Агробизнис

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Зар не гледаш дека е генетски модифициран бе,како помислуваш да го јадеш,ќе ти пораснат пердуви.:smir:
ABC...na sto be ti rabotis???sto koristis kako gorivo, mazivo??? kakvi toa domati glockas??? :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Зар не гледаш дека е генетски модифициран бе,како помислуваш да го јадеш,ќе ти пораснат пердуви.:smir:
ABC...na sto be ti rabotis???sto koristis kako gorivo, mazivo??? kakvi toa domati glockas??? :)
:pos2::pos2:

Стварно АБЦ што јадеш? Домашни?

Инаку за генетски модифицирани...тој збор е генерално земен да ги плаши луѓето пошто секој хибрид е генетски модифициран, а и домашните или диви сорти (не домати, сите производи) подлегнуваат на постојана генетска модификација. Но едно е природна, друго е вештачка модифицирана храна и...разлика има и кај хибридите хибрид од кои сорти...со кои особини, а хибридите патем се одамна во употреба-многу децении наназад така да сите до еден јадеме хибридна храна.

Тоа ти е исто како на етикета на зејтин од сончоглед кога пишува без холестерол WTF... па сончогледот ниту има холестерол...ама како добар мамец кај неинформираните...функционира :wink:

Btw јабучарот е автохтона сорта домат...така да хормонски модификации или не знам какви денешницава што ги прават, нема.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193

Еве се расправаме со стариов,денес собрал во дворов 20тина домати по кило има еден,му велам во иднина да одбира семе за помали,оти ако го пресечеш барем цел да го изедеш.Овие нараснале по цело кило и сите одеднаш стасуваат ебаго.Ќе мора пак да се малтретира женава и годинава да правиме 50 литри кечап како лани,од 20 квадрати домашни домати,па густини,па оригана,па шеќер,па сол,абе малтретирање живо.Па одиме по роднини и собираме соодветни лепенки за шишиња,оти децава не јадат ако не бил од Витаминка,ви велам живо малтретирање,а не ми се фрлаат толку квалитетни и крупни домати,и без грам вештачки ѓубрива и пестициди.:toe:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Лозарите утре на протести

Лозарите утре на протести

Лозарите утре излегуваат на протести, секој пред визбата каде што го предава грозјето. Протестот почнува од пред винарската визба „Тиквеш“ во знак на незадоволство од објавените ниски откупни цени.
Не помогна ни денешната средба со винариите во Министерството за земјоделство. Иако визбите ветиле дека грозјето ќе се откупува по ланските цени, лозарите не веруваат се додека таквите цени не се истакнат.
Велат дека Вранецот, кој сега се бере, се откупува по 7 до 11 денари за килограм, а лани се откупувал по просечна цена од 12,5 денари за килограм.
„Ланската година „Тиквеш“ имаше едни цени, од 20 шеќерни единици беше некаде 12 денари, а сега со 20 шеќерни единици имаш 8 денари цена. Ги повикуваме сите лозари од Македонија коишто се занимаваат со лозарство, пред сопствените винарски визби коишто ги имаат во сопствените региони, да го изразат незадоволството со бојкот и штрајк и да не берат моментално грозје“, рече Љупчо Аризаов, „Агротиквешија“.
И винариите излегоа со свои аргументи за висината на откупните цени. Дел од нив, кои за 1 денар ја намалија откупната цена од ланската, велат дека се подготвени да преземат големи количества на грозје.
„Оваа година пред се треба да преживеат и лозарите и винариите, така што трендот на паѓање на цената на виното во Европа придонесува да паднат цените на виното во Македонија. Ние сме винарска визба која веќе има потпишано извозен договор за вино, нашите партнери не притискаат за пониски цени заради големата конкуренција на европскиот пазар“, вели Зоран Даневски, А.Д „Џумајлија“.
Во меѓувреме, вратите за извоз остануваат отворени и веќе има заинтересирани странски откупувачи.
А, министерот за земјоделство Димовски, пред Владата ќе поднесе предлог субвенцијата наместо по килограм да биде по хектар, за субвенција да земат и лозарите што грозјето ќе го дадат на странските трговци.

http://www.time.mk/read/110e557916/89f7af379f/index.html
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Како бе така по хектар субвенции,па кој ќе му ги полни визбите на Дон Свето и “браќата“?:smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Во меѓувреме, вратите за извоз остануваат отворени и веќе има заинтересирани странски откупувачи.
А, министерот за земјоделство Димовски, пред Владата ќе поднесе предлог субвенцијата наместо по килограм да биде по хектар, за субвенција да земат и лозарите што грозјето ќе го дадат на странските трговци.
Малку чудно е што секогаш во екот на берба и откуп, секогаш овој период ќе се заангажира министерството. Наместо напролет кога може комотно да се ангажира, исценка за субвенции...стихијна активност која не би требало да е таква :toe:
Додуша сирот, на тв не знаеше да каже 2 збора за рибниот фонд во Охридско езеро, но тоа е, судба :wink:
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Btw јабучарот е автохтона сорта домат...така да хормонски модификации или не знам какви денешницава што ги прават, нема.
Мала корекција - автохтона популација. Сорта е друга биолошка категорија.:smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Мала корекција - автохтона популација. Сорта е друга биолошка категорија.:smir:
Не се тие домашни интродуцирани сорти?
Мада...цвеќароградинарство немам учено, ова ми е претпоставка, а башка 20 години вон земјоделие чуда прават од моето сеќавање за поими :)
Така барем во одредени проектни документи ги насловувавме.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Не се тие домашни интродуцирани сорти?
Мада...цвеќароградинарство немам учено, ова ми е претпоставка, а башка 20 години вон земјоделие чуда прават од моето сеќавање за поими :)
Абе домат си е домат ебаго,важно е да биде вкусен а големината е најмалку битна,барем за мене.:toe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Хаха, да. Нека се вариетети, подвидови...битно да се вкусни. А не денеска се з. со гумени домати...као гумени бомбони, јакнеш вилица...хм, кога мене ме праќаат на пазар ете што бива :wink:
Лошо е што на пазариве нема декларации, не знам дал е тоа можно да се воведе кај нас.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Хаха, да. Нека се вариетети, подвидови...битно да се вкусни. А не денеска се з. со гумени домати...као гумени бомбони, јакнеш вилица...хм, кога мене ме праќаат на пазар ете што бива :wink:
Лошо е што на пазариве нема декларации, не знам дал е тоа можно да се воведе кај нас.
Остај,уште тоа им фали на земјоделциве,па кога ќе појдеш на пазар му велиш дај четврт од оној Турскиот домат и половина од овој Струмичкиот,а може другиот пат ќе земам и цел,ако е вкусен.:smir:
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Малку чудно е што секогаш во екот на берба и откуп, секогаш овој период ќе се заангажира министерството. Наместо напролет кога може комотно да се ангажира, исценка за субвенции...стихијна активност која не би требало да е таква :toe:
Додуша сирот, на тв не знаеше да каже 2 збора за рибниот фонд во Охридско езеро, но тоа е, судба :wink:
.................навистина бе....до сега толку години не видов ни еден асален политичар, со култура, став, концепт......добро бе, до толку ли сме народ за никаде, или сите оние ЗА НЕКАДЕ ..се веќе во тоа НЕКАДЕ, останале само такви политикантски лигуши????
Или се работи за неверојатен конформизам на народов, спремен да изгуби и глава од насилни кретени , ама ни со прст да мрдне да се ангажира да го смени тоа...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
.................навистина бе....до сега толку години не видов ни еден асален политичар, со култура, став, концепт......добро бе, до толку ли сме народ за никаде, или сите оние ЗА НЕКАДЕ ..се веќе во тоа НЕКАДЕ, останале само такви политикантски лигуши????
Или се работи за неверојатен конформизам на народов, спремен да изгуби и глава од насилни кретени , ама ни со прст да мрдне да се ангажира да го смени тоа...
Хехе, као површина на езеро, поарно да не се бранува, фино изгледа, мирно...бајка нели:smir:. Пошто секое бранување носи бран кој удира на брегот и ја носи енергијата на тој бран назад-ова некој физичар би знаел како да го нарече...инаку воглавно секое ефектуирање носи и контраефект. Дури и да не носи, сепак подобро е така, да се изживурка мандатот, без главоболки...во смисол зошто да работам кога и вака плата (и некои други бенефиции) ми иде :)
Ова го кажувам за министрите за земјоделство и самото министерство...кои и покрај многуте проекти (поголеми, помали, кратко и долгорочни) не направија ништо (ако и направија мал процент, тоа е мал процент, т.е. пак ништо генерално) освен што се остана на проект. Лесно беше со агрокомбинатите, сега со малите земјоделци многу тешко се снаоѓа државниот апарат. И многу тешко средствата (или макар бенефитите во вид на проект-документ рекомендејшн-и) од проектите се пробиваат до оние кои го формираат земјоделскиот сектор-земјоделците. Обично заглавуваат во набавки, тендери, канцеларии за проектот, плати и патувања, семинари...

Хм, што стана со винската карта на Македонија, регистерот на лозја, регистерот на говеда, матична книга...дали се формирани, ажурирани, достапни за јавност-во агрегирана форма се разбира? Некоја корист да се види од истите.:toe: не знам, ја барем не сум информиран дека се функционални и ажурни. Едино можеби регистерот на говеда е некако воведен во ред, мада не сум сигурен...

Ах, агробизнис. Фино звучи но поарно е, понашки да кажам примарно земјоделско производство и преработувачки сектор :)
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Абе домат си е домат ебаго,важно е да биде вкусен а големината е најмалку битна,барем за мене.:toe:
Зависат многу работи за вкусноста на доматот, прво сортата од пазар ако го купиш има да ти дадат од тој што е со жила и има вкус на тиква, друго дали е растен под најлон или на сонце, првиот има вкус на пластика, потоа ѓубривото, подобар вкус имаат тие со арско отколку со вештачко.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Зависат многу работи за вкусноста на доматот, прво сортата од пазар ако го купиш има да ти дадат од тој што е со жила и има вкус на тиква, друго дали е растен под најлон или на сонце, првиот има вкус на пластика, потоа ѓубривото, подобар вкус имаат тие со арско отколку со вештачко.
Во Јануар ми се вкусни сите,доколку цената им е пристапна.Проблемот кај нас е тој што имаме огромни разлики на цени во зависност од периодот на понуда.Земјите низ ЕУ тој проблем го немаат во толкав обем па цените на земјоделските производи се приближно исти преку целата година,се разбира и квалитетот е стандард,без некои поголеми варијации.:toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom