Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ма нема везе. Куче скитник нападнало детенце пред зграда. Не. Не смее тоа да се успие зашто не е човечки. Ке среди во шинтерница (вакцинација и остало) и после пак на улица ке напаѓа. Али важно е само да не се успијат.
Чисто ради просветлување:
Таквите кучиња ќе ги успијат, а нема да ги вратат на улица.:back:
Колку да се пишело нешто бе, а благе везе немате како стојат работите.
Епа за такви кучиња барам да се успијат и сите потенцијални касачи поточно сите кучиња агресивни кои лаат по секој човек кој ке помине.
изгледа на некои ги нема бркано куче едно 200/300 метри,искусете го ова,па после кажете дали е Во ред или НЕ!!!!!!!!
Маwечко не би сакал расправи и делби на вие и ние. Сите сме жители на град, село...заедно ги делиме проблемите.
Само едно прашање. Дали сте информирани за можните заболувања кои како вектор може да ви ги пренесе куче (поготово улично, нетретирано со коктели од вакцини) или како вектор може да се пренесат од бубачките, а контејнерот да е кучето, мачката? Во овој контекст не мислам на оној материјал од биологија туку навистина комплексно читање за начин на пренос, симптоми, лекување (колку е можно-не сите болести целосно се лекуваат), последици и слично?
Ако веќе ги галите овие животни и имате поблиски контакти мислам дека здравствениот аспект би требало да го запазите заради себеси самите и оние околу вас. На пример за борелиоза, беснило... затоа што една плувачка, болва или гриз, загребување на кожата е доволно да се провлечат милиони микроби, а лекувањето на одредени инфекции е многу долго и мачно. Дури и самото исчекување на резултати дали некој е инфициран е многу тешко.
Мислам дека треба да се отвори некое специјално место за кучиња бездомници,кај што ќе ги смируваат и кој сака да може да посвои,ама сите стари и агресивни кучиња треба да се успијат
Добро ако така сметаш. Според ова, не си информирана. Не си фатила што не значи дека нема да фатиш. Зависи од момент. Болните нема да се успијат затоа што зависи од симптоми, организмот, вид на микроорганизам, период на инкубација, заразливост (ова не знам како да го опишам)... и слично. Значи сепак треба да се информираш за да видиш дека не секое животно без симптоми е здраво. Напротив.
Едноставно некој што веќе има учено за тие болести, микроби, што има преживеано живот со дете, страв за фамилија, проблеми...каснувања... сака да ти пренесе нешто, а ти упорно одбиваш и велиш дека знаеш се. Никој, ниту докторот не знае се. Твој избор е дали ќе прифатиш совети од нас, од постари кои сме искусиле бааги повеќе од школска клупа и топла соба, но со таков однос кон неистомисленици се изедначуваш до оние кои велат "да се отепаат, згазат, изгорат...сите". Брат ми беше каснат, тоа беа танталови маки, додека да се утврди дека нема закачено нешто. Затоа е добро да се знаат сите аспекти на ова.
Темава е за тоа дали да се успијат здравите кучиња, што не можат да наштетат на никого
Милион пати си поминала и те каснале, ти фали нешто од телото?