Да ти ги скратам маките, да не стануваш секое сабајле во 5, да те потсетам има број за да си пријавиш дека пред зграда имаш бесни кучиња?Кога ти ќе ми гарантираш со твој, со животот на твоето дете (како што кажа Лурц) и со животот на сите што ги сакаш - тогаш ќе подразмислам.
Знаете зашто мене ми е лесно да тврдам на темава?
Бидејќи јас тврдам дека кастрираните и вакцинираните кучиња сепак напаѓаат.
А за тоа е доволно едно куче да ме има нападнато - а мене ме има цела глутница - ЗА КОЈА ЗНАМ ДЕКА ЈА ЗЕМАА, ЈА КАСТРИРАА и ВАКЦИНИРАА и пак ја вратија кај мене пред влез.
Исто знам дека кога мајка ми оди на работа во 5 саат, некогаш јас морам да искачам за да ги бркам и шутирам кучињата.
Зашто и ржат. И ќе ја нападнат.
А вие тврдите дека не напаѓаат.
Тоа никогаш нема да го докажете.
Затоа, без празни муабети. Плус, со кастрирањето против нивна волја (јбг, сакате со луѓе да изедначуваме :devil3, ти ги убиваш нивните кученца/деца.
Убаво пиша Реднек, вие се расправате за тоа како да заврши ерата на кучиња-скитници. Дали сега (и да нема НИКАКВА потенцијална опасност по улиците), или пак по 15 години - а дотогаш ние да ги пријавуваме агресивните, ОТКАКО ЌЕ НАПАДНАТ.
А за сите што не разбираат овде, откога ќе нападнат - тогаш е доцна.
И браво што ве бркале кучиња, цареви сте :devil3:
И нема што да ти гарантирам јас на тебе, кога самиот не можеш да распознаеш кое куче е здраво и ништо нема да ти направи, а кое ќе те нападне.
Секој ден ги гледам кучињата кај мене во маало, никогаш не нападнеле минувач, ниту па некој се пожалил дека прават било каква беља. Никогаш нема да ме убедиш дека тие мене ми претставуваат опасност и дека ради твоите пред зграда треба да бидат убиени сите останати.