Селам Musab!
Исус е и БОЖЈИ пратеник и тоа Тој пратеник што беше а и ќе се појави како вистински последен !
Исус е најголемата случка што се случила и што ќе се случи од постанувањето до крајот на светот !
Јас се поклонувам само пред Тој АЛАХ што е во Живата Каба ( ИСУС) и не се страмам од тоа!
А што е со тебе Musab? Што тие тебе поважно: БОЖЈАТА Милост отелотворена во Исус или меканскиот камен?
Слеам!
Поздрав и на тебе Спирос
Искрено ме изненади посебно болдираното. Брате ,како што знаеме двајцата Аллах џ.ш или Бог е Семокен .А очигледно Исус како што го знаеме од Библијата не е ни Семокен,знаењето му е ограничено не може да одлучува што сака ,не може да прави чуда кога сака итн. Значи на кратко Тој нема никакви својства на Бог и пази потенцирам спрема Бибилијата. Но пред тоа за тие што не знаат,за нас муслиманите Иса а.с (Исус) е еден од поголемите пејганбери ,има посебно место во Исламот ,ние го сакаме ,ние го почитуваме .Ние го сметаме како Божји посланик ,претпоставуваме дека има околу 79 ајети во врска со Иса а.с (Исус) и имаме цело едно поглавје за Неговата чесна мајка Мерјем (се вика поглавјето) Марија .Еден од тие што нас не интересира во темата е Ниса 171:
171. O sljedbenici Knjige, ne zastranjujte u svome vjerovanju i o Allahu govorite samo istinu! Mesih, Isa, sin Merjemin, samo je Allahov poslanik, i Rije~ Njegova koju je Merjemi dostavio, i Duh od Njega; zato vjerujte u Allaha i Njegove posalnike i ne govorite: "Trojica su!" Prestanite, bolje vam je! Allah je samo jedan Bog, - hvaljen neka je On! – zar On da ima dijete?! Njegovo je ono {to je na nebesima i ono {to je na Zemlji, i Allah je dovoljan kao za{titnik.
Значи се однесува на вас како следбеници на Книгата кој му е дадено на Иса а.с (Исус) и каде јасно се потенцира да не велите дека Тој е Бог или Божји син , а ако викате така ке имате последици каде самиот Исус во судниот ден ке ви рече дека така не ги учев моите следбеници е овој ајет:
172. Mesihu ne}e biti zazorno da prizna da je Allahov rob, pa ni melekima, Njemu najbli`im. A one kojima bude zazorno da se Njemu klanjaju, i koji se budu oholili, Allah }e ih sve pred Sebe sakupiti
Но вие овие цитати не ги признавате, а јас ве прашав каде во Бибилијата Исус вели дека е самиот Бог и каде вели луге помолете се на мене (нели тврдите дека е Бог?) вие избегавате да ми одговорите.Вие и те како не можете да ми одговорите пошто такви цитати нема и во самата Библија ,како што немате ни наредба спрема Библијата дека треба да градите цркви и тука да се молите а и немате ништо за крстот,па и за иконите ,но вие тоа го применувате кои сигурно нема во Библијата,е сега ако некој има да ми насочи зошто е тоа така јас би сакал да добијам одговор. Пазите нит имам намера некого да навредам ,нит да омаложувам едноставно барам одговор ,и треба да знаеш дека имам почит кон христијаните.
Но да не тупам многу да видиме ШТО САМАТА БИБЛИЈА КАЖУВА ЗА ИСУС (значи мојата претпоставка е дека вие не се придржувате на самата Библија,ако грешам поправите ме)
Марко
9 И во тоа време, Исус дојде од Назарет во Галилеја, и Јован Го крсти во Јордан
10 И веднаш, додека излегуваше од водата, виде: како се отворија небесата и Духот како слегува над Него како гулаб.
11 И се чу глас од небото: „Ти си Мојот возљубен Син; во Кого Ми е милината!”
Спрема објаснувањето овде,не се знае зошто но Јован го крстува Исус и на крај слушал глас од небото :
Јован
34 И јас видов и сведочам дека Тој е Божји Син.”
Овде сведочува дека Исус е Божји син.Сигурно овде ,кои ги рекол овие зборови ,и гласот кој го чул од небото со Јован би требало да бидат и сведоци неговите ученици.Но овде ,објаснувањето ке биде тешко има еден контрадикторност.Тоа дека Јован ги прака своите ученици кај Исус и ова прашање го поставувал:
Матеј
2 Кога Јован чу во темницата, за делата на Христос,
испрати двајца од своите ученици,
3 и Му рече: „Ти ли си Оној, Кој треба да дојде, или да очекуваме друг?”
Значи на кратко: самиот е сведок а прака ученици ,нема никакв реакција ,кога Јован самиот го крстува Исус па и чак слуша глас од небото а поставува вакво прашање? И наставуваме:
Јован
6 Се јави човек, испратен од Бога, по име Јован.
7 Тој дојде за сведоштво, за да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него.
Иако дошол да сведочи ,испага дека не успеал затоа што не бил сигурен во Исус и ги прака своите ученици.Учениците ги прака кај Исус такво прашање да постават
да Јован 34 И јас видов и сведочам дека Тој е Божји Син.” Е доказ дека овој збор не е негов.Така или вака овде
Јован
1 Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог.Од двете едниот збор на авторот не можеме да ја прифатиме,значи не е ли доказ дека еден збор ако е неприфатлив ,и целата книга е грешка?
Јован
18 Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот СинБог, Кој е во прегратката на Таткото, Тој Го објави.”
46 Не дека некој Го видел Таткото, освен Оној Кој доаѓа од Бога, Тој Го видел Таткото.
Излез
20 А ти - додаде - не можеш да го видиш Моето лице, зашто човек не може да
Ме види Мене и да остане жив.
И овде контрадикторни се и самите цитати но овде сега нас не интересира што сака да се кажува а тоа дека вистинскиот Бог никој не може да ја види (има уште еден цитат мислам во Јован каде се вели дека ‘‘Никој никогаш нема видено Бог‘‘ но не знам кој број беше) затоа што кој ке ја види Бог не може да живи .Ако случајно и ако се тврди дека Исус е Бог спрема Библијата ,тогаш кој е Бог,от што лугето ако го виделе не требале да останат живи,или појасно:Спрема Библијата нигде не сретнуваме дека некој умрел поради тоа што го видел лицето на Исус.Значи треба да запазиме овие цитати Јован 6-
46 Не дека некој Го видел Таткото
, освен Оној Кој доаѓа од Бога, Тој Го видел Таткото. Моментално ако земаме во обзир дека Исус го видел Бог и не умрел ,во цитатите отворено се сугерира дека Исус дошол од Бог.Или во цитатите отворено се гледа дека Бог не бил тука или Исус не е Бог .Ако пак случајно го прифакаме Исус како Бог нели се доага до контрадикторносто со овие зборови? Јован
18 Бога никој никогаш не Го виделовие зборови треба да бидат доказ дека Исус не е Бог.
ТАТКОТО Е ИЗНАД МЕНЕ
28 Чувте дека ви реков: Одам и ќе ви дојдам. Ако Ме љубите, ќе се зарадувате дека одам при Мојот Татко,
зашто Таткото е поголем од Мене.
Исус овде вели дека таткото е поголем од него,е сега вие можете да речете дека спрема степенот ,така е дека Бог е изнад Исус ,но овде е битно за тие што тврдат дека Исус и Бог е едно ,за иста личност значи.Пак има проблеми овде затоа што Исус отворено вели дека ке оди кај Бог.Ако случајно пак тврдите дека Исус е самиот Бог тогаш не би требало да оди негде..Но пак тие што тврдат дека Исус е Божји син и спрема тоа за да докажат го даваат овој пример:
Јован
9 Исус му рече: „Толку време Сум со вас и не Ме позна, Филипе?
Кој Ме видел Мене, Го видел и Таткото; тогаш како велиш ти: ‘Покажи ни Го Таткото!’
Е сега претпоставувам што ке биде одговорот а тоа дека: Овие зборови на Исус се поради тоа што Исус моментално е во светот .Но и ова не држи ,како ке вртиш пак испага дека Исус е Бог спрема вас,значи ако Исус во слушајот да не бил во овој свет пак би бил исто со Бог ,значи без да се биде свесен се тврди дека Исус е Бог .Значи ако самиот Исус е Бог и тие што го виделе самиот Бог се поставува прашањето Излез 33-20
зашто човек не може да Ме види Мене и да остане жив. Како останале живи тие што го виделе Бог .Значи спрема сите овие цитати Исус не е Бог
Вие тврдите дека Исус е Бог или Божји син и ова ве спречува да го видите човечкиот и посланичкиот личност на Исус.Спрема мене вие и во самата Библија тоа не го гледате,еве за ова самата Библија што кажува:
Исус беше човек
Римјаните 5-
15 Но дарот на благодатта не е како престапувањето; зашто ако преку престапувањето на еден изумреа мнозина; многу поизобилно се излеа на мнозина Божјата благодат и
дарот преку благодатта на еден Човек, Исус Христос. Овде се потенцира на еден човек Исус.
Исус е Божји посланик
Матеј
57 И се соблазнуваа во Него. А Исус им рече: „
Пророкот не е без чест, освен во својата татковина и во својот дом.”
Марко
4 А Исус им рече: „
Пророк не е без чест, освен во својот роден крај, и меѓу своите роднини и во својата куќа.”
Исто така гледаме дека и другите луге Исус го гледаат како пратеник:
19 Жената Му рече: „
Господине, гледам дека си пророк.Овдегледаме дека жената му вели пророк а не гледаме нигде противење
.
Исто така понатаму истат жена :
Јован 4-
25 Жената Му одговори: „Знам дека ќе дојде Месија, Кој се вика Христос. Кога ќе дојде Тој, ќе ни објави сè.” Значи жената знае дека ке дојде спасителот ,каде треба да се запази овде дека не се споменува како спасител Бог или Син на Бог ,исто така овде Исус му одговара Јован 4-
26 Исус и рече: „Јас Сум, Кој зборувам со тебе.”
Значи Исус овде во разговорот прифака дека е посланик и спасител .Исто така Исус кој ги правел чудата лугето знаеле дека тој е посланик ,еве што се случува со човекот кој го изгубил видот а Исус го лечел:
Јован 9-
17 Тогаш пак му рекоа на слепиот: „Што велиш ти за Оној, Кој ти ги отвори очите?”
А тој рече: „Пророк е!”