„Република Македонија (Вардар) - прифатливо име“

Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
4.06.2009 19:45
Ристо Никовски
Република Македонија (Вардар) е име прифатливо за еден од луѓето кои го советуваат шефот на државата.
Ристо Никовски, поранешен амбасадор, сега во Кабинетот на Иванов во интервју за А1 вели дека термините „Горна“ и „Долна“ се апсолутно неприфатливи за Македонија бидејќи ќе предизвикаат разнебитување на македонскиот народ.
Имавте ригиден став дека сте апсолутно против промена на името, името на пример Северна Македонија, или против името Република Македонија (Скопје). Против географска одредница сте, која пак, за Грција е апсолутно единствено прифатлива. Се уште ли го имате овој став?
- Прво, ригиден став, не е соодветен на она за што јас се залагам. Второ, јас се залагам апсолутно за компромис, бидејќи компромис е неизбежен. Мора да води сметка за интересите на двете страни, меѓутоа пред се за нашата, бидејќи кај нас е се доведено во прашање доколку се оди на решение кое ќе значи, де факто, разнебитување на македонскиот народ.
Можеби сега е пореално да одиме со Република Македонија (Вардар) и дури сум напишал дека ние се сметаме за Вардарска Македонија, имаме песна „Ој Вардаре“ итн., меѓутоа, ако се дојде до такво решение што ќе биде пак само за надворешна употреба без да се менува Уставот, дури и да се смени Уставот со такво нешто, но без никакви други ограничувања.
Ние после да си останеме Република Македонија насекаде на конференциите, дури и да го ставиме во Уставот Република Македонија (Вардар), де факто тоа ништо не менува, ништо апсолутно, само е една додавка од географија.
Јас тоа би го прифатил, под еден единствен услов - дека тоа е само за надворешна употреба, без никакви ограничувања - Македонци, именки, заменки. Таков мандат нема никој, Северна, Горна, Долна се апсолутно неприфатливи, бидејќи тие водат кон разнебитување на македонскиот народ.
Тоа го кажавте на 18.05.2009, додека на 08.07.2008 рековте дека е понижувачко, навредливо и недостоинствено името Република Македонија (Скопје), во колумна во „Дневник“. Значи ли тоа дека ќе го советувате Претседателот за ова име со додавка - Република Македонија (Скопје) или (Вардар), како што за вас е прифатливо.
- Што ќе го советувам јас Претседателот не е најклучно, изборот е негов.
Многу е важно за транспарентноста.
- Јас мислам дека е поинтересно за јавноста да се обидеме да ја анализираме состојбата со името.
Но, многу е важно за јавноста да објасните што точно би го советувале Претседателот.
- Не можам да го советувам Претседателот нешто друго од она што го мислам, но изборот е негов, се разбира.
Во вашите колумни многу често потенциравте дека не ни треба НАТО (15.01.2008), во контекст на промена на името сте против НАТО; изјави дека без НАТО земјата нема никакви перспективи се неодговорни (29.03.2008); членството во НАТО и ЕУ нема да ни ги реши проблемите, всушност нашиот клучен интерес е ЕУ, а не НАТО, улогата на НАТО и потребата е релативизирана, и ако останеме подолго без НАТО ќе опстанеме (08.07.2008).
- Тоа се точни цитати.
Ова ли е советот за Претседателот, дека НАТО не ни е потребен, дури ни ЕУ?
- Ако целата задача членство во НАТО е разнебитување на македонскиот народ, јас сум апсолутно против тоа.
Но, вие ова го ставате во контекст на промена на името, а претходно рековте дека промената на името е неизбежна, дури имавте и решенија.
- Не, тоа не е промена на името, промена на името е Северна Македонија, промена на името е Горна Македонија. Додавката (Вардар) или (Скопје) е само едно допрецизирање.
Целото интервју со Ристо Никовски погледнете го на видеото.

link :http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=110027
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Одма у СОРОСОИДИ.

Сместа!!!

Линк на потписот.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
opipuvanje na pulsot i reakciite na narodot..tipicna manipulacija so narodot
Јас би рекол спремање за референдум, односно за промена на името како сака може да го дефинира тоа овој експертов.
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
opipuvanje na pulsot i reakciite na narodot..tipicna manipulacija so narodot
Точно. За првите предавници знам, нели Сорос ги плаќаше :toe:
Ама не ми е јасно кој ги плаќа овие новопечениве.

Мислиш дека имаат некаква директна врска со Грција или Франција ?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Јас сум со истиот коментар како и во темата што отиде во канта

Почнаа советниците да го одработуваат „разумниот’’ компромис.:kesa:
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Јас би рекол спремање за референдум, односно за промена на името како сака може да го дефинира тоа овој експертов.
ovoj ekspert e sovetnik na razumniot Ivanov i osobeno falen i i duri i predlagan od ABC i nekoi clenovi kako najdobro resenie za pregovarac :tapp:
 
Б

Бат Елохим

Гостин
ајде почело је. еден по еден ќе чатат сега. можам да замислам по една недела на ТВ што ќе биде. само предлози ќе излагаат, а ние јадните ќе треба да го избереме демек тоа што највеќе ни се бендисува.:tapp:
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Наградно прашање од 1 000 000 драхми кое име е прифатливо за референдум?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
687
Поени од реакции
662
Благодарам за предлогот, ама НЕ, НЕ и НЕ.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
не да е не него не знам. ми се преврте во стомак кога го прочитав. Многу конструктивни нема што....
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Точно. За првите предавници знам, нели Сорос ги плаќаше :toe:
Ама не ми е јасно кој ги плаќа овие новопечениве.

Мислиш дека имаат некаква директна врска со Грција или Франција ?
so Severna Koreja :)

sala nastrana ..sega gledam deka na referendumot sami ke si go napikame kako sto si go napikaa 500 milioni Evropejci(bez Irska koja ja nateraa da napravi pak referendum za istoto prasanje :pos: ) so potpisuvanje na Lisabonskiot dogovor.Mozebi ke imame poveke referendumi za poveke predlozi :pos2:
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Ако некад на вести чуете дека има нов предлог од Нимиц...
Република Македонија (Шмек)...да знаете дека Дора Бакојани е шмекната од мене.
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Во последната реченица човекот сака да каже дека ние нема да го менуваме името туку само ќе го допрецизираме. !?????!!! Ептен нов пристап ова.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom