Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.660
- Поени од реакции
- 59.689
Отварам нова тема бидејќи често навлегуваме во дискусии за оценката што ја имаат одредени филмови. Повеќето од нас бараат информација за некој филм пред да го гледаат, најчесто на IMDB (International Movie DataBase). Сите што го правеле ова, брзо забележале дека не е паметно да се раководат само од оцената, затоа што таа често пати не го отсликува вистинскиот квалитет на филмот.
Постојат филмови кои се страшно и неоправдано потценети, како и филмови кои се ужасно исфорсирани и преценети. Ова е тема за нив. Иако крајно субјективна (секој по својот вкус) тука можеме да препорачаме добри филмови со многу лоша оцена, и да посочиме на лоши филмови кои со својата оцена може да излажат некого да си го потроши времето за ништо.
Не е задолжително, но пожелно е да се каже и зошто сметате дека филмот е потценет или преценет, тоа може понатаму да ја развие дискусијата, која е дозволена: ако не се согласувате околу некој филм, слободно дискутирајте зошто мислите дека сте во право.
Понатаму, ставајте линкови од ИМДБ по потреба и задолжително напишете ја оцената која ја има филмот. Не ставајте слики, имаме доволно теми кои личат на сликовници.
Уште нешто: на многу филмови им даваме 10-ки. Сметаме дека се ремек дела. Овде не зборуваме за тоа кој филм треба да има 10ка, туку за тоа колкава треба да биде според нас, реалната просечна оцена на филмот на IMDB.
Јас ќе почнам со неколку филмови кои ми паѓаат на памет во моментов.
Најпотценети:
Cobra (1986)
IMDB: 4.7/10
ЈАС: 8.0/10
Со бедни 4.7/10 Cobra е еден од ретките култни филмови кој „ужива“ ваква оцена. Акциониот спектакл од 80'тите со Силвестер Сталоне и прекрасната Бриџит Нилсен и ден денес е синоним за акција кај љубителите на овој жанр, но за жал, многу љубители на досадни филмови го нападнале филмот на IMDB. Многу други добри акции на Сталоне не поминаа подобро.
Independence Day (1996)
IMDB: 6.5/10
ЈАС: 8.5/10
Нека рече некој дека Денот на независноста не е 100% забава од првата до последната минута. Го имате Вил Смит и тоа во елемент како им јаде бурек на вонземјаните, Џеф Голдблум, фантастичен актер кој е толку зафатен со работата што последен забележува дека земјата е нападната од вонземјани... аха, ги имате „малите зелени“ кои се дојдени да го збришат човештвото, небесна битка помеѓу летечки чинии и борбени авиони, хуманизам, хероизам, хумор... И оцена од 6.5! WTF? Некои луѓе едноставно не знаат да уживаат. Филмот лесно требаше да се искачи на 8.5, според мене.
Најпреценети:
The Shawshank Redemption (1994)
IMDB: 9.2/10
ЈАС: 8.5/10
Да се разбереме, го обожавам филмот. Мислам дека е еден од најдобрите драми на сите времиња. Но ова и дефинитивно не е и не може да биде најдобриот филм на сите времиња, иако е бр.1 веќе подолго време. Сум гледал доста подобри филмови, барем за мој вкус.
American Beauty (1999)
IMDB: 8.6/10
ЈАС: 5.0/10
Филмот кој критичарите го славеа и го форсираа до добивањето на Оскар (во што ги победи прекрасните The Sixth Sense (1999), The Green Mile (1999) и The Cider House Rules (1999) ), натера многу бесни гледачи кои се почуствуваа измамени за парите, да испратат лавина од критики, нарекувајќи го American Crap, American Ugliness, American Trash итн... Филмот е 37-ми на сите времиња. Еден од филмовите кои искрено и длабоко ги мразам, би му дал 0 на IMDB, да има таква опција. Овде, 5.0 просечна оцена, затоа што тоа е најмногу што заслужува ова подпросечно ѓубре од филм. Според мене се разбира
Повелете со ваши предлози за Потценети и Преценети филмови.