Некое дете залутало во шумата..поминало некое време и заборавил на деновите и не знаел кој ден е денес. Ги среќава волкот и лисицата и ги прашува, кој ден е денес и на тоа волкот одговара... - Јас лажам во понеделник, вторник и среда, а сите останати денови ја зборувам вистината. Освен тоа,додал дека вчера лажел.
Лисицата одговара слично...
- Јас лажам во четврток, петок и сабота, а сите останати денови ја зборувам вистината. Освен тоа,додала дека исто така вчера лажела.
Детето бидејќи било умно..веднаш открило кој ден е денес.
Кој е денот и како се доаѓа до него?