Обуката започнува во понеделник!
Уште пред некој ден на незнам колку од тие што аплицирале им стигна меил. Обуката почнува од понеделник и ќе се извршува во пет сесии.
Првите две сесии ќе се одржат во Домот на АРМ, ќе бидат нон стоп предавања, ваљда потоа ќе ни дадат и некои литератури за да можеме да го учиме материјалот дома, од сесија до сесија.
Според описот во пораката, во главно, предавањата ќе се засноваат на запознавање на Cisco Networking Technologies и Interconnection Cisco Network Devices (ICND).
1: 14-18 декември, 10:00 - 17:00
2: 11-15 јануари, 10:00 - 17:00
*Нормално, секој ден ќе има по три паузи, една за ручек од еден час и две помали од по 15 минути.
Во понеделник со нас треба да понесеме CV/резиме, фотокопија од дипломи/сертификати/билошто што поседуваме до денеска и да се држиме до правилата тамо напишани, нормално, ко што на секое предавање/семинар/ се почитуваат.
За останатите три сесии ќе биде соопштено нешто подоцна, кога, каде и на кој начин ќе се одвиваат. Ама најверојатно ќе бидат како пракса, на компјутери, па после полагање на сертификатот, па дај Боже кој положи да си тргне и на работа.
Нека ни е со среќа на сите што ќе тргнеме од понеделник, па за понатаму како ќе биде ќе видиме.