Кучиња скитници

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    606
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Шо збориш ти?!
Зашо би се доближило куче до него?
Од чиста мира зашо му е досаден денот?
Нема нишо на тв и на пц му се здосадило?
Или зашто чувствува опасност?
Ај седни, стај прст на слепочница и размисли.
Па коа се гладни, или кога се дават едни со други се нервозни и агресивно, трчаат по коли и мотори пошо им бучат. Од чиста мира.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
зошто кај мене едно куче секоја вечер се обидуваше да ме нападне без јас ништо да му направам ???
јас ќе искочам надвор тоа само се пушта накај мене да ме касне се бранев секоја вечер од него се додека не ми пукна филмот и заигра лопатата од тогаш бега од мене како од ѓаволот
Nikola, те молам.
Кучињата се светци и никогаш не напаѓаат без некој да ги нападне нив.

Или чекај, тоа беше за змиите...или чекај...за Ал Каеда беше тоа?
Не се замарај, сеа ќе се најдат и други кои не закачале кучиња, па биле нападнати.
Остај ја Магде слободно нека си живее во светот на бајките.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Гледам дека не ви иде баш најдобро сваќањето на темава.....цело време ке не искасапат, касале, неможеш слободно да движиш од страв.
Поентата е дали да се успијат здрави и неагресивни кучиња, не сите што постојат да останат. Оние што се многу болни и агресивни се успиваат.
Зашо предпоставувам уште не ви е јасно, еве сликовито.
Кажете ми сеа причина зашто да се убие ова куче......
Ова е (у ствари било) споре изгледот фино куче. Сега рече пораснато е, не знам, претпоставувам дека нема голема разлика. Прашањето е зошто ова куче сеуште седи пред продавница кога има голем број љубители на животни кои радо би посвоиле вакво релативно здраво (според очите и крзното) куче? Зошто барем овие не се посвојуваат туку се останува само на поддршка. 53% и 436 потписи на петицијата, а голем број кучиња се оставаат на улица. Само по 10 ако се помножи оваа бројка и ако некој од нив вдоми и 2 кучиња, бројот на вдомени ќе се зголеми на најмалку 5-6000 кучиња. Некои посвојуваат и си стојат на зборот и односот кон овој проблем. Но повеќето се за вдомување само на зборови, а ако треба да земат куче, тоа го прават од сортно легло, со документи, што во крајна линија значи пак надмен поглед врз овие кучиња... Зошто е овој парадокс присутен?
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
е ај кога си ти толку по кучињата одговори ми на едно прашање?

зошто кај мене едно куче секоја вечер се обидуваше да ме нападне без јас ништо да му направам ???
јас ќе искочам надвор тоа само се пушта накај мене да ме касне се бранев секоја вечер од него се додека не ми пукна филмот и заигра лопатата од тогаш бега од мене како од ѓаволот
Зашто некој високоинтелигентен пред тебе го рогнал и сега сегде гледа потенцјална опасност.

Кучињата не се луѓе.

Не им е интересно, не им е досадно.
ЗАШТО БИ ЈА НАПАДНАЛЕ МАЈКА МИ, која никогаш не се ни доближила до куче?

Одговори го ова, па после прекини да се бламираш, жал ми е веќе да реплицирам на волку детски постови.
Да, да ми го пише ова aleksandar13 па да му објаснувам за тоа како оди животот, како се однесуваат кучињата.
Ама тебе не планирам, тоа си е твој проблем што некои работи си ги замислуваш.
Не ти става никој нож под грло да ми реплицираш.
Ако моите постови ти се глупи и детски повели, кликни.

И ок бе мац, ти мене ми направи споредба со албанци на мсн зашо таква била логиката, ама не се согласуваш со мојата.
Не знам шо не е јасно.
Тебе едно нешто ти претставува опасност, мене друга.
Ако веќе сме почнале да отстрануваме опасности зашто да не ја отстраниме мојата?
Мајка ми не еднаш ја нападнале ЛУЃЕ.
Ништо не им направила.
Објасни ми го ти ова бе Мац...
И ќе продолжам да правам, споредба со луѓе до крајот на светот и назад.

И не ми реплицирај, зашто очигледно ти е испод ниво.:back:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Ова е (у ствари било) споре изгледот фино куче. Сега рече пораснато е, не знам, претпоставувам дека нема голема разлика. Прашањето е зошто ова куче сеуште седи пред продавница кога има голем број љубители на животни кои радо би посвоиле вакво релативно здраво (според очите и крзното) куче? Зошто барем овие не се посвојуваат туку се останува само на поддршка. 53% и 436 потписи на петицијата, а голем број кучиња се оставаат на улица. Само по 10 ако се помножи оваа бројка и ако некој од нив вдоми и 2 кучиња, бројот на вдомени ќе се зголеми на најмалку 5-6000 кучиња. Некои посвојуваат и си стојат на зборот и односот кон овој проблем. Но повеќето се за вдомување само на зборови, а ако треба да земат куче, тоа го прават од сортно легло, со документи, што во крајна линија значи пак надмен поглед врз овие кучиња... Зошто е овој парадокс присутен?
И мене ова ми е најмногу криво. Луѓето буквално се тепаат, резервираат со месеци уназад за расно куче. Се прават љубители на животни и борци за правата на животните, а никогаш не им текнало да вдомат некое куче од улица. Сите само на зборови се јаки и се удираат во гради за џабе.
Јас од секогаш сум зимала мали кучиња од улица. Пошто како мала не знаев каде има ветеринари, дека има средства против буви и сл, со раце ги чистев, со шприц ги хранев. Многу беа дружељубиви и паметни, ништо поразлични од расните.:toe:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Ај да направиме акција и да одиме у тоа Вардариште и да посвоиме кучиња? Мислам тие што имаме можност да чуваме? Сака некој?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Јас од секогаш сум зимала мали кучиња од улица.
Но тоа си ти Малечко, како и извесен број други. Но штета повеќето не го прават тоа, иако имаат услови. Значи ако се разгледаат условите, парите, можностите на народот и само начелното бранење на овие животни, јас барем заклучувам дека она што го постирав од сајтот на Комуналец (за проектот од Англија или Холандија) и зборовите на господинот за свеста, парите и слично...дека има многу вистина во тоа. Пари па здружение па акција. Без тоа ќе останете ти и уште неколку лица кои ќе се борите, но напразно-не напразно, ако спасиш и едно куче е одлично, но глобално проблемот ќе остане-ако државата не презема константни и конкретни мерки-постојани. Оваа држава меле луѓе, а и животни :smir:

Ај да направиме акција и да одиме у тоа Вардариште и да посвоиме кучиња? Мислам тие што имаме можност да чуваме? Сака некој?
Претходно постирав, камо да имав услови и мој двор. Не сите што сакаат да чуваат куче имаат услови-од разноразни причини-а без соодветни исполнети услови, тоа уште повеќе ќе се мачи, нели. Но можат некои кои гласале за-односно имаат желба, а имаат услови (финансиски, слободно време, простор...).
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Ај да направиме акција и да одиме у тоа Вардариште и да посвоиме кучиња? Мислам тие што имаме можност да чуваме? Сака некој?
Вака џабе ќе бараш луѓе по форум за да одат и да посвојат. Треба пак акција како таа на плоштад. Сигурна сум дека ќе биде успешна исто како претходната. Ама ни треба спонзор, флаери да делиме, да се објави на некој портал... не е баш едноставно.
Претходниот организатор не беше Македонец, тој мислам дека си замина, но во секој случај ќе контактирам со тие што беа спонзори за да се организира пак таква акција.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Вака џабе ќе бараш луѓе по форум за да одат и да посвојат. Треба пак акција како таа на плоштад. Сигурна сум дека ќе биде успешна исто како претходната. Ама ни треба спонзор, флаери да делиме, да се објави на некој портал... не е баш едноставно.
Претходниот организатор не беше Македонец, тој мислам дека си замина, но во секој случај ќе контактирам со тие што беа спонзори за да се организира пак таква акција.
Знам дека сега додека траеше Баскерфест, имаше акција за посвојување на кученца, пошто читав дека Коце Трајановски си посвоил куче хихи. Некој админ да поддржи?
 
maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Вака џабе ќе бараш луѓе по форум за да одат и да посвојат. Треба пак акција како таа на плоштад. Сигурна сум дека ќе биде успешна исто како претходната. Ама ни треба спонзор, флаери да делиме, да се објави на некој портал... не е баш едноставно.
Претходниот организатор не беше Македонец, тој мислам дека си замина, но во секој случај ќе контактирам со тие што беа спонзори за да се организира пак таква акција.
Тој е професор кај мене во школо и го знам. Ке пробаме преку фејсбук да контактираме со него да ни помогне пак ако е во Македонија. Ако не ке чекаме септември да се врати (пак):toe:

Јас сум тука да помогнам за нешто но неможам да посвојам:(
Покрај 10 мачиња во двор, папагал, и за некој месец куче и НАЈВАЖНО со родители кои баш и не обожаваат животни неможам да земам:(
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
Вака џабе ќе бараш луѓе по форум за да одат и да посвојат. Треба пак акција како таа на плоштад. Сигурна сум дека ќе биде успешна исто како претходната. Ама ни треба спонзор, флаери да делиме, да се објави на некој портал... не е баш едноставно.
Претходниот организатор не беше Македонец, тој мислам дека си замина, но во секој случај ќе контактирам со тие што беа спонзори за да се организира пак таква акција.
Јас и моите другарки почнавме да смислуваме дел од текстовите кои што ќе ги има на флаерите,имаме можност за да исконтактираме со Мелита за да ни помогне,баравме огласи по интернет за луѓе кои што сакаат да вдомат кученца,но за жал повеќето сакаат убаво чувани,негувани,мазени,пазени.:uvo:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Чисто информативно да видите што прави светот за да ги зачува животните и растенијата.
Меѓународната унија за зачувување на природата објави шокантни податоци за исчезнувањето на флората и фауната во светот. Во нивниот извештај стои дека во минатите пет векови изумреле повеќе од 800 видови растенија и животни, додека во овој момент изумирањето им прети на уште 17.000 видови жив свет.

Деталната анализа на овие шокантни бројки покажува дека меѓународната заедница нема да успее да ја постигне целта за постигнување биоразноличност, односно, до наредната година да ја зачува различноста на сите животни облици на кои им прети изумирање, а како обврска уште во 2002 година ја прифатија многу влади во светот.
Новата анализа покажува дека 869 видови изумреле од 1500 година, додека 290 видови се сметаат за изумрени или на работ на исчезнувањето. Најмалку 16.928 видови се во опасност од изумирање, вклучувајќи и една третина од водоземците, повеќе од една осмина од птиците и четвртина цицачи.
На крај на извештајот стои уште нешто што загрижува: ова не е детален попис на податоците, бидејќи се анализирани само 2.7% од вкупно милион и 800 илјади видови на живи организми во светот.
Извор.

А што правиме ние..Клик.
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Вака џабе ќе бараш луѓе по форум за да одат и да посвојат. Треба пак акција како таа на плоштад. Сигурна сум дека ќе биде успешна исто како претходната. Ама ни треба спонзор, флаери да делиме, да се објави на некој портал... не е баш едноставно.
Претходниот организатор не беше Македонец, тој мислам дека си замина, но во секој случај ќе контактирам со тие што беа спонзори за да се организира пак таква акција.
Да ти кажам право и многу луѓе останаа без кученца значи сакаат да посвојат ама нема.Треба да се направи пак ваква акција,да се проба на овој начин,а не одма да се носат во собата на смртта.

А овие "совесниве луѓе" кои сакаат посигурен живот на улиците нека присуствуваат на некое успивање па да видат како е чуството мало кутре да се усмрти пред твои очи само заради што би преставувало потенцијална опасност.

Ние што несакаме да се успијат сме биле со детско размислување,жити се!
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.555
На тоа кутре да не му е жал кога ќе почине некој од моја фамилија?Што има мене да ме брига за тоа кутре.

Не ги сакам кучињата,имам уплаф и се и не ми требаат се може и без нив.Не ми реплицирајте зашо не ги саками нема ни да ги сакам,џабе муабетите до утре.

позз43 кисс43.:smir:
 
За инат ќе ти реплицирам, па ти не враќај ако не сакаш.
Тоа што ти не ги сакаш не значи дека не треба да ги има. И мене ми се гади од луѓе ко тебе што размислуваат, па не мислам дека треба да ве успијат.
Сфаќаш? Нечиј живот не зависи од твојата волја и дали тебе ти ќе ти биде од полза или не.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom