Алистер Кроули

Статус
Затворена за нови мислења.

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
What is heroin used for?

... it was thought to be not only nonaddictive but useful as a cure for respiratory illness and morphine addiction, and capable of relieving morphine withdrawal symptoms. Later it was discovered to have the same pharmacologic effects as morphine and to be just as addictive. In many parts of the world, it is used as an analgesic (for relief of pain), particularly for the terminally ill.



http://qanda.encyclopedia.com/question/heroin-used-88973.html
http://www.questia.com/library/psychology/heroin.jsp
http://encyclopedia2.thefreedictionary.com/heroin



Bayer Heroin
From 1898 through to 1910, heroin was marketed as a cough suppressant by trusted companies like Bayer -- alongside the company's other new product, Aspirin.

http://www.pharmacytechs.net/blog/old-school-medicine-ads
 

Anthem

We the Living
Член од
8 декември 2009
Мислења
53
Поени од реакции
6
Краули е само медиум. Обичен човек кој ја живеел неговата Волја и пренел порака на светот. Ништо повеќе, ништо помалку.

Што е битно дали бил масон од 33ти ред или не? Што ако е? Why ask useless questions?
 
S

smart ass

Гостин
Ова многу удара..не


Во 1920 година, во малото сицилијанско место Чефалу, Кроули го основал манастирот на Телема. Името е позајмено од сатирата "Гаргантуа" на Рабле, каде "Манастирот на Телема" е опишан како еден вид анти-манастир во кој неговите жители живеат не според закони и правила, туку прават "што им е волја и задоволство". Оваа идеалистичка утопија била модел за комуната на Кроули, но исто така била еден вид школо за магија, Колеџ на Светиот Дух. Општата програма овде била во склад со курсевите на тајниот ред А∴А∴. Вклучувала секојдневно обожување на Сонцето, учење од книгите на Кроули, редовни јога и ритуални практики, како и одработување на секојдневните обврски. На Сицилија Алистер го постигнал највисокото ниво на просветлување.
Фашистичката влада на Мусолини го укинала манастирот и го избркала Кроули од земјата кон крајот на април 1923 година, па Кроули продолжува да скита по светот и да проповеда. И денес селаните од Сицилија тој период го нарекуваат "време на вештерки".
Ама овде..

За него, магика е наука и уметност за предизвикување промени во согласност со волјата, а секој намерен акт е магиски акт. Оттаму, произлегуваат и поуките:
"Прави што ти е волја, и тоа нека биде цел Закон."
"Љубовта е закон, закон под волјата."
Прв е твојот закон,..т.е волја,а потоа љубовта е закон но под волјата.

"Секој човек и секоја жена е ѕвезда."
Јок јассум Х-Ray storm...raystorm:vozbud:

или може елвис присли..:wink:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Кроули не го создава О.Т.О. , туку станува негов Надворешен водач. Кроули не се тепа за Златна зора за да ја управува туку застанува на страна на Метерс за да се одржи Редот. Кроули го создава А.А. за кој не се знае ама баш ништо посебно (оти така треба и да биди), Кроули земал дроги, алкохол, жени, мажи како му било волја ако не било против волјата на другиот. Денес не го правиме тоа истото?? Зарем не сакате да пробате со две жени? Не сакате да пробате со двајца во вас, вие жени кои ретко која не вреска по светот за права? Зарем Кроули не кажа дека Секој Маж и секоја Жена е Ѕвезда и ја дигна Жената на рамниште на мажот, во тоа време? Зарем не пишува во Книгата на Законот : Нека жената биде опашана пред мене со меч...
Кој од тука не пие алкохол до бесвест? А? Кој не сака да легне нешто вечерта кога излезе? Сите...
Што сте запнале Кроули лош, неморален... кога вие сте сите исти...
Да, тој рече и го подржувам за тоа дека Христијаните мора да одат на Лавовите како во добриот стар Рим. Вештачка моралност, етика, срам, страв, казна, грев... сето тоа е за неспособните кои не можат да се носат со она што навистина се.
Но тоа не го прави сатанист.
Правел ритуали, па зарем Животот не е еден Врховен Ритуал? Зарем молењето во црква, џамија, планина, каде и да е не е Ритуал? Зарем обожавањето на Животот, на Љубовта не е ритуал? Ех што сте ми чудни...
Еве цитати од Кроули, и сакам да видам што толку evil е човекот оти кажал :


  1. Не брзај другите да ги осудуваш; како можеш да знаеш дека ти на нивното место би одолеал на искушението. И дури да е така, зошто би презирал некого кој е послаб од тебе? Liber XXX
  2. Секој човек мора да ги надмине сопствените пречки, да ги разобличи сопствените илузии. Сепак, други можат да му помогнат да ги оствари тие две и можат целосно да го оспособат да избегне многу лажни патеки, кои не водат никаде, а само ги искушуваат уморните стапала на неиницираниот аџија. Понатаму, тие можат да осигураат дека правилно е испробан и испитан, зашто има многумина кои за себе мислат дека се Мајстори а не ни стапнале по Патот на Служење кој води дотаму. Liber LXI
  3. Значи Големото Дело е едно, Иницијацијата е една, Наградата е една, макар колку различни и да биле симболите во кои е завиткано Неизговорливото. Liber LXI
  4. Тоа треба да се сфати во ова значење: додека Волјата е Закон, природата на таа Волја е Љубов. Но таа Љубов всушност е нуспродукт на Волјата; таа не е во контрадикција со Волјата, ниту ја истиснува; и ако се појави привидна контрадикција во некоја криза, Волјата е таа која ќе не поведе по правиот пат. Погледни, иако во Книгата на Законот се говори многу за Љубовта, таму нема ниту еден збор за Сентименталноста. Омразата е речиси еднаква на Љубовта! Борбата е сосем сигурно љубов! “Како браќа борете се!” Сите мажествени раси на овој свет го сфаќаат тоа.
    Liber II
  5. За нас, значи, кои сме еманципирани од сите припрости закони, што треба да направиме за да ја задоволиме својата Волја за Соединување? Не помала љубовница од Универзумот: не помал бордел од Бесконечната Вселена: не пократка ноќ од Вечноста!
    Liber CL
  6. Сепак, о аспиранту, нека победите не ти носат Гордост, зашто со зголемувањето на Знаењето би требало да се зголеми и Мудроста. Оној што малку знае, мисли дека знае многу; но оној што знае многу свесен е за своето незнаење. Го гледаш ли оној кој мисли дека е мудар? Повеќе надеж има за будалата отколку за него. Liber XXX
  7. Тебе, кој сеуште скиташ во Дворот на Профаните сеуште не можеме да ти откриеме се; но лесно ќе разбереш дека светските религии се само симболи и превези на Апсолутната Вистина. Исто како и философиите. За посветеникот, кој сиве овие работи ги гледа одозгора, не постои потреба за избор меѓу Буда и Мухамед, меѓу Атеизам и Теизам.
    Liber X
Но, нормално... масата сака да осудува кога поединецот ќе крене глава.. Така беше во минатото... но не и сега...
И зарем тој не рече: Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон??
Тоа не значи во секој случај прави што сакаш... така прават само оние 90% од гнасната толпа која го штити неспособниот поединец... Маса која е смеса од недефинирани желби... само такви прават што сакаат и се шуткаат низ животот и светот наваму натаму, и еве ми дефинираат дека прави што ти е волја значи прави што сакаш... Е НЕ Е ТАКА!
Кроули збори за Вистинска Волја! Како до неа... е па тајна... Што со неа? Ако не сакаш никој да ти каже НЕ, прави што ти е волја... Само ако ја извршуваш својата волја, вистинска, тоа е целиот потребен закон. Баталете ги желбите... тие го гушат човекот.Тие се дрогата за душата... Не бидете наркомани во вистинска смисла на зборот.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Oваа негова книга ја имав (во електронска форма) од поодамна, пробав да прочитам нешто но, дури и ако има некаква смисла, е неразбирлива за човек кој не е под дејство на халуцогени дроги :).

The Book of Lies
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Две прашања до сите.

Има ли на форумов членови што ја сметаат Сатаната или


Бафомет за свој бог.

Ако има, во која група спаѓаат, дали во оние сатанисти како Бохемиан Грув или оние, кои јас ги викам викенд сатанисти, што ќе излезат преку неделата во парк, слушаат метал и се дрогираат и се пијанат?

Ама искрено да ми одговорат.

Чекам одговор од нив?

ПС Каде има книга за Алистер Круоли да се најде во книжарнициве.
 
Член од
26 април 2010
Мислења
9
Поени од реакции
0
Од А.Кроули ги имам следните ел.книги (pdf) на српски јазик.
Aleister Crowley - Atlantida
Aleister Crowley - Berashith
Aleister Crowley - Goetia
Aleister Crowley - Ji Djing
Aleister Crowley - Knjiga Lazi
Aleister Crowley - Preko Ponora
Aleister Crowley - Tao Te King
Aleister Crowley - The Equinox Of The Gods
Aleister Crowley - Tian Dao
Aleister Crowley - Vizija i Glas
Aleister Crowley - Vojnik i Grbavac
:vozbud:
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Две прашања до сите.

Има ли на форумов членови што ја сметаат Сатаната или


Бафомет за свој бог.

Ако има, во која група спаѓаат, дали во оние сатанисти како Бохемиан Грув или оние, кои јас ги викам викенд сатанисти, што ќе излезат преку неделата во парк, слушаат метал и се дрогираат и се пијанат?

Ама искрено да ми одговорат.

Чекам одговор од нив?

ПС Каде има книга за Алистер Круоли да се најде во книжарнициве.
И никој значи не ми одговори на погорните прашања
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.127
Поени од реакции
25.598
Веројатно дека ги сакам Зепелин, ќе кажам дека им влијаел на музиката. Надвор од тоа доживувал визии веројатно од шампињоните, смислувал тероии надргадувајки на некој микс од паганизам, парафилозофизам и атеомонополитеизам, жена му била умоболна, ученичињата напалени и сите живееле среќно и весело. Интересна приказна примамлива за ванаби ауткаст антисоцијални појави коишто не го надминале моментот и фрустрацијата на мавање заушки и праќање по бурек во основно или расипикуќници коишто на својот курќејфизам и блуд сакаат да му дадат некоја врховна да не речам света димензија.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Книги на македонски има, и тоа:


  • Магика без Солзи
Книгата се состои од 83 писма упатени од големиот мајстор Кроули до својата ученичка која штотуку започнала со освојување на таа тајна и хиерофантска вештина наречена Магика.
АЛИСТЕР ОБЈАСНУВА СЕ
Авторот на КНИГАТА НА ТОТ беше многу задоволен што има толку многу писма со благодарности, повеќето од жени, кои му се заблагодаруваат поради "неизразувањето на неразбирлив јазик", поради "правењето на сето тоа толку јасно што дури и јас со мојата ограничена интелигенција можам да го сфатам, или барем мислам дека можам.

Сепак и покрај тоа, Мајсторот Терион многу години чувствуваше силна потреба за некое основно учење кое би било погодно за оние кои штотуку ја започнале студијата на Магиката и нејзините помошни науки или само се интересираат за неа со намера да ја студираат.


  • Книга на Законот

  • Преку Понорот - приказ на едно сеќавање на претдходните животи.


  • Атлантида
Приказ на континентот Атлантида: на навиките, обичаите, магиските ритуали и размислувањата на неговите жители, заедно со вистинит приказ на така-наречената катастрофа која резултира со неговото исчезнување.
Македонскиот превод е базиран на двете скрипти од колекцијата на Х.П. Смит и Ф. Секлер. Исто така, вклучен е и предговорот на Вилијам Талбот Смит (Фратер 132).


  • Законот е за Сите
Авторизирани коментари на
Книгата на Законот
Излезе од печат второто македонско издание на Книгата на Законот. Во оваа книга Мајсторот Терион дава и коментари кои имаат големо значење за разбирањето на Телемитската доктрина:
„Во овој Коментар на Книгата на Законот се говори за околностите под кои е запишана Книгата или поточно, како беше пренесена на човекот, кој ја запиша.
Постои битие наречено Аиваз, бестелесна интелигенција, кој ја напиша Книгата на Законот, користејќи ја мојата рака и уши. Умствено тој е сигурно посупериорен од мене во знаење и моќ, зашто уште оттогаш тој владееше со мене и ме поучуваше“


  • Осум лекции за Јога
Алистер Кроули беше меѓу првите европејци што проучуваа, практикуваа и поучуваа Јога. Неговиот интелектуален печат – филозофската синтеза на мистицизмот и науката – потекнува од неговите проучувања на Јогата на Исток во времето на промената на векот. Овие осум лекции, напишани во ж 1937 год. ги презентираат некои од Кроулиевите заклучоци после филозофската истрага што траела цел живот.

Зборувајќи напати како мистик, магус, филозоф, научник и сезонски авантурист, Махатма Гуру шри Парамаханса шиваји избегнал неколку востановени системи, дури и воодушевувал со правењето вицови на своја сметка.

Првата серија од лекциите е воведна, и насловена е Јога за Грубијани. Елементите на Јогата се претставени, испитани и демистифицирани со оглед на извлечената практична суштина на Јога доктрината, Јогата е исто така поврзана со Астрологијата и Кабалата.

Втората, понапредна серија на лекции е насловена Јога за Страшливци. Овде Кроули ја исткајува Јогата во една концептуална структура што ја опфаќа западната филозофија, магиката и математичката физика. Тој ја претставува условеноста и механичкиот обем И дискутира за нивните импликации за онтологијата и свеста.

Кроулиевиот хумор ги исполнува овие говори, кои се забавни исто како и просветлувачки, и неговиот разум открива концепти што го откриваат рационалното објаснување.

Ревидираното второ издание, претставено и прокоментирано од Хименеус Бета, фратер Супериор на О.Т.О. вклучува и нов портрет на авторот и индекс.


  • Мали Есеи кон Вистината
Есеи на различни теми поврзани со Човекот, пишувани од Кроули.




И + уште некои кои ги нема во книжарниците и се спремаат за издавање уште многу. :vozbud:
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Абе стварно има тврдено дека е ѓаоло ?
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.983
Поени од реакции
12.620
Абе стварно има тврдено дека е ѓаоло ?
Го има кажано ова: “I was not content to believe in a personal devil and serve him, in the ordinary sense of the word. I wanted to get hold of him personally and become his chief of staff.” - Aleister Crowley. :)
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.983
Поени од реакции
12.620
Така викал. Јас лично го немам видено, ама имам прочитано дека се нарекувал себеси:
"The Great Beast" и "The Devil Himself"
Нема врска со христијански ѓаволи еве неколку значења, иначе многуууу разглабање треба за да се објасни значењето на Ѕвер и бројот 666 неможе тикитукутака само да се нагајџа :)

666 is the value of Sorath the "Olympic" Solar spirit; and that of Ommo Satan, the "Evil Triad" of Satan-Typhon, Apophras, and Besz. (For the latter, see Crowley's "Rite of Sol" and the Neophyte ritual of the original Golden Dawn.)

666 is the value of Shem Yeheshuah, i.e. "The Name Jesus."

The name Kamuret from the Parsival legend also sums to 666.

William Wynn Westcott, a founder of the Golden Dawn, wrote a monograph on the topic of the number 666. His own initials, transliterated into Hebrew, give 6 6 6 (vau vau vau).

П.С. Иначе, ме мрзи да навлагам, нема смисла само ќе се испонавредиме ако има некој живци од познавачиве нека повели :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom