deXterche
тадаммм
- Член од
- 12 февруари 2006
- Мислења
- 4.920
- Поени од реакции
- 942
Кинеската компанија Zhengzhou Yutong Group co ltd (Џенгџоу Јутонг Групација) е избрана за најповолен понудувач за набавување на 302 автобуси.
Ова, како што пренесува Макфакс, денеска го соопшти Министерството за транспорт и врски.
Кинезите понудиле основна цена за 302 автобуси во износ од 51.000.000 евра и соодветни технички карактеристики, меѓу кои и мотор Cunnungs EURO 5, вкупен број на седишта за 60 патници, автоматска рампа и генерална гаранција за 36 месеци.
Јавната набавка се однесува на 302 новопроизведени двокатни автобуси, од кои 300 од затворен тип и два од отворен тип за градски сообраќај, кои ќе бидат испорачувани во периодот од следните три години, по склучување на договорот за јавната набавка.
Останатите компании што учествуваа на тендерот имаат рок од осум дена да го обжалат решението.
Групацијата Zhengzhou Yutong Group co ltd е основана во 1963 година и има производствен капацитет од 120 автобуси дневно, а претставува најголема и технички најнапредна база за производство на големи и средни автобуси во светот чиј обем на продажба е рангиран на второто место зад „Мерцедес Бенс“.
A1
Уште ако им е квалитетот "кинески" ќе свршат работа