Колку ви значи зборот ИЗВИНИ?

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Извини (ама од срце)

Да точно така, Извини ама од срце кажано. Се извинувате ли одкако ќе направите грешка, макар и најмала скоро небитна за луѓето околу вас....Ако неможете во лице извинете се тука, моментално неможам да се и' се извинам на една личност и би го искористил форумов (Кајгана-Конектинг Пипл:smir:)

ај да почнам.....
Ти си ми мила, исто така и драга личност. Те запознав на 8ми Јуни 2007ма година. Прво среќавање со твојата топлина што зрачеше надалеку ја почувствував со подавањето на чашата од одамна поставената кладба, која ја доби ти. Памтев, водка-портокал без мраз(лед) и цевка. После чашата официјалното запознавање и најмила насмевка од твоја страна. Инаку се знаевме одамна, правевме муабети на разни теми ми помогна кога ми беше најтешко. Јас патев ти ми помогна, беше мојот психијатар. Денес можеби испадна дека направив нешто лошо, мислам дека те повредив ама мора да сватиме дека на некој начин мора да се спуштиме на пониско скалило за да се разбереме со некои други на друг начин. Доколку сето тоа се одвиваше со една личност како ти, верувај дека ќе беше со други зборови т.е. ќе беше сосем друга песна.....Можеби нема да прочиташ, може и не те интересира. Сакам само со цело срце да ти кажам ИЗВИНИ......
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Се извинувам но само тогаш кога мислам дека сум виновен и кога мислам дека сум згрешил-тогаш се извинувам од срце.
Се извинувам затоа што знам дека е човечки да се греши, а уште повеќе човечки е да се простува.

Ме нервираат и фрустрираат луѓе кои напаѓаат и бараат извинување без потреба, причина и основа.

Знам да прифатам извинување ако знам дека грешката е направена ненамерно и извинувањето е кажано од срце.

Мразам луѓе кои сакаат да повредуваат и кои мислам дека со една извини ќе ја поправат грешката-таквите луѓе кај мене не поминуваат.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Извинето бидејќи си мал и низ грешки се учи и бидејќи сеуште точно паметиш што пијам ...:pipi:
Извини и ти што се однесувам строго понекогаш, но мислам дека тоа е единствен начин на кој може јасно да се укаже на некоја грешка.:smir:
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Ваааааууу ме разнежни со извинувањето, е на такви извинувања не се останува имун.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Епа да еци(капачекапачекапаче:)) тоа е извинување од срце со кое сакав да ја поставам темата. Значи не сум бил у збунка, кога се извинуваш од срце се познавало од далеку.
Кога ќе згрешам и ќе сватам дека сум згрешил пробувам да го поправам згрешеното со нешто. Извинувањето е добро, ако е од срце, доколку е од „ради реда„ извини се приметува дека е површно и не се зема во предвид.....
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Извини што те изнервирав, ама и ти мене:pipi:
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Извинето бидејќи си мал и низ грешки се учи и бидејќи сеуште точно паметиш што пијам ...:pipi:
Извини и ти што се однесувам строго понекогаш, но мислам дека тоа е единствен начин на кој може јасно да се укаже на некоја грешка.:smir:

сапорт, на вакво извнинување и јас би простил

уште еднаш ќе напоменам верата и господ ни налагаат да простуваме

според мене Точкест покажа дека голем човек побара прошка, Дивајн (како и секогаш) покажа дека е уште поголем човек и му прости.
 

Pretty bItCh

..::feel the ♥::..
Член од
20 септември 2007
Мислења
317
Поени од реакции
1
кажувам извини,кога мислам дека треба и кога некој тоа извини ке го заслужи и кога знам дека ке биде прифатено од се срце.
најчовечки е кога ке се згреши да се кажи извини,бидејки и мене ке ми биде полесно нема да ми е тешко а и не ме кошта нишо посебно.
и имам едно посебно извинување до личноста која ја сакам-
бебе извини за сите испади.сепак сите сме луѓе,некогаш мора да избегаме од колосек.не сме роботи.и за секое извини кое го имаш кажано да знајш дека е прифатено со цело мое срце:smir::pipi:
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Точке, ти многу чувствителен си бил.....Баш ме изненади со постот, и добро и убаво е човек да знае како да се изрази кога нешто го мачи и притиска....Добро е да знае и да прости а и да признае кога ќе згреши...
Но, секој не може да се носи со тоа....Има некоја дупка во мозокот, наречен голем комплекс преку кој не може да помине, и продолжува да се мачи понатаму...
Секој од нас греши на некој начин, сум грешела и сум се извинувала на луѓе кои знаат да го разберат извинувањето, и во следна прилика не би го злоупотребиле истото...
Но само на едно извини не можам да поминам и да го изустам...На луѓе кои сосила се прават на мутави, знаат дека згрешиле, упорно се однесуваат како тоа да не е така а за сето тоа вината ја фрлаат кон другиот...Па во вистинскиот и во човечниот однос нема извини за тие личности...Треба многу длабоко да се преиспитаат што прават, и дали таа конфликтност не му се повторувала со многу и други личности...На тој начин ја повредуваат достоинственоста на другиот, а се "лечат" себеси....Колку ли луѓе направиле да се чувствуваат виновни во односот со нив само за да се "нахранат" себеси.....
Но нивната ситост еден ден ќе ги акне од земи, ќе му ги смота сите поминати филмови, пропуштени искуства , пријателства и што ти не се само поради што тие секогаш сакале да бидат сити....
Можеби некој и ќе се најде тука...:lud:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Не сум безгрешна,многу пати ми се случило ненамерно да повредам некого.
Секогаш кога сметам дека е потребно да се извинам-го правам тоа.
Постојат некои со кои што не можам да се разберам како човек, тие воопшто не го ни заслужуваат моето извинување и не се ни трудам да им докажам нешто.
Кога се извинувам-се извинувам со срце,а не со зборови само...
Многу пати сум простила некои работи со надеж дека нема повторно да се повторат, но како што кажав- некои луѓе не заслужуваат ниту да им простиш,ниту да им побараш прошка.
Ценам кога некој ќе ми се извини од срце и кога ќе видам дека навистина се кае за тоа што го направил, а не кога ќе почне да ми лее лажни солзи, а уште наредниот ден повторно да ми зарие нож во грб.
 

Dzings

Premium
Член од
31 март 2007
Мислења
1.804
Поени од реакции
53
DA! se izvinuvam! I sekogash e od srce. I niz godinite izvinuvanje, sum svatil deka: ima tuka razlichni vidovi izvinuvanje:
1* Izvinuvanje vo stil: 'Izvini dal pored tebe sedi nekooo...'
(pozitivno izvinuvanje za ponatamoshna aktivnost)
2* Izvinuvanje vo stil: 'Izvini ne mozam vecher'
(negativno izvinuvanje za ponatamoshna aktivnost)
3* Izvinuvanje vo stil: 'Izvini zgreshiv'
(pozitivno izvinuvanje za minata aktivnost)
4* a) Izvinuvanje vo stil: 'Izvini ama ne sum jas vinoven'
(negativno izvinuvanje so otfrlanje na vinata)
4* b) Izvinuvanje vo stil: 'Izvini ama ti si vinoven/a'
(negativno izvinuvanje so prefrlanje an vinata na primachot na izvinuvanjeto)
4* v) Izvinuvanje vo stil: 'Izvini ama toj/taa e vinoven/a'
(negativno izvinuvanje so preflanje na vinata na treto lice)
5* Izvinuvanje vo stil: 'Izvini ama dzabe ti e'!
(izvinuvanje za prekin na sekakvo ponatamoshno dejstvo)
:smir:
 

PoisonGrl

~Malo crveno~
Член од
8 јули 2006
Мислења
664
Поени од реакции
2
Извини ако сум била лоша. Знаеш дека со тебе не сакам да сум таква :smir:
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
да,се извинувам кога сметам дека тоа е потребно и дека јас сум погрешила.ама сакам и да ми се извинат,така сфаќам дека знаат дека погрешиле или ме навредиле и тоа го признаваат.

извини што не сакам да бидам со тебе
 

Kajgana Shop

На врв Bottom