ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Не сакале “трефче“ туку кромид,оти секоја година земјоделците се бунат како не можат да продадат огромни количини,па фрлале шлепер-два во Црна.Беа делегација стопанственици од Германија,па имав улога на преведувач.Каде, во кои земји? Можеби било од балканско/македонско производство. Сепак тоа е твое мислење. Инаку колку за пример...изгледот на големи и јадри производи, како се добива?
Конкретно има, на пример паланечко или кратовско, има органско производство на компир (има и кичевско за печурки). Но тежок е пласманот, најчесто се продава како редовно произведен. Сигурно има и други, но тоа некој што е повеќе запознаен...или гугл царот. За органско производство трошоците се превисоки за овој наш стандард, башка сертификати за од почва, преку семенски материјал до заштитни средства.
А за тутун, без пестициди тутунот не успева, кај него нема органско произведен тутун. Кокцинелата (кај нас позната како буба мара) и сличните тешко ќе опстанат, за тутунот..тој самиот е отров.
А за јаболката може да се користи и органска заштита, но дали ќе можеш да ги купиш.
Значи кога гледаме дека тие земји се позагадени, дека повеќе фрлаат пестициди по хектар -еве и линк, да не збориме постојано на памет.
http://dataservice.eea.europa.eu/atlas/viewdata/viewpub.asp?id=2754
каде вели
Вкусот...колку сончеви денови има во годината една горна земја и една Македонија? Колку сончеви денови му е потребно на овие производи?
А за квалитетен сооднос на материите и вкус на производот многу се битни овие работи -почва, пестициди, сончеви денови, врнежи. Има и други, овие се меѓу побитните.
А за ексју...ако си бил доволно во години да видиш каде одеше производството на градинарски, индустриски...и други култури, ќе знаеше. Цело производство беше апсорбирано од нивите. Зошто сега не се произведува (или во многу мали количини) афион, сончоглед, памук...индустриските замреа. Зошто порано не беше проблем за зеленчукот да се продаде...доколку велиш дека само бостан сме извезувале како република...но комент. Едно време извезувавме и цигари...се додека не ни дојдоа директори на тутунските кои сакаа да ги купат за багатела.
Погоре прочитав и за Алди, Лидл..некое од нив. Дошле на нива во селото...Ако се до толку глупи Како може фирма од тој калибар без да погледне податоци од статистика, Еуростат, министерство за земјоделство и економија...без тие параметри да дојде во некое село во некоја држава и да прашува за капацитет на производство. Мислам дека или се зезале или ...го пратиле чуварот на една од продавниците да прошета низ Македонија Да не сакале тревка да садат (маре рулз).
Тоа беше лага бе,една голема шарена лага за тоа како Македонија е регионот кој треба да ја храни Југославија.И тука наебавме,ништо од индустрија не се изгради освен неколку енормни загадувачи за кој никој не беше заинтересиран да му се градат во дворот.Топилницата во Велес дури и намерно беше лоцирана пред Вардар да се влее во градот,што представува криминален акт против граѓаните на Велес.Neemo.... постот ти е премногу трагичен за да биде вистинит , ти препорачувам помалку да гледаш филмови со научна фантастика.:pos2::pos2::pos2:
ABC... македонија е земјоделко опшество исто беше и во екс YU, република која југословенскиот пазар го снабдуваше со земјоделски производи а за возврат добиваше електрични апарати од словенија ,србија , хрватска, како републики кои им беше основно производство да не речам, исто така хрватска и словенија од македонија земаа како полу производи вино, доматно пире и ред други полу производи па нам ни ги продаваа како финален производ, едно упоредување за еден камион од 20 тони црвен пипер добиваме 2 ТВ во боја од словенците па ти види, виното го земаа во цистерни а ни го вракаа флаширано како словенсо на пр. вино ВРАНЕЦ.или да земеме друг пример доматното пире кое во главно го земаа словенците,и ни го вракаа како готов производ под името ТОМИ КЕЧАП, во тегла или туба......
Приказните дека ние им даваме доматно пире на Словенците,а тие ни продаваат кечап,беше само приказна оти Македонски кечап има и пред Словенците да ни продадат.Фабриката Фруктал дури и отвори погон во Скопје за производство на сокови,а Колинска погон во Прилепска Витаминка,за мајонез,еурокрем,зачини и кечап,па не се будали да плаќаат толкави плати кога можат истиот производ да го продаваат во Словенија и цело ЕУ,произведен во Прилеп каде платите се само по 200 евра,или најмалку 5 пати пониски одколку во Словенија.Виното во цистерни е засебна приказна,затоа што во Германија имам купувано вино под името Кадарка (произведено во Македонија според етикетата) за само 1 евро од литар а полнето во Унгарија,додека Шпанско и Португалско имаше и поефтино.