во Кина им нашле корист ги јадат прехрануваат луѓе, тоа е поголема корист отколку да се убие залудно, вака ќе прехраниме некого.
 
Масакр на кучињата во Гевгелија

Жителите на Гевгелија завчера утрото наишле на морничава глетка кога виделе дека поголем број од уличните кучиња биле отруени и расфрлани по улиците

Отров бил поставен на многу места во градот, а сé уште не се знае кој и дали издал наредба за нивно убивање. Некои од граѓаните реагираат, со оглед на тоа што биле отруени голем број кучиња за кои граѓаните се грижеле и ги хранеле, но и расни кучиња што гевгеличани во текот на вечерта ги шетале низ градот.

- По контејнери си ги баравме кучињата. Крв имаше насекаде, некои од нив беа собрани, а некои ги најдовме по улиците. Граѓаните што забележале дека има труење успеале во последен момент да спасат неколку кутриња, но градот за една вечер се исчисти - вели жител на Гевгелија.

Во последниов период во медиумите било објавено соопштение од општината Гевгелија во кое се апелирало граѓаните што имаат куче да го тргнат од улица. Во соопштението се вели и дека градот има намера во наредниот период да го реши проблемот со уличните кучиња. Гевгеличани за еден ден направиле петиција со 150 потписи со цел да го натераат градоначалникот Иван Франгов проблемот да го реши на хуман начин.

Тој во телефонскиот разговор кратко ни изјави дека не дал наредбата за труење на кучињата, но не ни кажа зошто ги повикал граѓаните да ги тргнат своите кучиња од улиците.

- Јас си стојам на зборот. Не сум ја дал наредбата. Овие шпекулации доаѓаат од некои групи од ентузијасти. Но, не сакам да се случи некое од кучињата да нападне човек бидејќи јас сум одговорен за овој град. Јас им реков, ако толку се грижат за уличните кучиња, нека си ги земат дома. Сум го дал зборот и ќе го решам проблемот. И ви се молам ценете го моето време, на состанок сум - ни изјави Франгов.

Тој не одговори како има намера да го реши проблемот со уличните кучиња во градот, но по новонастанатата ситуација со ставањето отров по улиците, за такво нешто најверојатно ќе нема ни потреба, бидејќи во Гевгелија останале само уште неколку живи.

Инаку, и според Кривичниот законик и според Законот за благосостојба на животните, секакво расфрлање на опасни материи што го загрозуваат животот на луѓето и на животните е забрането и предвидени се високи парични казни. Досега во Македонија никој не одговарал за ова кривично дело.

Љупчо Алексовски, портпарол на општината Гевгелија, вчера изјави дека секоја година во буџетот се предвидувале пари за изградба на стационар во градот и дека со доаѓањето на новиот градоначалник, такво нешто ќе биде направено.
Автор: М.Ј.

http://time.mk/story_847f322f0c_article_392e693e0a.html
 
Претходно изнесов мое мислење на темава. Понатака, еве да ја тргнеме еутаназијата на страна, можда сепак е подобро да се стерилизираат кучињата и тоа ја би предложила да се "сецнат" само машките, женките не мора. Тоа би било поевтино и поедноставно за изведба. Идејата да им се извадат забите и-што-ја-знам мислам дека е доста скапо и ризично (компликации ако остане коренче и сл).
 
би предложила да се "сецнат" само машките, женките не мора.
Доволно е едно машко куче да не се "сецне" за да ги затрудне другите женки. Башка што предлогов ти е малку феминистички, само машките кучиња да патат :nenene:

Идејата да им се извадат забите и-што-ја-знам мислам дека е доста скапо и ризично (компликации ако остане коренче и сл).
Ова сериозно? Кој тоа "нормален" воопшто дал ваква идеја? Дај посочи го.
Единствено полошо од успивање на уличните кучиња е нивното бричење, фарбање, вадењето заби... Дај не трипувајте.
 
Јас не сум слушнал некој расни кучиња да ги фрла по долови :toe: кога може или да ги подари или да заработи од нив...некако не сум сигурен за ова што го викаш...во ред е со сите примери што ги наведе за кучињата, но сепак проблемот е преголем за да оставиме така да остане :smir:

Расисти. :toe:

Од една страна парола “смрт за кучињата“ ,а од друга страна ако се “расни“ односно ако може да се заработи некоја пара тогаш тие се у реду.

Многу мал процент се оние кои одгледуваат кучиња и се занимаваат со конкурси, натпревари и сл.

И проблемот не се кучињата, проблемот е односот кон нив.

Џабе ќе се трујат доколку утре во долот пак некој фрли вреќа со 4-5 кученца.
Стратегијава - јас серам, ти збираш.

Ова што си го напишал е точно но што корист кажи ми имаме од кучињава скитници?
Можеби во Кина им нашле корист ги јадат прехрануваат луѓе, тоа е поголема корист отколку да се убие залудно, вака ќе прехраниме некого.

Што корист па имаме од тебе споредбено со кучињата на улица?

Кучињата не се нашле самите онаму каде што се. Затоа ако се обидуваме нешто разумно да донесеме тоа би било делување со превенција.

Не да чекаме да се размножат, па да ги труеме туку да не дозволиме да се најдат на улица.

Реков и претходно, без разлика кој е “за“ или “против“ , нови стационари мора да се изградат и да се создаде функционален систем.
За тоа ние плаќаме даноци и некој ја “јаде“ платата без да си го сработи својот дел.

Незнам што животно и да е ама вакво примитивно труење по улици како кај нас доликува баш на некоја рурална азиска земја.

Според самиот пристап кој го имаме кон самите нас и средината во која живееме ние ја проектираме сопствената слика кон светот, па затоа наскоро за ова ќе се чуе и надвор од Македонија и тоа ќе биде онаа вообичаена негативна и подбивна слика за нашата земја.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom