Европско првенство 2010 (Австрија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xfire
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Стигнавме до најинтересниот дел од ЕП,завршницата и борбата за медели.
Очекував пласман во ТОП 4 на Хрватска,Франција,Полска-Исланд многу ме изненади,покажаа одличен ракомет-заслужено се најдоа во полуфинале пред големиот фаворит Данска.
Прогноза за денешните дуели.
Исланд-Франција.
Французите се големи фаворити,ако им ја наметнат нивната игра со една силна одбрана,предводена од зверот на голот Омејер Исланд тешко ќе се снајди.
исланд има друга предност,имаат побрз пренос на топка од Французите,досега во просек Исланѓаните даваа по околу 30 ина гола на натпревар,доколку им успее да го фатат тој ритам со Французите тогаш имаат шанси да изненадат.
Скоро целиот тим им е составен од интернационалци кои играат во силни тимови,и сигурно нема на Французите да им биди лесно.
Хрватска-Полска.
Според мене изендачени селекции,очекувам неизвесен меч-мала предност и симпатии им давам на Хрватите.
Доколку имаат барем еден расположен бек како во четвртокот+ Балиќ,Дувњак на стандардно ниво тие ја имаат предноста.
Искуството е на страната на Пољаците.имаат страшна бековска линија,широка клупа.
Последните два меча ги добија Хрватите,некако им лежи играта на Пољаците-па и двете репрезентации имаат свои адути.
Останува да уживаме во големите дуели денес и да го чекаме големото финале утре во 17и30.

Мојот навивачки глас оди за Хрватите.
 
Мислам дека Хрватска ќе го губи денешниот меч. Се вадеа на многу мечеви редно е да загубат. И тоа сега кога највеќе ќе боли. Биелицки, Лијевски и сите останати се силни корпулентни бекови и мислам дека тешко ќе се одбранат Хрватите наспроти силната одбрана на Полска. Иако пољаците имаа и лоши моменти сепак до сега покажаа врвна игра.
 
Мислам дека Хрватска ќе го губи денешниот меч. Се вадеа на многу мечеви редно е да загубат. И тоа сега кога највеќе ќе боли. Биелицки, Лијевски и сите останати се силни корпулентни бекови и мислам дека тешко ќе се одбранат Хрватите наспроти силната одбрана на Полска. Иако пољаците имаа и лоши моменти сепак до сега покажаа врвна игра.
Хрватска ја има највисоката и втората најтешка репрезентација на европското :):helou:
 
Според мене Хрватска - Полска ќе биде меч кој ќе го одлучи шампионот. Кој ќе победи во овој дуел мислам дека ќе го освои ЕП. Инаку можно е и Исланд да изненади и да победи против Франција.
 
Франција во финале, се зајакнаа на крајот и како секогаш ќе ги тепаат Хрватите во финале. :)
 
Боби[Мкд];3273258 напиша:
Франција во финале, се зајакнаа на крајот и како секогаш ќе ги тепаат Хрватите во финале. :)

Ни Хрватска ќе игра финале, ни Франција ќе победи во финалето.:wink:
 
Пак се извадија c c c c

Судииве им се наклонети цело време!
Ахам,а последното исклучување на Хрватска што не ни постоеше?!
Судиите имаа 1-2 одлуки на страна на Хрватска,но Хрватска победи заслужено.

Подобра беше Хрватска!! :):)
:vozbud:
АЈМО НА ПЕТЛИЊАТА!!!
 
тоа е голема репрезентација,коа беше најпотребно играа одлично
Пољаците у второ полувреме освен голманот и левиот бек никој не играше како што треба
така да заслужена победа и финале за Хрватите :)
 
Хрвативе беа подобри во 2ро полувреме, ја уништија Полска ама за во финале... тешко дека ќе ја тепаат Франција иако јас за Хрватска ќе бидам. Да сум бил ракометар и да играм против Хрватска би му го пукнал носот на Балиќ и би престанал да играм ракомет :icon_bigg
 
Пред се Полска изгуби поради одбраната 5-1 што ја играше Червар во второ полувреме. Плус паднаа психички.

За финалето сигурен сум дека Франција ќе добие едноставно непобедливи се французите нивниот тренер им решение за се.
 
Колку само сакам Хрватска да тепа во финале, али многу тешко. Франција е класа над другите. Ко ќе го видам само Карабатиќ како игра ми се крева притисокот:) Да не ги споменувам крилата и голманот.. А и не е Хрватска онаа која беше во времето на Метличиќ, Џомба, Лацковиќ. Смената на генерации си го направи своето..Има време за хрватите, ако не на ова европско, на следното очекувам сигурно прво место.
 
Во овие натпревари решваат само неколку моменти.Тоа беа на почетокот на вторто полувреме и серијата одбрани на Алиловиќ.Одлична игра на сите а проработи и Дувњак и му ја олесни работата на супериорниот Балиќ.Во финалето им давам 70% предност на Французиве,поискусни се и ѕверови(физички најјјаки).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom