Е да кажем ја една необична опција за откажување од цигари.:helou:
Ама за оваа опција или треба човек да е по религија или општо да се разбира од духовност,психологија,филозофија и сл.Имено,сите знаеме дека секој човек има некој порок.А тој порок е поради нашето его,кое не е она вистинското јас,вистинските ние.Колку многу луѓе има што пушат цигари,САКААТ да ги откажат,но неможат.Што значи егото не им дозволува.И јас сум бил таков(можеби и сеуште сум),сум сакал да ги откажам цигарите,знам дека ми сметаат,но кога ќе си помислам во себе си викам кај може јас да се замислам со кафе,пиво,а без цигара.Што значи јас сакам да ги откажам,свесен сум дека цигарата не мора да биде дел од мојот живот,ми сметаат,но ете ми се мотаат филмови низ глава дека без нив не би бил тоа што сум.
Е сега кога спомнав религија,психологија и сл;човечката психа е составена од Јас,Его и Супер Его(Совест),односно тоа Јас сме ние,нашата личност,Егото го контролира Ѓаволот,а Супер Егото Бог.Нели знаеме дека Егото многу пати прави работи кои не ни се во наша природа,него за да се истакнеме или сл.,додека поради некоја наша грешка,грешка од Егото,Совеста не гризе,односно Бог како да не кара поради направената грешка.
Што значи,за да се откажеш од цигари или кој било порок,треба да знаеш дека тие не ни се морални во животот,и дека потребата за нивно конзумирање ја наметнува Егото,Нашето лажно Јас,односно Ѓаволот.Кога ќе го ставиш ова во глава и ќе размислиш длабоко,ќе ти се роди желба за откажување од пороците,односно како да сакаш да ја оттргнеш контролата од Егото-Ѓаволот.
Сега незнам колку би било ефикасно ова,но мене лично ми помогна,иако не во голема мера.Три месеци немав запалено цигаре,се до пред една недела,но добро е пак што ми помина зависноста.Сега палам ако ми се пали само,а не по автоматизам цигаре за цигаре.Еве неам два дена запалено а и не чувствувам потреба.
поздрав!:smir: