Ipsissimus
P.I.
Не сум воопшто загрижен за ниедна страна, затоа што сум сто проценти сигурен дека ќе опстојат сите двојности, поларности или спротивности, без разлика како јас или ти ги перцепираме и доживуваме. Бог не е само љубов, бог е и она што најмногу го мразиш, затоа што бог и постоењето се едно исто! Злото и доброто постојат на наше човечко ниво на перцепција и контемплација, на апсолутно или ниво на апсолутот, непостои добро и зло!Се освен Љубовта нема цел.
И Ipsissimus очигледно си се определил за темната страна за која си загрижен дали ќе опстои.
Имаш погрешно сваќање мислиш дека Бог ќе го уништи сето она што е зло и сите оние
што избрале темнина.
Не тоа не е така Бог односно Љубовта само создава живот креира подарува не се
брани и одмаздува неизмерна е Неговата милост.
Она што уништува и згаснува живот она од што се плашат оние кои го избрале нечистото е
всушност тоа што тие постанале.
Злото уништува се па и самото себе затоа што таква е неговата природа и кога наскоро ќе нема од
каде да црпи енергија ќе почне да се уништува самото себе.
Хиерархијата на злото е поставена врз корист и измама сила и нечистост, зарем таков водач може да се избере во кого се е спротивно на Љубовта и животот?
Но сеуште има време за пресврт и преобразба време да прозбори нашето срце доколку избереме да
го слушнеме.
Можеби ќе разбереш дека љубовта е целта на постоењето
затоа што животот има цел да постои низ вечноста,
а злото само негира и уништува само онаму каде
што нема љубов.
Затоа што каде има Љубов нема зло, поголема сила
од Љубовта непостои.
Било кој ентитет е невозможно да се изолира од било која поларност, тоа е една работа, друга е тоа што термините добро и зло, не се нешто неменливо и идентично за сите. Тоа што за некого е добро, за некој друг е зло и обратно.
Инаку време за преобразба ќе има се додека има и време, а целта на постоењето не е ниту љубовта, ниту омразата, ниту доброто ниту злото! Целта е искусувањето и на двете поларности. Како што кажува и една стара поговорка: "Додека не ја видиш ноќта, нема да знаеш што е денот".
Во хинду религијата на пример богот Шива е еквивалент на ѓаволот од христијанството, тој е уништувачот, но хиндуизмот не само што не го оцрнува и не го прогласува за непотребен, туку напротив, го смета за екстремно битен во циклусот на постоењето. Шива е алката која уништува, за да може постојано да се создава.
Како што си имаат свои храмови и почит и останатите богови, така си има и Шива, бидејќи оваа древна религија ја сватила важноста и на двете поларности.
За да постои хармонија, мора да постои рамнотежа, а таа е невозможна со фаворизирање на една и напаѓање на другата поларност.
