Кучиња скитници

Ваше мислење:


  • Вкупно гласачи
    620

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
30
Да се успијат, затоа што претставуваат опасност за луѓето.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.904
Поени од реакции
12.456
која е поентата да се стерилизираат и да се пуштат повторно по улиците...
Или која е поентата да се вдомуваат кога нивниот пород пак се пушта по улици, ендеци, подруми...Повеќето од вдомувачите не вршат стерилизација. Ако тргнам од себеси, јас немам друга работа, немам други грижи или имам одвишок пари за бензин, вакцини, инекции...па да му правам кејф на детето кое сака да го спаси градот од уличните кучиња, да се стерилизира, па вакцинира, па повторно вакцинира, па на преглед... луѓе- не се само парите, тука се и обврските на возрасните кои не дозволуваат ни сметки да се платат преку недела не па да се трчкара за куче низ градот. Прашав претходно, добив некој ноншаланс одговор -ќе ги носиме по пријатели и на село. Ниту пријателите ми сакаат куче, ниту пак селото е контејнер за збирање вишок кучиња, каде по автоматизам, селото ќе се пренасели со улични кучиња. Малку логика не е наодмет. Ако воопшто постои логика во вака апсурдни ситуации.

Ако барем малку се размисли за реалното функционирање на фамилија. И ако не се тргнува секогаш од его-.
Но најверојатно според годините, поинаку размислуваат и сметаат дека животот е само грижа за вакви работи и грижа за шминката, сандалките, велосипедот и ролерките.
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Уште еднаш да не ти се случило така да се обраќаш.
Или во било која конотација да вршиш равенство помеѓу човек и животно.
Инаку, која би била разликата кога веќе се убива, на кој безболен начин би се убивало.
И со пушка, ако правилно се нанишани во главата на кучето, ќе биде безболно.
Од каде ти е тебе правото вака да се закануваш кон друг кој што има поразлично мислење од тебе. ДЕМОКРАТИЈА - Право на искажување на свое мислење.
Потполно се согласувам дека не треба да се изедначуваат животните со луѓето бидејќи со тоа се навредуваат животните.:baeh:
Животните се животни - Луѓето се ЅВЕРОВИ.
Тоа е надминато, ќе бидат убиени. Сметам дека дискусијава треба да се префрли на тоа како да бидат убиени и кој би бил најефтиниот и најефикасниот начин.
Ова те цитирам колку да ти го потврдам погоре наведениот мој став.
Наведи ми пример каде животно (било кое) има ваков природен нагон за ефикасност за беспотребно убивање на друго животно. Чисто така да му дојде желба и да изврши “ефикасен“ масакар.
Не знам што со кастрацијата би постигнала.?
Значи поентата е, ако не сте разбрале досега, да нема кучиња по улици.
Ако го кастрираш и пуштиш, пак ќе е на улица.
Значи, уште еднаш... не треба да е на улица.
Стационари на подолг период не можат да опстанат, така да нема да бидат правени нови.
Ако се појават нови кучиња на улица и тие ќе бидат елиминирани.
Со згрижување на овие кучиња, во стационар, вдомување итн. итн. па и со повторно пуштање на стерилизираните на улица за неколку години ќе ги нема на улица.
НО, треба да се донесе и закон за миленици и да се воведе и „Полиција за миленици “ и секој оној што несовесно се грижи за миленичето, го чува во несоодветни услови, малите ги остави во контејнер, дол или на улица дебело да биде казнет а во потешки случаи и да си одлежи (на државен трошок) во идризово некое време.
Само со драстичи казни може да се подигне свеста (совест не се наметнува таа се има или не) и тогаш можеби и ќе се реши успешно овој “неверојатен“ проблем.
Како така лесно сите посегнавте по “наједноставното“ решение и одма коли, пукај, труј...:uvo:
Па таа кучка ќе се окучи. И после сопствениот од големата хуманост што ја има ги пушта тие кучиња на слобода. И ете ти ги после на партизанска и пред чичко стоилко.
Не може така повеќе.
Не може се сложувам. Затоа ти биди хуман и пријави го сопственикот и тој да опрчи едно 500 евра казна и “доброволна“ работа па за следниот пат ќе подразмисли.
кој начин за убиство е најдобар жити се!!!!!:vozbud:

јас велам ниту куршуми ниту заебанции!!!

абе собери ги сите и цијановодород...ако веке минеме ефтино:toe:

они наму луге пржат на електрични столици каменуваат сечат екстремитети во авганистан талибанците имаја казна газење со тенк они види ги за шо се косат!!!!

НЕ ИЗЕДНАЧУВАЈТЕ ЧОВЕК И ЖИВОТИЊА!!!!!!!!
Не изедначувам прочитај погоре.
А да те прашам ти што си ЖИВОТИЊА или ЅВЕР. :toe:
Значи за мене животот на човек е незамисливо многу по вреден од животот на едно куче кое во основ никој и не го сака, затоа и е уличар.
Чисто информативно дека има и луѓе (деца) кои што никој не ги сака. И???
Ааа да не требаше да ги изедначувам. :uvo:
а што сме није должни да плаштаме за животиња!!!!

принц ти одговори убаво животот на луге виси а ти се искоси за животињата!


уличарите се закана

уличарите пренесуваат вируси бактерии беснило

уличарите ги плашат деците и бабите
Биди си и понатака себичен и самобендисан никој со сила не те тера да бидеш СОВЕСЕН.
А наведените закани од уличните кучиња не ти се реални. Та само ти таков филм си имаш во главата.
ма може да се искористат и во научни цели или да ги донираме на С.Кореја они јадат кучиња
Многу духовито нема што. Јас предходно пишав за Талијаните далеку е Кореја. :uvo:
И така се мачат поарно да ги ослободат од маките.
Песојте се релативно скапа работа. Ветеринари,вакцини,шампони,храна...ако е ротвајлер или дога ко уште еден чоек да ти седи дома...луксуз...
Барем 7-8000 да се извезат во С.Кореја па со парите другите 2-3000 да се згрижат...компромис...

Уличните мачки некој ги спомна, тие не напаѓаат раја, не преносат болештини и шуги, а се и општествено корисни, ловат стаорци и други штеточини, сами се снаоѓаат...
Јас чувам мачор и три препарирани птици, не е скапо...
Тоа препарираните птици ти се ловечки трофеи (лелеее каков успех :nerv:) или не си ни толку способен па си ги купи онака колку да ти “КРАСАТ“ по дома.
еднаш на гости кај семејни пријатели ко мал кучето го спопикав во перална хахахха:pos2:

и :vozbud:

не бараше храна!!!!!!!

му течеше крв од носот а лоботомијата е очигледна:toe:

ИИИ немало потажно од кучка со кученца!!!!

а јас не верував дека на мало мовче ке има деца да просат ејј...ама ете јас не им дадов пари туку енерџи дринк:toe:

немав пари:toe:

наравоучение АМАН не изедначувај животиња со луге
Аман и од твоиве идиотски “хумористични“ пишувања.
Кој ќе рани секој ден куче скитник... кој ќе го погали, кој ќе си поигра со него, зарем мислите дека некој кога ќе види дека кучето е стерилизирано ќе се озари и ќе го прегрне кутрото?
Некои луѓе пред зграда секојдневно си ги хранат околните бездомни кучиња. Има тука некој проблем? Ако кучињата се здрави и не им се дозволи да се размножуваат по краткотрајниот живот ќе си се упокојат.
Но најверојатно според годините, поинаку размислуваат и сметаат дека животот е само грижа за вакви работи и грижа за шминката, сандалките, велосипедот и ролерките.
Погледни ми ги годинките. :helou:
Се грижам за фамилија (имам жена и две деца) и имам поинаков став во врска со “проблемов“ дали е тоа противзаконско? :helou:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.904
Поени од реакции
12.456
Погледни ми ги годинките. :helou:
Се грижам за фамилија (имам жена и две деца) и имам поинаков став во врска со “проблемов“ дали е тоа противзаконско? :helou:
Епа ајде де, :) откако го напишав ми текна дека има и луѓе кои сепак можат да одвојат некако време (без разлика на години, семејство...) и дека и постари луѓе (постари, мислам и на твои години, па и на 50-60 годишници) чуваат животни. Ама откако напишав не можев да додадам или корегирам дека не важи ова за сите. Бидна :) Воглавно секако дека помлад или со помалку обврски или...или и постар иако цел ден вработен-од преголема љубов-ќе може на овој начин да размислува. Но повозрасен и со повеќе обврски секако во помал број. А дури и во тие случаи пак треба да се размислува за породот на тие животни. Значи грешката ми беше што генерализирам, но за другото мислам дека има голема улога во определбата за одреден однос кон животните :smir:

Да додадам додека можам, ниту пак мислев со таа реченица да ги навредам помладите. Едноставно тоа е период во животот кога можеби се размислува за хуманоста, но за активностите за обезбедување такви постапки и последиците кои произлегуваат е потешко да се предвидат. Но не се помладите на темава виновни, напротив. Иако не се сложувам со тие површни активности (освен протестите и писмата до градоначалникот), сепак тие... МацаКака, Стефи... се ентузијасти и овие нивни разговори и акции се секако за поздрав и се за почит-освен она со ѓупците и колнење деца. Али би додал почитта се гради меѓусебно, не еднострано :)
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
2
Поени од реакции
0
samounistuvanje

Sto bi bilo so covekot koga bi gi uspal site zivotni na ovaa planeta?
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Волонтери ќе го надгледуваат домот на кучињата-скитници


Волонтери од друштвата за заштита на животните „Нова надеж“ и „Срце за животните“ ќе ја надгледуваат работата на стационарот „Вардариште“. Ова било договорено на последната средба на градоначалникот Коце Трајановски со претставниците на здруженијата за решавање на проблемот во врска со еутаназијата на кучињата-скитници во Скопје. Драган Пешиќ, претседател на „Нова надеж“, вели дека на средбата бил постигнат првичен договор за начините како да се продолжи со хуманиот третман на кучињата-скитници, кои се фатени по улиците, и соодветно да се згрижат. - Наши волонтери ќе добијат можност да помагаат околу хуманиот третман на фатените животни, сместени во стационарот. Сепак, Градот категорично го отфрли нашето барање да имаме постојан надзор врз работата на установата “ вели Пешиќ. Тој објаснува дека побарале градоначалникот Трајановски да се заложи за наоѓање локација, неколку километри надвор од градското подрачје, каде што здруженијата ќе имаат можност да изградат сопствен стационар, во кој самоиницијативно ќе ги фаќаат и ќе ги сместуваат кучињата-скитници. - Во моментот ние имаме место каде што чуваме десетина кучиња, коишто сме ги собрале од улица. Сепак, локацијата не е соодветна затоа што се наоѓа во населено место. А знаеме дека со закон е пропишано ваков вид прифатилиште за кучиња-скитници од населено место да биде оддалечено најмалку два километра “ дообјаснува Пешиќ. И од Градот потврдуваат дека последната средба со здруженијата за заштита на животните поминала, како што се изразија, продуктивно затоа што било договорено да се најде конкретно и долгорочно решение за овој проблем. Надлежните тврдат дека на здруженијата им била презентирана документација од која се гледа дека бројот на еутаназирани кучиња е многу помал од она што беше објавено, а и дека никогаш Град Скопје не одобрил средства за набавка на гасна комора. - Побаравме од здруженијата да ни достават документи, што ќе ги потврдат нивните обвинувања дека има гасна комора во „Вардариште“, но и за тврдењето дека бројот на еутаназирани кучиња е многу голем. За да им докажеме дека поседуваат неточни информации, на увид им ја дадовме валидната документација за точниот број фатени, стерилизирани и еутаназирани кучиња “ вели Неделчо Крстевски, портпарол на Град Скопје. Крстевски вели дека скопскиот градоначалник ќе се заложи кај надлежните министерства, кои имаат законски ингеренции да издаваат такви локации надвор од градот.


линк




И на крај пак не испадна според желбиите на коркаџиите.:back:
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Само медиумско јадење гомна од Коце,за да се смири некои работи.Чисто се сомневам дека вакво нешто би се направило.Празни зборови,додека ова се направи има да се убијат многу кучиња.

Гледам има фрлено и отров по улиците и парковите,незнам кој го прави тоа дали надлежните или "совесните" граѓани.

НЕ ДАЈ БОЖЕ да му се случи нешто на моето куче!!!
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Вака кога е поставена анкетата, не можам да се определам. Стварно сум против еутаназијата, но и против стерилизацијата на животните (после која тие би се вратиле на улица). Сметам дека со стерилизација, животните ги убиваме на посуров начин бидејќи мислам дека нивниот живот главно го води инстинкотот за размножување (ја убиваме смислата на нивното постоење, што би се рекло жаргонски-ги убиваме у поим). Исто така мислам дека ниеден животински вид не е овде за да го разубави нашиот престој на Замјата, туку е дел од поширока слика, во која учествува со сите свои природни карактеристики (нагон да лови, да се размножува, да освои територија и да ја брани...) Човекот, таков каков што е, се наметнува над сите животински видови-контролирајќи го (помалку или повеќе) нивниот живот и однесување, и се разбира настојува се да подреди спрема сопсвен интерес и потреби. Предмет на расправа е во колкава мера е тоа добро или лошо...Па смо читајте-нестерилизираните кучиња се опасни и напаѓаат (опасни за нас луѓето), а стерилизираните (бидејќи ја губат агресивноста- ), се добри (повторно за нас луѓето) и такви (скроени по наша мерка) можеме да ги пуштиме да се шетаат...Има ли крај на човешката егоцентричност?
Изговор (и миење на нечиста совест) е ставот дека ќе бидеме похумани према животните (во случајов кучињата скитници) ако "хумано" ги кастрираме. Можеби сепак ќе сме похумани во својата суровост...можеби сепак еутаназијата е единствената хумана опција?
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
168
Да, се согласувам, со оглед на тоа што вчера едно 10 тина кучиња се затрчаа по мене и по уште една кајганџика, да не може чоек на раат да си шета. Исто и на враќање си не пречекаа. Сакам кучиња, но ова е срамота по градов насекаде врие од кучиња, да се плаши чоек детето дали ќе му дојде здраво дома. Во кој друг град надвор од Македонија се виделе улични кучиња, но ете, кога веќе кај нас нема друго решение, ќе мора да се изврши "успивање".
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
2
Поени од реакции
0
samounistuvanje

Ne se vinovni kucinjata tuku se vinovni lugeto koisto nesovesno gi pustaat na ulica, i se dodeka ne se donese zakon sekoj koj sto e staratel na milenice da se kontrolira od strana na inspekcija kako sto e vo poveke zemji vo svetot se dotogas ke postojat i ke bidat vo porast ulicnite kucinja vo ogromen broj.
Da ne se zalazuvame deka so ubivanje i nistenje na ulicarite ke gi istrebime zatoa sto so godini se ubivaa so pusku niz ulicite i problemot ne se resi.
Samo ke pravi gradot masakri i ke bideme ocrnuvani segde niz svetot kako nehumani luge.

lugeto treba da se socijaliziraat i da znaat kako da se odnesuvaat prema zivotnite a posebno prema najdobriot prijatel na covekot.
Niedno kuce ili zivotno ne napaga bez pricina ako ne bide isporvocirano od nesto ili nekogo.
Isto taka nesmeete da pokazuvate strav ili da begate pred nekoe kuce toa moze da bide fatalno.
E sega tie so bile iskasani od ulicari moralo da ima nekakva pricina mozebi ne ste mu se dopagale pa zatoa ve iskasal ili znaelo deka mu mislite loso tie toa ednostavno go osekaat zatoa koga ke vidite ulicari pomislete mu nesto dobro ili kupete mu edna koska od najbliskata mesara pa ke si se sprijatelite.
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
ДЕМОКРАТИЈА - Право на искажување на свое мислење.
Грешка си! ДЕМОКРАТИЈА - Владеење на народот/Власт на народот или ДЕМОС - народ,КРАТОС - правна моќ :helou:

малце офф топик исправка ;) :smir:
 
P

Princ

Гостин
Е муабетов го поштујем. Секоја чест на новинарот што земал и го напишал она. И на темава се докажа дека навистина е така. Сакаат улични кучиња - чуваат расни. Не сакаат да ги успијат - ама ни дом не им наоѓаат (а пази, зборуваме за помалку од 10.000 кучиња во град со 700.000 жители). Све е тоа лицемерие.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
E денеска само колку ме изнервирале скитниците кучишта!
-надвор ми стоеа пар стари патики,и кога излегувам сабајлево гледам едната патика ја нема!:nerv::nerv::nerv:
-одам по улицава да не си ја најдам,неее бе нигде ја нема...
-е сеа вие кажете ми мене...стопаните што ги истерале своите кучиња оти не им се потребни,они ли ги учат да крадат патики а?:pos2:
-не е ова прв пат,и на тато му имаат влечалки дигано...мамата нивна...
-само во ред е,колку и да се буните ВИЕ големи љубители на агресивни кучишта скитници...ќе ги сотрат до еден со воа законов за кокнување сакале вие или не

-конечно малце ред да се стави,на шо личи воа???
ааа да,ја сега од кого треба да барам оштета за патиките?-Сигурна е работава дека е од куче земена патиката...Дали некоја си организација за обожавање и згрижување на скитници ќе ми ја плати штетата???
-знам дека нема никој да ми плати,само сакам да го видам вашето вадење во муабетот сеа....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom