Портокалов криминал!

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ne si vo pravo.. eve tri-cetiri od rakav
regulatorna gilotina
namaluvanje na danoci
veronauka,
treto dete...
E sega ako saka samo da se tera inat normalno od edno cudo proekti ke se najde i nekoj sto moze da se protolkuiva kako levicarski no ideologijata e zapazena ..
@ABC i toa sto go velis e tocno! .. no razlikata e sto se vlozuvaat MAKSIMALNI napori za da se opravi rabotata sto 15 godini bila zaboravena.. konkretno so katastarot, elektronski katastar, poednostaven proceduri, duri imaat i timovi sto se nonstop na teren sto odat i gi izvestuvaat strankite do kade im e postapkata ako treba dopolnitelni dokumenti i sl.. se sekavam deka vo Karpos za toa kratko vreme na Dimik duri i celi tribini se rpavea se so cel najbrzo da se iznajdat resenija i resat problemite na ovaa tematika.. komsija vecen SDS otide na tribinata i si gi resi problemot sto Andrej Petrov i Stevco ( negovite de :)) go mavtosuvaa so godini.. znaci uste ednas.. na grbot tokmu na podrzuvacite na VMRO ovaa vlada nabi tempo i dinamika nevidena dosega da se nadopolni nesto sto ednostavno ne se nadopolnuva za 3 godini.. zatoa i gi imame ovie diskusii.. i dobro e sto gi imame.. i dobro e sto ima lugje sto se kontra.. no najdobro e sto govorime i se raspravame za raboti sto se pravat sto se slucuvaat sto se gradat.. a ne za sto ne se napravi, sto ne se izgradi sto ne se prevzede.. (@zevs priznavam poslednovo go imam napisano dosega 2-3pati)
Види,јас земјава најпрвин ја гледам од позиција на странски инвеститор за да донесам заклучок.Значи имам пари и нормално тие пари сакам да ги мултиплицирам со сигурна инвестиција.Е сега иде она главното:
-Ако моите пари од било која причина не сакам да ги вложам во мојата (странска земја) и да заработам со вложувањето,тогаш барам некоја друга дестинација каде би заработил повеќе и побрзо одколку дома.На списокот дестинации ја пронаоѓам Македонија и нормално е најпрвин да ги разгледам сите опции.Веднаш на почетокот се судирам со несредено и неурбанизирано градежно земјиште,кое овде треба да си го купат дури и Македонските сопственици уште еднаш,па камо ли јас како “странец“,следат пречките во судството,катастарот,уцени од локалните моќници без разлика која партија е на власт.За на крај да констатирам дека и доколку ги решам тие огромни проблеми,ќе се соочам со трошоци за вода од 1 евро по кубик,за струја од по 14 евроценти од киловат,што е за дупло поскапо одколку во било која ЕУ дестинација која ми се нуди да ги инвестирам моите пари.Е сега ќе речеш дека имаме ефтина работна рака,ама тоа може да биде краткотрајно со оглед на тоа што просечниот личен доход според статистиката последниве години расте со вртоглава брзина па додека ја стартирам инвестицијата можеби ќе треба да плаќам поголем личен доход одколку во мојата “странска земја“.На тој начин со мала дигресија и план за инвестиција во Македонија,веднаш се откажувам да ги дадам сопствените на пример 1 милион евра,од кој ќе имам повеќе ќар да ги инвестирам било каде освен во Македонија.:toe:
 
Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
Имаме АБЦ и можност за подобро утре и компаративни рпедности по однос на нашите соседи.. еве слободните зони немаат проблеми со катастар, државата се обврзува и инфраструктура да обезбеди до објектот во зоната а имаме најефтина струја во европа фискалните повластици се фантастични (реинвестираната добивка е мај фејворит од аспект на странски инвеститор)..за водата најискрено и несум запознаен .. во секој случај доколку сте странски инвеститор Ви стојам и јас и верувам и многу други од форумов со широки насмевки крајно љубезно со гордост да Ви посветат максимално внимание и да ви посочат на уште повеќе предности и убавини како на оваа земја така и на овој прекрасен народ кој живее во истата :)
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Лурц неспорно е дека и ти и АБЦ сете во право.. но неспорни се работите што се превземаат на ова поле.. факт е дека здраво се намалени гужви пред шалтери и дека времето е скратено сега да му е**м матер не се решени сите прашања ама се работи под полна пареа .. исто како што си во право и за судството.. ете тоа е независно демек.. а чепнеш и најосновна мерка одма вриштат по сите еу порти па пенали.. ..
Јас незнам.. можда јас лошо се изразувам или неуспевам да ја доловам мислата што сакам да ја пренесам тука.. НЕ Е и неможе се да биде розово ама евидентно е дека некој дава се од себе да ги мрдне работите од 15 годишна мртва точка ГИ МРДНА многу нанапред.. и треба под притисок на јавноста да се рабопти бидејќи за тоа е избран и платен.. ама треба и да се биде конструктивен а не да се бара само начин да се извртат работите со цел да се оцрни или плаче и плука ..
Знаеш,само навидум работите мрднаа од “мртва точка“,инаку се далеку од некое позитивно поместување.Чекањата по шалтери лесно можат да се средат со 500 евра пари кој ќе ги дадам некому да ги заработи затоа што тој ќе чека наместо мене,со полномошно.Ама другиве работи не само што не се мрднати од мртва точка,туку се тргнати во негативна насока,таков е примерот со трошоците за вода и струја,со плати за работниците и со скапата урбанизација на индустриското земјиште кое е многу тешко и да се приватизира во вакви услови.Значи не вредат сите “помпи пред јавноста“ дека нешто се придвижило во позитивна насока кога ова што е најбитно за привлекување странски инвестиции оди во негативна насока,зошто вода и струја ќе треба да плаќам цело време,а сопственоста ќе ми биде сигурност за мојата инвестиција.:toe:

Имаме АБЦ и можност за подобро утре и компаративни рпедности по однос на нашите соседи.. еве слободните зони немаат проблеми со катастар, државата се обврзува и инфраструктура да обезбеди до објектот во зоната а имаме најефтина струја во европа фискалните повластици се фантастични (реинвестираната добивка е мај фејворит од аспект на странски инвеститор)..за водата најискрено и несум запознаен .. во секој случај доколку сте странски инвеститор Ви стојам и јас и верувам и многу други од форумов со широки насмевки крајно љубезно со гордост да Ви посветат максимално внимание и да ви посочат на уште повеќе предности и убавини како на оваа земја така и на овој прекрасен народ кој живее во истата :)
Зар веруваш дека имаме најефтина струја во Европа?Па секојдневно сум во контакт со странци и знам колку е цената на киловат,скоро низ цела Европа,верувај дека сме најскапи кога ќе ја погледнеш цената на сметката поделена со потрошените киловати струја за индустрија.
Истото важи и за водата,за која кога му кажав на еден потенцијален инвеститор дека е 1 евро од кубик,не ми веруваше дека толку скапа вода за индустрија може да има некаде освен во Сахара,ама и таму според него била поефтина,барем во регионите каде може да се најде.Не помогнаа ни моите насмевки и уверувања дека еден ден состојбите ќе бидат подобри,а индустријската зона во Скопје не е во мој,но не е и во интерес на ни еден странски инвеститор со кој сум контактирал.Таквите инвеститори им ги оставам на Гвујо и владата но и на по некој среќен и насмевнат Скопјанец,каде невработеноста е 10%,додека во Прилеп е 50%.:toe:
 
Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
Abc neznam najiskreno ne sum zapoznaen so cenite.. no znaes deka se slozuvam i zastapnik sum za idejata za nuklearka bez ogled dali ke se invetira tuka ili za nuklearka vo stranstvo bez ogled na kritiki ili negativni poeni odma bi vletal vo takva investicija.. nesto ko da procitav denovive nekoja strategija od manu izleze za energetikata ama znam deka i ti imase nekoj proekt ko da pravevme porano muabet zatoa.. a mozeme i sega ama na druga tema il podforum se mi se cini deka otidovme predaleku oftopik od ovoj naslov ko da mi zamirisuva na nekoj ban :D
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Лошо лошо што стана со паролата кој ќе го фатиме ќе плати, нема да го спаси ни партија ...
Ако има вистина во текстов, а прилично веродостоен ми изгледа треба нешто нашиот ценет премиер да преземи во врска со тоа. Оти кога ќе се разбудат луѓево од апатија и решат да превземат нешто, тоа нешто ќе биде слично како што грците ја запалија и искршија Атина :toe:.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Лурц неспорно е дека и ти и АБЦ сете во право.. но неспорни се работите што се превземаат на ова поле.. факт е дека здраво се намалени гужви пред шалтери и дека времето е скратено сега да му е**м матер не се решени сите прашања ама се работи под полна пареа .. исто како што си во право и за судството.. ете тоа е независно демек.. а чепнеш и најосновна мерка одма вриштат по сите еу порти па пенали.. ..
Јас незнам.. можда јас лошо се изразувам или неуспевам да ја доловам мислата што сакам да ја пренесам тука.. НЕ Е и неможе се да биде розово ама евидентно е дека некој дава се од себе да ги мрдне работите од 15 годишна мртва точка ГИ МРДНА многу нанапред.. и треба под притисок на јавноста да се рабопти бидејќи за тоа е избран и платен.. ама треба и да се биде конструктивен а не да се бара само начин да се извртат работите со цел да се оцрни или плаче и плука ..
Несомнено си паметен дечко,тој дел сакам да го нагласам,пред да продолжам со реплика.
Зошто мислиш дека ние овде сме негативно настроени ако ни се случуваат реформи во државата?Кој во оваа земја не би се израдувал на нешто добро,освен оние што се задолжени за плукање на противникот?Не е проблемот дека ги мрдаат работите,проблемот е што економски неоправдано ги мрдаат.Ниту еден,па и оние од ракав што ги кажа не се имплементирани целосно,ни еден проект не е издражн и поткрепен,не е целосно осмислен,не се разгледани последиците.Кажав и во друга тема,во министерство за правда прават закони по два месеци кои знаат дека ќе паднат на уставен.Тоа е наредба од горе и така ќе прават.Можеби сакаш реформа по реформа да ги разгледаме од економски аспект и од она што е на терен.Многу добро звучат,тоа го признавам,но колку лошо се имплементирани,тоа го знае и мало дете.Сакаш да ја разгледаме компјутер за секое дете?Па таа реформа не чинеше милиони,а колку добро звучи као да сме америка,иди види по школите како е,јас секој ден сум во различно школо во Македонија,јас немам видено некаде да функционира.И не е ова дека сум негативна,туку тоа е на терен,нема проф што знае да уклучи компјутер,нема ни Р од реформата на хартија.Само да ја кажат сумата на обука на професорите,па ќе ни се сврти памет.
Имаш право дека се движат работите,но грешиш дека ова е начинот за напред,јас мислам дека назад одиме во минус:smir:
И зошто фановите на ВМРО ги нема во подфорум економија?
 
N

n/a

Гостин

Од А до Ш го копирам мислењето на Leandra .
Тотално се согласувам.

Дај бе... кажи дека ДеПеБеНеО направиле некој динар...
не дека бесцелно потрошиле милиони и не увалиле у дугови.
Тоа и Муто да го пуштам, и он знае.
 
N

n/a

Гостин
Затоа што комити се луѓето, а не бакали и трговци :).
:pos2::pos2::pos2:
Мора да ти признаам дека ова беше смешно.
Тажно-смешно.
Многу такви `комити` ми се собрале у Македонијава, од таму проблемот.
И дур не искочи еден ваков да ги учи и тепа со стапче...
нема куртул.
:salut:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Па таа реформа не чинеше милиони,а колку добро звучи као да сме америка,иди види по школите како е,јас секој ден сум во различно школо во Македонија,јас немам видено некаде да функционира.И не е ова дека сум негативна,туку тоа е на терен,нема проф што знае да уклучи компјутер,нема ни Р од реформата на хартија.Само да ја кажат сумата на обука на професорите,па ќе ни се сврти памет.
Имаш право дека се движат работите,но грешиш дека ова е начинот за напред,јас мислам дека назад одиме во минус:smir:
И зошто фановите на ВМРО ги нема во подфорум економија?
Многу интересен момент е ова "само да ја кажат цената..." многу од тие цени не се објавуваат воопшто во јавност како што е случај со рекламните кампањи. Можеби во некои гласила или на сајтовите на одредени институции, но во сето ова јавноста нема увид, нема воопшто податок. Доколку пред извесно време медиумите не објавија колку се троши на експерти за привлекување странски инвестиции (а кога го прочитав-не се сеќавам каде-ми се заврте во глава каква молзница сме ние), немаше ниту тоа да се знае. Ако пак овие експерти работат според постигнати ефекти, тогаш не би требало ниту денар да земат. Во она што е погоре напишано би додал и транспарентност и отчет. На пример како за спомениците, да се каже дека толку кошта, но да са образложи и зошто. Сепак не се тоа набавки на хартија и тонери (каде исто така се одлеваат добри суми) за да се занемари ефектот врз буџетот. Би додал и нелогичноста на трошење на огромни суми кои можеа да се усмерат во стопанството. Наместо значи засега не-неопходни и непродуктивни проекти да се напумпаа фирмите каде доминира државата, во истите тие фирми (па и она што Леандра спомена за земјоделскиот бизнис во друга тема) експертите за привлекување странски инвестиции ќе ја завршеа работата подобро за Македонија, ако се заземеа за склучување договори за пласирање производството, за отворање нови линии...Најбитно е освојување пазар и задржување на истиот.

А да не зпомнувам дека со тие 8-10-18 милиони евра да се купеше некој акцелератор, некој скенер...многу голема работа ќе се завршеше во онкологија. Дефинитивно парите течат во погрешен правец.

Има како и има каде, секако не сум запознат со се, но и ова малку ќе помогнеше да застанат на нозе одредени гранки и фирми и ќе помогнеше да се зајакне барем здравството-основата на секое општество.
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Еве денеска имав пример, ми доаѓа човек разочаран.
Вели не ни го почнав објектот а веќе 120000 евра ми отидоа на давачки.
Што доби му велам за тие пари.
Добив, си платив + 3000 евра приклучок за вода и незнам колку за струја.
Една пустелија која до вчера каде се плаќаа давачки не повеќе од комунална такса од 500 евра дојде да биде 20еур/м2.
Се изградено од приватните инвеститори, од водовод, канализација, пристапен пат, трафостаница(поздрав до ЕВН) нит држава, нит општина, ништо.
Тоа е суштината, другото е што би било кога би било.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
Па според приложеново, текстот е многу препознатлив и по стар терк. - шаблон:

станува збор за ЕДЕН Директор, на една Спортска сала, во еден град, во една држава

станува збор за еден председател на ЕДЕН управен одбор, на една спортска сала, во еден град, во една држава,

станува збор за еден председател на коалициона партија во еден град

станува збор за еден привремен Градоначалник ... итн...

Муабетв ми е..

Се додека зборуваме со овој ПОТРОШЕН речник. Ништо работа...

Зато и беше поставен од моја страна така постот, мислам дека ако некој има докази или сомнежи треба ЈАСНО и ГЛАСНО да ги искаже...

тое ми е муабтов..

Ај погоди зошто човек зборува со речник на едно минато време, време на комунизам и една партија?
 
Член од
10 ноември 2008
Мислења
21
Поени од реакции
3
Портокалов криминал, зелен, жолт, ја имало и ке ја има одсекогаш. Од луѓе кои што немаат некаква повисока цел во животот, кои што немаат некој идеал заради кој би вредело да жртвуваат нешто, не знам и што друго би можеле да очекуваме?!!
Јас, дури и би се изненадила кога не би постоело криминал во нашите мили партии, па се додека ја има покажува дека барем се трудат да го задоволуваат своето его.
Секој втор човек во власта, и опозиција, се луѓе кои што ФУНКЦИЈАТА ја сфаќаат како место каде што ќе можат да ги лечат комплексите од младоста.
Порано се велеше дека Респектот кон некоја ФУНКЦИЈА, зависи на крајот на краиштата од можноста да му служи на општеството, a денес, па денес заради тоа глеам околу мене само луѓе разочарани, и изморени од секојдневната ефтина политика, која се игра на нивен грб, додека респектот одамна престанале да го залужуваат...Секое утро, се будиме со нова надеж, со надеж за подобар ден, но ноќта, ноќта повторно не враќа во прегратките на безнадежта :(
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
Јас незнам.. можда јас лошо се изразувам или неуспевам да ја доловам мислата што сакам да ја пренесам тука.. НЕ Е и неможе се да биде розово ама евидентно е дека некој дава се од себе да ги мрдне работите од 15 годишна мртва точка ГИ МРДНА многу нанапред.. и треба под притисок на јавноста да се рабопти бидејќи за тоа е избран и платен.. ама треба и да се биде конструктивен а не да се бара само начин да се извртат работите со цел да се оцрни или плаче и плука ..

Реално brainbug, ние немаме реалноста. Едниствено што се работи во моментов е стварање на Matrix свет во кој ни се прави илузија дека животот ни станува подобар.

Да си бидеме начисто, народот не е глуп, на крајот од денот ќе види колку пари има во џебот, оваа Власт има толкава поддршка од гласачите, само заради ставот за ИМЕТО и слабата опозиција од другата страна.

Регулаторната гилотиња е можеби единствената добра реформа на оваа Власт, сите останати се или маркетинг и без потребно трошење на пари или целосно промашување со недоволна имплементација, како на пример компјутер за секое дете.

Ако сакаш реални работи, што треба да се направат еве ти батка

Paypal
Paypal
Paypal

и за праќање и за примање на пари.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom