Загатки

  • Креатор на темата Креатор на темата ~DaRko
  • Време на започнување Време на започнување
Си бел еден човек , имал големо богатство.Имал еден чувар кој што му ги чувал машините преку ноќ во еден негов магацин , но и му бил слуга. Еден ден газдата му рекол на чуварот да му ги спреми куферите оти ќе одел на пат . Слугата-чуварот му ги спремил куферите за утредента да оди на пат, арно ама сабајлето кога станале слугава му рекол на газдата
- Газда не оди на пат сонував дека ќе падне авионот.Овој го послушал не пошол , авионот вистина паднал . Газдата му дал одредено богатство и го избркал од работа и му рекол дека не сака да го види повеке. Прашањето е зошто го избркал од работа ?
 
Дадени се пет шапки од кои три се црни, а две се бели. Тројца логичари, А, Б и В се поставени еден пред друг, така што А ги гледа шапките на Б и В, Б ја гледа шапката на В, а В не може да види ничија шапка. Сите по ред се запрашани за бојата на својата шапка. А одговара: "Не знам". Б одговара: "Не знам". В одговара: "Знам".

Каква боја е шапката на В и како дошол до одговорот ?
 
според моите толкувања В сватил дека А и Б ги имаат белите шешири па сватил дека за него останал црн!
А видел бел и црн!
Б видел само црн!
 
Точно ама ај ќе го објаснам по разбирливо

А - не знам, кажува дека тој пред себе не гледа две бели шапки, бидејќи во спротивно би заклучил дека самиот има црна шапка,

Б - не знам, кажува дека тој пред себе не гледа бела шапка, бидејќи кога би гледал бела шапка, а би слушнал дека А пред себе не гледа две бели шапки, би заклучил дека самиот има црна шапка.

Според тоа, В носи црна шапка.
 
Дајте уште некоја :) претходнава беше во Философија порано :)
 
Дајте уште некоја :) претходнава беше во Философија порано :)

Помеѓу старогрчкиот филозоф Протагора и неговиот ученик по право искрснал следниов спор. Ученикот бил сиромашен и Протагора се согласил да го учи без пари, под услов, кога ќе заврши обучувањето и кога ќе го добие првиот спор, парите од добиеното дело да му ги даде на Протагора. Обуката завршила , времето минувало, а ученикот не се зафаќал со никакви дела. Тогаш Протагора повел спор против својот ученик. Во судот се развиле следниве аргументи:

Протагора: Ако ученикот го изгуби делото, тогаш тој по дефиниција треба да ми плати - бидејќи за тоа се води спорот. Ако го добие делото, тогаш тоа ќе му биде прво добиено дело и тој пак треба да ми плати.

Ученикот: Ако го добијам делото, тогаш по дефиниција не треба да платам. Ако го изгубам, тогаш пак не сум го добил првото дело и пак не треба да му платам. И во двата случаја не треба да плаќам.

Какво треба да биде решението на судот ?
 
Прашање е овде дали воопшто има судски случај.
Колку што знам јас, вака оди: има договор. Се прекршува договрот, во овој случај ученикот прекршува со тоа што намерно не зема спорови за да не му плати.
Поради прекршувањето на договорот, се оди на суд, а договорот повеќе НЕ ВАЖИ, каков и да бил. Нема смисла уште да важи откако е еднаш прекршен.

Така, ако судот пресуди во корист на ученикот, тој не плаќа, а ако судот пресуди во корист на Протагора, ученикот плаќа.

Е сега, веројатно е праведно судот да пресуди во корист на Питагора. Ученикот нема да има пари да плати, па поради тоа оди во затвор. Во сличајов никој не го терал Протагора да го учи ученикот за безпари.

Има случаи каде крадец кради, и го продава тоа на непознат. Го фаќаат, крадецот нема да врати, тој оди во затвор, па оштетениот останува оштетен. Тој немал избор дали ќе го оштетат. Но тоа е, такви се правните системи сега.
 
Е па тогаш решението е едноставно, Протагора е во право. Што и да се пресуди тој е треба да земе пари. Тоа дали ученикот имаа или нема е друга работа. Ученикот никако не може да се за да не плаќа.
 
Дадени се пет шапки од кои три се црни, а две се бели. Тројца логичари, А, Б и В се поставени еден пред друг, така што А ги гледа шапките на Б и В, Б ја гледа шапката на В, а В не може да види ничија шапка. Сите по ред се запрашани за бојата на својата шапка. А одговара: "Не знам". Б одговара: "Не знам". В одговара: "Знам".

Каква боја е шапката на В и како дошол до одговорот ?

:@ .... ако В знае тогаш ќе мора и А да знае, пошо А знае и за Б и за В ... или пак има некоја цака, али ипак.... :jaj:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom