Prvo prasanje Kakva vrska ima jazikot na Aleksandar i Filip so nasiot jazik.
Vtoro prasanje Kakva vrska ima antickoto makedonsko pismo so naseto denes?
хахаах абе јас поставив прашања а јас сега треба да одговарам :helou:
Ама јас имам одговр
Античкомакедонски јазик
Легендата вели дека браќата Армен и Македон се разделиле и формирале два народа: ерменскиот и македонскиот. Сосема новите научни сознанија велат дека ерменскиот јазик настанал пред 6 милениуми (М. Серва анд Ф. Петрони, ЕПЛ 81 (2008) 68005), половина милениум пред елинистичкиот. Сосема е оправдано да се смета дека македонскиот народ е првиот европски народ и дека си живее тука веќе 6 милениуми. Тој не создал свој нов јазик, туку продолжил да си зборува санскрит, како и најголемиот дел од народите коишто настанале од него и ја населиле Европа, а понатаму се прошириле и во северниот дел од Азија.
Зеирене- Zeirene
терминот Зеирене бил употребуван од страна на античките Македонци како термин за божицата Афродита. Од друга страна во македонскиот јазик постои зборот зеир, што означува: горчина, јад.
Скоидо(с) - Skoido(s)
Овој термин бил поврзан со судството кај античките Македонци
Упербер- Uperber
Ова е еден од двата оригинални античкомакедонски називи за денешниот месец септември. На тогашниот грчки јазик, овој месец се викал Боед-ромион.
Летаи(ос) - Letai(os)
Ова е вториот оригинален античкомакедонски назив за денешниот месец септември.
Панамос- Panam(os)
Ова е оригиналното античкомакедонско име за денешниот летен месец јуни. Во денешниот македонскиот јазик постои именката панама, која значи летна шапка! Значи, и во овој случај, имаме повеќе од очигледна идентичност во изговорот помеѓу еден античкомакедонски и денешен македонски збор.
Воен танц - тело- Telesia(s)
Ова е оригинално име за една античкомакедонска игра, т.е. вид на воен танц. Несомнено дека овој збор, многу слично се изговара како денешната македонска придавка телесна, која е изведена од именката тело.
Карпеа- Karpea
Овој античкомакедонски збор значел име на фолклорна игра, во која, според ритамот на свиралката, се имитирало крадење на крави и волови. Во македонскиот Ономастикон денес постои машко име Карпе.
Астхетеаирои- придружници - Astheteairoi
Иако не се знае точната етимологија на оваа воена формација од античкомакедонската војска, се смета дека тоа било пешадиска единица, придружничка на Македонската фаланга. Етимологијата на зборот аст досега не е идентификувана. Но, имајќи го предвид фактот дека постои фрапантна сличност на други античкомакедонски зборови со сегашниве македонски, ќе направиме еден обид во оваа насока. Да видиме што би можел да значи зборот аст. Познато е дека кај некои европски стари народи постои копје, кое се вика ост. Во денешниот македонски јазик, како архаизам, постои именката осте-гарка (долг стап за тепање), а во некои јужномакедонски дијалекти постои и зборот оста, што значи долг помошен стап со куки, за полесно ловење риби (податок од Јосиф Грезловски од македонското преспанско село Љубојно, кој денес живее во САД). Веќе спомнавме дека честа практика во македонскиот јазик е, вокалот "а", со текот на времето да се заменува со "о" (примерот со Охрид, кој во неколку стари мапи е заведен како Ахрида).Ова значи дека, штом од Ахрида, со текот на времето станало Охрид, можно е и од аст да станало ост (што всушност е основа на зборот остегарка, како долг стап за тепање, т.е. копје). Значи, етимологијата на зборот астхетеаирои, отприлика би била: оние што придружуваат со копја. Всушност, и Хамонд тврди дека астхетеаирои биле придружна единица на Македонската фаланга. Но, дефинитивниот одговор на оваа загатка да го оставиме на идните лингвистички истражувања. Инаку, ниту овој збор не постои во грчкиот јазик.
Продромои - Prodromoi
Етимологијата на овој античкомакедонски збор ја дава Ариан (цит дело, стр. 36). Се работи за уште еден вид античкомакедонска воена единица, која била составена од извидници, вооружени со копја. Јасно дека во овој збор го среќаваме денешниот македонски збор друм.
Пелла -камен - Pella
Името на македонската престолнина Пелла, на античкомакедонскиот јазик значело камен. Во денешниот македонски јазик постои несомнено сличниот збор спила, како збор, кој денес значи стрмна и голема карпа.
Сава (вегетација) -Sava
Овој античкомакедонски збор, според д-р Наде Проева (цит. дело, стр. 172), значел вегетација. Сите нам добро ни е познат зборот савана, кој значи плодна рамница и кој етимолошки асоцира на античкомакедонскиот збор сава (вегетација). Во Речниците за странски термини, за зборот савана пишува дека е од шпанско потекло. Да оставиме идните истражувања на проверат дали можеби овој збор Шпанците не го добиле од Римјаните, а овие од Македонците?
Ние велиме
крст. Но Латините ќе кажат
crux, па да видиме што кажува етимологијата:
cross
O.E. cros, from O.Ir. cros, probably via Scand., from L.
crux (gen. crucis) "stake, cross," orig. a tall,
round pole, possibly of Phoenician origin. Replaced O.E. rood.
Ние пак имаме
круг, а познато е дека во најраните прикажувања на крстот тој секогаш е вметнат во
круг.