Др. Хаус ванаби "идеологија"

  • Креатор на темата Креатор на темата ada
  • Време на започнување Време на започнување
Со што ја поткрепуваш идејата за креативност наспрам мизантропија, цинизиам итн.?
Пошо се бавам со нешто шо се смета, и официјално, за креативна професија, можам да тврдам колку ради тие придавки креативноста може да иде и минус.

Конечно, кои луѓе се глупи?
Сите освен ти?
И како ја мериш "глупавоста"?
Ајде вака :
На колку начини можеш човека да го излечиш со валидна дијагноза?
А на колку начини можеш човек да мачиш ?

Зборам за тоа кога си саркастичен...
Сарказмот можеш да го употребиш на милон разни начинии исто да испаднеш кретен а да бидеш добар и позитивен има само неколку :/

Хм кои луѓе се глупи.....
Дали мора да објаснувам?о.0
Погледни што успeавме да направиме so napredokot i tehnologijata......што ја имаме

Погледни како се палат ко морони илјадници на филм со лоша глума и книга преполна со клишеа наречена самрак
Погледни колку луѓе гладуваат а можеме да нараниме повеќе ....
Има безброј примери на глупавост

И на крај ти ми викаш дека луѓето не се глупави
 
Еве зошто Хаус е чиста љубов: он се дава себеси безусловно во работата. Не бара аплаузи ни му значи благодарноста од луѓето: целосно е ослободен од тој облик на его.
Не е оптеретен со улоги, со конвенции, не му е важна МОЌТА, он само се предава на она што најдобро знае да го прави и на она што најмногу го сака.
Луѓето го препознаваат и насетуваат тоа во него иако не изгледа така, скриено позади сите грубости, всушност се гледаат себеси во него и тој потенцијал на чиста љубов. Ретко на кого му успева денеска да биде свој, без да се идентификува со егото: со моќта, јас сум убава, добра, успешна, јас сум мајка, доктор, Македонка итн. Се се тоа конструкции на егото. Што сме надвор од тоа?
Тоа е Хаус, чиста љубов. Е сега од каде грубоста?
Не е лесно да се ослободиш од егото. Всушност, многу е болно. Хаус и покрај сиот тој потенцијал, не е среќен човек, бидејќи ја отфрла таа љубов, не се осмелува да ја искаже слободно и функционира баш примитивно, анимално.
Луѓето кои се препознаваат себеси во него, ја препознаваат сопствената борба со емоциите, многу повеќе отколку што гледаат фраер во него.
Ова е целиот муабет. Eagle beats you all.:)

Хаус не се оптоварува да биде нешто што не е, а тоа ретко кој го постигнува во сегашно време. Да, суров е, но не е лицемерен. Кога човек бара совет од него, тој го советува како да удира шлаканица, сакајќи така да го освести и да му помогне. Зошто во ова време можеби до луѓето не допираат топлите зборови. Едно е да речеш: Треба да пиеш 2 апчиња секој ден. A друго е да речеш: Ако не ги пиеш апчињава по 2 на ден, барај си место у Бутел."

Хаус е таков каков што сака да биде и кажува што сака да каже. Дури сака да биде miserable, затоа ја одби бившата жена кога она сакаше да му се врати. И тоа му го кажа Вилсон, ако ви текнува.
 
1.Хаус не се оптоварува да биде нешто што не е, а тоа ретко кој го постигнува во сегашно време.

2.Дури сака да биде miserable, затоа ја одби бившата жена кога она сакаше да му се врати.

Не сфатив.. Е мизерен, или сака да е?
 
Хм кои луѓе се глупи.....
Дали мора да објаснувам?о.0
Погледни што успeавме да направиме so napredokot i tehnologijata......што ја имаме

Погледни како се палат ко морони илјадници на филм со лоша глума и книга преполна со клишеа наречена самрак
Погледни колку луѓе гладуваат а можеме да нараниме повеќе ....
Има безброј примери на глупавост

И на крај ти ми викаш дека луѓето не се глупави
Мене ме интересира дали ти марсовка се сметаш во тие глупави луѓе или не?
Ако не, зошто не?
 
Мене ме интересира дали ти марсовка се сметаш во тие глупави луѓе или не?
Ако не, зошто не?

Јас ќе ти кажам. Не се смета, затоа ни се обраќа често со „вие“.
Зошто не - затоа што дели од ужинката и им дава на немашните. Не гледа самрак, него вести. И не се обидува да им објасни на глупавите зошто се глупави. Понекогаш. А понекогаш е ептен глупава ко сите нас. :smir:

Ете, саа ќе сум Хаус Вонабиевец, во борба со моите емоции ќе преовлада искреното бичијанство :)
 
Еве зошто Хаус е чиста љубов: он се дава себеси безусловно во работата. Не бара аплаузи ни му значи благодарноста од луѓето: целосно е ослободен од тој облик на его.
Не е оптеретен со улоги, со конвенции, не му е важна МОЌТА, он само се предава на она што најдобро знае да го прави и на она што најмногу го сака.
Луѓето го препознаваат и насетуваат тоа во него иако не изгледа така, скриено позади сите грубости, всушност се гледаат себеси во него и тој потенцијал на чиста љубов. Он воопшто не ги мрази луѓето, напротив: само така се однесува. Ретко на кого му успева денеска да биде свој, без да се идентификува со егото: со моќта, јас сум убава, добра, успешна, јас сум мајка, доктор, Македонка итн. Се се тоа конструкции на егото. Што сме надвор од тоа?
Тоа е Хаус, чиста љубов. Е сега од каде и зошто грубоста?
Не е лесно да се ослободиш од егото. Всушност, многу е болно. Хаус и покрај сиот тој потенцијал, не е среќен човек, бидејќи ја отфрла таа љубов, не се осмелува да ја искаже слободно и функционира баш примитивно, анимално.
Луѓето кои се препознаваат себеси во него, ја препознаваат сопствената борба со емоциите, многу повеќе отколку што гледаат фраер во него.
Одлично :)

Иако надвор од егото е онаа вистинска слобода, ние одбираме да се заробуваме во неговите конструкции, и да се гледаме себе само преку нив.
Ко што рече, Јас сум тоа и тоа, и ќе го бранам истото по секоја цена. Што, прво е напорно, а второ, не завлекува во разноразни игри на манипулација, лаги, продавање привиди и сл. Само за да зачуваме некоја слика, пред се за себе, а потоа и за другите.

Всушност, Хаус е современиот Диоген. А, неговото анимално однесување се поклопува со ставот на Диоген дека треба да учиме за однесување од природата и животните. Оној негов фамозен "кучешки живот".

Воедно, тука е и дел на одговорот на прашањата кои ги поставив на почетокот од темава. Поконкретно, на глобалната фасцинација, која се јавува многу пред Хаус...Имено, откако Ниче реши да го убие Бога, а Фројд да го стави егото на негово место, и умртви емоциите (тука се и ужасите на двете светски војни и убиената надеж на хипи филозофијата), западниот човек мораше да најде нов модел за себе.
Преку Хаус лајк принципите, се труди да се ослободи од привидите на егото, да ги оправда емоциите...му останува уште да научи како во ова да ја вметне и љубовта (нешто што Хаус не не учи) :)
Ајде вака :
На колку начини можеш човека да го излечиш со валидна дијагноза?
А на колку начини можеш човек да мачиш ?

Зборам за тоа кога си саркастичен...
Сарказмот можеш да го употребиш на милон разни начинии исто да испаднеш кретен а да бидеш добар и позитивен има само неколку :/

Хм кои луѓе се глупи.....
Дали мора да објаснувам?о.0
Погледни што успeавме да направиме so napredokot i tehnologijata......што ја имаме

Погледни како се палат ко морони илјадници на филм со лоша глума и книга преполна со клишеа наречена самрак
Погледни колку луѓе гладуваат а можеме да нараниме повеќе ....
Има безброј примери на глупавост

И на крај ти ми викаш дека луѓето не се глупави
Збориш за кретивност во садизам?:)
Ок, онда тоа е друг муабет.

А, за второто...Секој еден од нас има удел у глобалните текови, у стварањето на т.н вкус и културни преференци...буквално сите сме одговорни.
Па, аналогно, ако гледаме игноратност и невкус насекаде околу, онда веројатно у истото има удел и личната игнорантност и невкус присутна кај секој од нас. Никој не е невин по тоа прашање. :)
т.е
тие се глупи = јас сум глуп/а

Ова е целиот муабет. Eagle beats you all.:)

Хаус не се оптоварува да биде нешто што не е, а тоа ретко кој го постигнува во сегашно време. Да, суров е, но не е лицемерен. Кога човек бара совет од него, тој го советува како да удира шлаканица, сакајќи така да го освести и да му помогне. Зошто во ова време можеби до луѓето не допираат топлите зборови. Едно е да речеш: Треба да пиеш 2 апчиња секој ден. A друго е да речеш: Ако не ги пиеш апчињава по 2 на ден, барај си место у Бутел."

Хаус е таков каков што сака да биде и кажува што сака да каже. Дури сака да биде miserable, затоа ја одби бившата жена кога она сакаше да му се врати. И тоа му го кажа Вилсон, ако ви текнува.
Се слагам.

Но, што се случува кога сакаме да го следиме?
Ние, како и со било кое друго копирање, не ствараме свој став, не нудиме свои погледи...ние само рециклираме.
На готово земаме оригинал, и го деградираме во шаблон. (на темава делумно и сакав за тие искривени шаблони да проговориме...за нивните мотиви...не го проблематизирав толку "оригиналот")

Така и автоматското копирање на Хаус лајк "принципите", не не прави помалку лицемерни или повеќе револуционерни. Уште помалку свои. Баш напротив.
"Револуцијата" станува мејнстрим, а од нејзе се раѓа кич. Кич кој во случајов го гледам во изникнувањето на еден куп "поштари" (случајот кој го наведов во почетните постови од темава).

И да не тупам повеќе...Мислам на она што Гарфилд го спомена во своите постови.
Родени сме како снегулки....кој ли беше, клет и проклет да е што не посоли, растопи во обична, аморфна маса на мноштво солени капки вода, кои солзлива, кои само солена, во морето на безидејното постоење...моќта се гледа не толку во успехот на чинот на десалинизација, туку во обидите за истото тоа.
Ако длабоко погледнеме во себе, сеуште ќе ги видиме основните кристални правци на сопственоста и индивидуалитетот, тука се, но немоѓни не прави аморфноста во која сме турнати.

....ако среќата би се мерела во милисекундите на нејзиното збиднување, животот би се мерел во часови и денови....а К.С. Рацин напиша..."денови ли се денови"....или како што О. Николова напиша..."малите радости ме прават среќен, а крупните ме тераат да живеам"....
Порано било многу полесно да останеш снегулка. Единственото нешто на кое, евентуално, требало да се угледаш бил Бог и неговите принципи (зборам за западното општество).
Но, денес тој процес е бајаги отежнат.

Денес(читај последнве 100 години), место еден Бог, имаш илјадници прототипи на Божества, илјадници упатства за тоа каков требаш да бидеш (крајната порака е секаков, само не она што си).

И што повеќе се шират медиумиве, тоа повеќе у глава ти упаѓаат разни мали богови, во форма на шоу бизнис икони, маркетинг пораки, духовни гуруа, статусни симболи...толку многу нешта кои треба да ги достигнеш за да бидеш доволно добар и среќен (тоа е пораката која ја праќаат).

Едноставно, мора да постанеш нешто друго. Мора да побегнеш од себе. Затоа го имитираш она што се смета за симбол на успех и услов за прифаќање. А, изборот е огромен. И секој од нас се губи. Најстрашно, се губи себе во тој процес. Станува обезличена маса, која колку и да се труди, никогаш нема да може да го достигне современиот идеал.

Но, кое е решението?
Како да побегнеш од тоа бомбардирање?
Како да се зачуваш себе?
Вољата тука, чинам не е доволна.
 
Не сфатив.. Е мизерен, или сака да е?
И тоа, и тоа. Зошто тој е она што сака да биде. Тоа ми беше поентата. Сите ние или се восхитуваме или пак го мразиме тој момент, ама тоа зависи и од какви сме ние самите и колку сме она што навистина сакаме да бидеме и колку го кажуваме она што навистина го мислиме. Што ме води кон следното:

Се слагам.
Но, што се случува кога сакаме да го следиме?
Ние, како и со било кое друго копирање, не ствараме свој став, не нудиме свои погледи...ние само рециклираме.
На готово земаме оригинал, и го деградираме во шаблон. (на темава делумно и сакав за тие искривени шаблони да проговориме...за нивните мотиви...не го проблематизирав толку "оригиналот")
Така и автоматското копирање на Хаус лајк "принципите", не не прави помалку лицемерни или повеќе револуционерни. Уште помалку свои. Баш напротив.
"Револуцијата" станува мејнстрим, а од нејзе се раѓа кич. Кич кој во случајов го гледам во изникнувањето на еден куп "поштари" (случајот кој го наведов во почетните постови од темава).
Човек често се воодушевува на луѓе што немаат допирни точки со тоа каков е тој во своите особини и интереси. Можеби човек би сакал да е таков и таков, но сепак, не може да се оди против своето јас. Колку за илустрација, јас секогаш сум се восхитувала на оние луѓе што практикуваат опасни спортови, а сепак тоа никогаш не би го направила зошто воопшто не сум храбра авантуристка (што не значи дека не би сакала да ја имам таа особина, ама сепак ја немам!).

Значи, едно е да се восхитуваш на даден лик, друго е веќе да сакаш и ти самиот да станеш таков.
Кога твојот карактер не се поклопува доволно со личноста на која и` се восхитуваш, секое копирање личи изнасилено и глупаво. House е доволен како еден и единствен, сигурно не би ни се допаѓал светот со House-и all over the planet. Посебно сметајќи го фактот дека многу имитатори не го подразбираат Хаус како човек што е тоа што сака да биде и кажува тоа што навистина мисли, туку како mean son of a beach што сепак успева во животот и е респектиран. Добиваат некоја лажна претстава дека можат да се пробијат во светот и успеат со директност, суровост и сарказам. А, let's face it, тоа успева само кај гении што ја имаат др. Кади зад себе.:) И што се на филм, ќе заборавев.:wink:
 
Мене ме интересира дали ти марсовка се сметаш во тие глупави луѓе или не?
Ако не, зошто не?
божеее преболи веќе еднаш ќе ти купам тастатура океј
само кажи каква сакаш ?
Јас ќе ти кажам. Не се смета, затоа ни се обраќа често со „вие“.
Зошто не - затоа што дели од ужинката и им дава на немашните. Не гледа самрак, него вести. И не се обидува да им објасни на глупавите зошто се глупави. Понекогаш. А понекогаш е ептен глупава ко сите нас. :smir:

Ете, саа ќе сум Хаус Вонабиевец, во борба со моите емоции ќе преовлада искреното бичијанство :)
ќе ти го цитирам алберт анјштајн за да не мислиш дека моето мислење потекнува од некоја карактерна моја ми ти особина :"Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the the universe." :)
али јебем ли га само што докажа зошто го сакаат хаус и сите тие ванбиевци ....

Збориш за кретивност во садизам?:)
Ок, онда тоа е друг муабет.

А, за второто...Секој еден од нас има удел у глобалните текови, у стварањето на т.н вкус и културни преференци...буквално сите сме одговорни.
Па, аналогно, ако гледаме игноратност и невкус насекаде околу, онда веројатно у истото има удел и личната игнорантност и невкус присутна кај секој од нас. Никој не е невин по тоа прашање. :)
т.е
тие се глупи = јас сум глуп/а
Имаш одговор погоре

Кхм.... Има една поговорка во врска со игнорантноста :
Ignorance is bliss
Дали повеќето мрчатори од мој тип ти изгледаат ко да имаат розе очила(освен се разбира ако не голтаат апчиња)?:)
Треба многу повеќе храброст да кажеш дека родот на кој припаѓаш страда од глупавост али јебем ли га затоа и го сакаме Хаус пошто он го кажува сето она што ние немаме храброст да го кажеме гласно и јавно .
Она што сакаме да го направиме или речеме и сето тоа закопано што е можно подлабоко во нашиот мозок бидејќи се разбира подобро е така со розеви слончиња да поминеме низ животот(или не дај боже да кажеш задолжилтелно ќе ти залепат етикета ).И знаеш што покрај тоа што он сето тоа го кажува он прави да звучи смешно и не толку страшно.И знаеш што е тоа така само што ние сме сеуште мали деца да се соочиме со тоа јебем ли га ...
 
божеее преболи веќе еднаш ќе ти купам тастатура океј
само кажи каква сакаш ?
Дебела, мрсна и зелена, и ако можит од назад да пишит марсовка.

А замислете Хјуг Лаури да не го глумеше Доктор Хаус, со тоа не ќе имаше толкава популарност серијата и немаше да освои неколку награди?
Тогаш и ликот на доктор Хаус немаше да биде многу анализиран, затоа што има и еден куп такви други ликови, само немале можност да добијат повеќе минути реализирани.

Она што сакам да кажам е дека Хаус е идол само на оние кои сакаат т.н. промена на идентитетот, сакаат да утре да бидат нови личности на кои ке им се восхитуваат.

А Хаус всушност е многу емотивна личност која многу добро знае да го прикрие тоа.
 
ќе ти го цитирам алберт анјштајн за да не мислиш дека моето мислење потекнува од некоја карактерна моја ми ти особина :"Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I'm not sure about the the universe." :)

Др. Хауске, пардон Марсовке - неточен ти е цитатот. Вака требиТ:

...There's only two things that are infinite: the universe, and human stupidity. And I'm not sure about the former...


Снегулка, солза или обична капка солена вода. Бирај/те, изборот е ваш и само ваш.
 
Кхм.... Има една поговорка во врска со игнорантноста :
Ignorance is bliss
Дали повеќето мрчатори од мој тип ти изгледаат ко да имаат розе очила(освен се разбира ако не голтаат апчиња)?:)
Треба многу повеќе храброст да кажеш дека родот на кој припаѓаш страда од глупавост али јебем ли га затоа и го сакаме Хаус пошто он го кажува сето она што ние немаме храброст да го кажеме гласно и јавно .
Она што сакаме да го направиме или речеме и сето тоа закопано што е можно подлабоко во нашиот мозок бидејќи се разбира подобро е така со розеви слончиња да поминеме низ животот(или не дај боже да кажеш задолжилтелно ќе ти залепат етикета ).И знаеш што покрај тоа што он сето тоа го кажува он прави да звучи смешно и не толку страшно.И знаеш што е тоа така само што ние сме сеуште мали деца да се соочиме со тоа јебем ли га ...
Ни игнорирам глупавост, ни невкус, ни лицемерие, ни ништо човечко.
Итекако сме и глупи, и лицемерни, и кич и све...затоа и е интресно.

Муабетот ми е дека НИКОЈ од нас не е имун на тие нешта. Сите резонираме и дејствуваме на таков начин, барем во одредени аспекти од живтот. Разлика се само областите и интензитетот. Нијанси се у прашање. Својственоста е универзална.

А, тоа некако го забораваат Хаус следбениците. Они се апстрахираат од тие особини, а јбг, за жал, или за среќа, ипак ги поседуваат.
Па нивниот чин на замижување пред сам себе е лицемерие, односно двоен стандард.

Пошо, чисто логично: Луѓето се глупи, а и јас сум човек, води до, и јас сум глуп.
Јас не сум глуп, ко шо они сакаат да не бидат, нема место у равенкава, односно сами си ја побиваат ако ја фураат таа теза.

Конечно, ако не оставам да ме гневи и повредува туѓата (а, и мојата глупост), не значи дека не ја гледам. Само нејќам да си дозволам да ме боли. А, тоа го можам само ако ја прифатам и и се насмеам, ко шо на мало дете му се смееш кога се понаша ирационално.

И тек тогаш можеш стварно да си речеш:
7774%7EI-Just-Don-t-Give-A-Fuck-Anymore-Posters.jpg


P.S
Интересно ми е шо вреѓањето (не искреноста, туку понижувањето) го поистоветуваш со храброст. :)
Ја на пример, до скоро вреѓав ептен. Али, не бев и храбра.Баш напротив.
Има разлика измеѓу искреност и вреѓање.

P.P.S
Сметаш дека штом извреѓаш човек, односно му плеснеш у фаца све што не чини со него, али на онакав деградирачки за него начин, ќе успееш и да го натраш на акција или да го просветлиш?
 
Зарем една серија извршила таков имапкт во Македонија па некои се идентификуваат со главниот фиктивен лик од истата?? Колку ли е пропадната државата за да се земаат примери од Холивуд како репер?

Хаус е онаков каков што го направил сценаристот, ништо повеќе и ништо помалку :).

Што се однесува до пораката која демек ја испраќа, со квази искреност и мене ништо не ме интереасира став, ете него му се може.

Не е на функција, има сигурна работа, нема политички притисоци, нема амбиција било кога да смени работа и има вработени на кои може да им изигрува господ и да им прави што сака.

Колку е лесно во таква позиција да си паметен и комплетно искрен! Кој ќе ти каже дека си идиот?

Еднаш (фиктивниот Хаус) имаше контакт со моќ од надворешниот свет (надвор од сигурните ѕидини на неговото болничко царство) и ќе заглавеше во зтвор, баш заради неговата неспособност за промена и понашањето „јас не се менувам па макар сите умреле„.

Подобро да се имитираат Бетмен или Терминатор ќе има повеќе корист за општеството :icon_lol:.

Да се надоврзам на Марсовка. Ептен е лесно да си искрен и на некого да му кажеш дека ти оди на нерви или дека е идиот но колку ќе бидат искрени па на блискиот да му кажат дека е прекрасна личност?
 
Jas sum hrabar i lud i otvoren i iskreno blesav....ama jas sum poet, a nie poetite sme po definicija mrdnati, taka sto sme von kategorizaciite.
 
Jas sum hrabar i lud i otvoren i iskreno blesav....ama jas sum poet, a nie poetite sme po definicija mrdnati, taka sto sme von kategorizaciite.

Никој не е вон категоризации,се додека има finger-pointers.
Семеен човек-категоризација.Место и припадност во одредена комуна.
Реметџија и саркастичар на човечката глупост-категоризација за Алфа однесување типично за оние кои истакнуваат и покажуваат авторитет.
Поет-категоризација сама по себе,Категорија на луѓе кои отсликуваат мисловни процеси преку пишан збор.
Џедај-кованка од принципи на живот и филозофии осквернавени и категоризирани во скај-фај срање од Лукас & co.
Луд-човек кој кој делува спротивно од воспоставениот кодекс на општествено однесување.Девијант.

И така натаму.

Е сега,што направив јас во овој пост,а е всушност поентата на она кое Хаусовци треба да го увидат?
Хаус е Бог сам по себе во работата која ја работи.Незаменлив е.Со тоа,држи на рака животи и работни места на луѓе.Тој е таков каков што е знаејќи колку вреди и колку неговиот збор е навистина последен.Нема авторитет над него во неговото катче,барем не во вистинскиот смисол на зборот.Тој е креаторот,кукличарот,егзекутивниот господар и ултимативната волја.
Но,не е сарказмот и иронијата работа која селективно треба да се пласира на места каде имате авторитет.Во надворешниот свет,постојат авторитети кои го засенуваат вашиот.Ако веќе сте се одлучиле на таков начин на делување,водете се од мислата:"the point is to poke the Sun and live",па удрете таму каде знаете дека може да ви се врати и да ви го делне главчето.Онаму каде повратниот импулс може да биде двоен,а вие да бидете загрозени.Покажете храброст и јајца.
Се друго е обично млитаво ширење магла.

За да ја доловам целосно поентата на постот,Garfield-офтопик си. :)
 
Jas sum hrabar i lud i otvoren i iskreno blesav....ama jas sum poet, a nie poetite sme po definicija mrdnati, taka sto sme von kategorizaciite.
И сепак се стави у категорија со изјавава. :)
Ако веќе сте се одлучиле на таков начин на делување,водете се од мислата:"the point is to poke the Sun and live",па удрете таму каде знаете дека може да ви се врати и да ви го делне главчето.Онаму каде повратниот импулс може да биде двоен,а вие да бидете загрозени.Покажете храброст и јајца.
Се друго е обично млитаво ширење магла.
Или графички пренесено:
funny-dogs.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom