Можно одложување на визната либерализација?
Доколку земјите членки не гласаат за визното ослободување пред 1. ноември, не е исклучено тоа да биде одложено за неколку месеци, предупредуваат експертите во Брисел.
Имено, се поизвесното стапување на сила на Лисабонскиот договор би можел, од технички причини, да го одложи визното ослободување, објаснуваат експертите во Брисел.
За сега во Европската унија визите за Балканот не се на дневен ред и никој во Брисел не е во состојба да каже кога за нив ќе се гласа.
Шведското претседателство изразува желба одлуката да помине до крајот на декември, но дури ни тој датум не е 100 проценти извесен.
Другите причини поради кои за сега оваа одлука се одложува се изборите во Германија, како и извештаите за напредокот на Србија и Црна Гора кон визното ослободување.
Иако либерализацијата на визниот режим е извесна, датумот 1.1.2010 не е врежан во камен и јавноста во Македонија не треба да биде изненадена доколку дојде до неколкумесечно одлагање, како од политички, така и од чисто технички причини.
Визната либерализација за земјите од Западниот Балкан е еден од најважните проекти на Европската комисија.
Преку неа, Комисијата очекува да го поврати намалениот кредибилитетот во регионот, и да докаже дека ги исполнува своите ветувања.
A1
:kesa: